Може да се извади Еуро 1 сертификат. Но колата треба да се сврти преку Бугарија. Односно Бугарска фирма да ја купи од Германската и потоа Бугарската да ви ја продаде во Македонија. Малце е посложено, но за поскапи коли се исплаќа. Секако постојат мал милион бугарски фирми во бугарија поседувани од Македонци па се наоѓа некој да заврши работа.
Овде се си во право така е, теоретски, во пракса е многу различно
Најпрвин знам дека има многу бугарски фирми од Македонци, ама никој нема да ти заврши работа за лепи очи. Бар јас немам таков билизок човек.
За да го купи тој возилото за тебе не сака да вложува од неговите финансии туку ке треба ти сумата за возилото да му ја префрлиш на неговата сметка за да тој го купи возилото во твое име, и тоа ке биде возило на негова фирма, така ке стои. Еве му текне не ги го препишува возилото, шо правиме.
Друго дури и да го направи тоа и да е се фер, самата услуга за да ти го купи возилото кошта 500 еур, транспортот до БГ околу 1000-1200 еур, + цена за еур1 сертификат кој би коштал 300-400 еур.
Севкупно на моево возило разлика со еур 1 беше околу 3000 еур, ако ги соберам трошковите за да го извадам ме коштаат околу 1500-2000 еур. И од искуството моментот кога влегов во Србија со ф-ктурата на возилот како сите тебе да те чекаат. Ахам скапо возило така ли, оди сега да видеш ти, мито вам онам, стопирање, малтрертирање итн итн. Мислам дека низ бугарија соогласно сумата на ова возило давачките и под рака ќе беше уште пострашно.
за Низ Бугарија има премногу "If" варијанти за потенцијална заштеда од 1000-1500 еур и доста чекање за пристигање на возилото со камион. И третата работа, не велам дека не го прифаќаат еур 1 сертификатот, ама секако сите знаеме мислам дека не е легитимен, и еве, пак пошо станува збор за вакво возило на царина бугарска се заинатат и земат да проверуваат и видат дека не е нешо легитимно, и право ти го запленуваат возилото. Мислам може некој да проба, ама мене не ми се ризикуваше. Да сум препорадавач или работам со тоа или некој ептен билозок да работи со тоа ајде вака, како општа странка премногу ризично.