Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 94539 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #405 на: 07 Март 2025, 13:52:25 pm »
Дефект со голфов изгледа многу го фалев.

Пред неколку денови на километража околу 171.ххх ми светна дека имам ниско ниво на антифриз. Дотурив и после некој ден пак истата приказна. Читав дека водната пумпа може да протекла ама отворив хауба и вака аматерски од око све беше суво барут.

Ја однесов на сервис и хладњакот протечел му дошло времето. Сменет со нов Nissens ваљда е ОК марка.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #406 на: 07 Март 2025, 13:57:22 pm »
Не проба со тие средствата за лепење хладњак или многу течеше?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #407 на: 07 Март 2025, 14:00:29 pm »
Многу. Прв пат ми сетна пред да идам на зимовање во Полска во Фебруари. Ама тие 2000км натаму и назад изгледа беа пресудувачки зошто после тоа губев литро антифриз после извозени 30км. Среќа немав дефект по пат и сега све е ОК.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #408 на: 07 Март 2025, 14:01:24 pm »
Јебига, тоа е, им се дешава и на најдобрите  :D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #409 на: 07 Март 2025, 14:35:38 pm »
Nissens ти е top-notch за хладњаци.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #410 на: 04 Јули 2025, 07:33:05 am »
Мај апдејт, пред некој ден редовен технички преглед поминато и платено данок за патишта. Подвозјето тип топ сеуште стегнато.

Моментално сум на 174к а сум прошол последнава година смешни 9к.

За жал рѓата полека почнува да се појавува на 5та врата, кај полумесеците по некоја точка или како меурчиња. Од друга страна пак на канал кога ја ставија подвозјето и самата шасија се многу добро заштитени од фабрика и нема никаква корозија фатено на самиот лим, но генерално квалитетот е под просек кога се работи надворешно дали е до квалитето на фарбање или каква заштита користат ВАГ но за жал ова е еден голем минус.


Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #411 на: 04 Јули 2025, 09:14:03 am »
@vlatko.klp гаранција немаш?
Кај шкода е 12 години гаранција т.е. ја кажуваат - 12 години заштита од корозија, каросерија целосно поцинкувана... што може да има некои финти за под кои услови важи...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #412 на: 04 Јули 2025, 10:20:04 am »
Мислам 10 години е гаранцијата и како што реков на тие делови во подвозје, доле кај шасијата све е покриено со некаков восок и нема никаква корозија. Но полумесеци, кај вратите доле на самите ивици се појавуваат меурчиња и тоа веќе е касно. Временските услови си го прават своето и ќе ми речат тоа е резултат од експлоатација.

Баш покасно ќе пуштам неколку слики.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #413 на: 04 Јули 2025, 10:32:00 am »
Неадекватна заштита на лимот не е до бојата однадвор, штом има меур на бојата од другата страна е х10 веќе заминат.
Можеби би можело да се превенира ако го знаеше потенцијалниот проблем кога ја земаше, да извадиш поткалници,пластики на петта врата итн и да премазиш со некоја од тие мрсните зашттити како маст шо се.
Јас мислам дека во самиот лим е проблемот не е доволно поцинкован или шо и да е.
Кај Ваг најчесто се примеќа и тоа и кај бајаги понови возила, корозија на хауба јавена од зуцки од камчиња. Голем дел од другите марки возат потчукнати без боја години па обично или немаат ништо или некоја блага површинска корозија ќе се појави.
« Последно менување: 04 Јули 2025, 10:38:40 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #414 на: 04 Јули 2025, 10:38:50 am »
До бојата е како не, ако квалитетот на фарбата и заштитата односно лакот не е добар квалитет тогаш доволно е со текот на времето мали количини вода, сол, песок, други нечистотии да се залепат, и влажноста си го прави своето.

Не се потресувам ич, ако планирам да ја возам подолг рок може ќе иде на фарбање на критични панели. Најважно е што подвозјето не корозира и лимот таму е во одлична кондиција.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #415 на: 04 Јули 2025, 13:21:06 pm »
Ставај гориво како и досега и гас. Јас би ја дотерал до 198ккм и би се поздравил со неа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #416 на: 04 Јули 2025, 13:47:09 pm »




Ставај гориво како и досега и гас. Јас би ја дотерал до 198ккм и би се поздравил со неа.
Веројатно така и ќе биде. Искрено највеќе ми е жал што времето си го прави своето а вакви возила во овој ценовен ранг повеќе нема. И по скоро 10 години вожњата е феноменална, многу неутрално стабилно комфорно возило без технички проблеми (ок освен хладњакот што се поеба зимоска). Све е внатре сеуште стегнато, завршна обработна на многу високо ниво а за да купиш денеска со приближно таков квалитет ќе треба дупло повеќе да платам од тоа што кога го купив голфот.