Автор Тема: Половен менувач за Поло 1,9 D (обичен дизел), 1999 г, 47 киловати  (Прочитано 752 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Како што гласи насловот, се бара половен менувач за Поло 1,9 D (обичен дизел), 47 киловати, произ 1999 година.

Препорачајте каде да се бара, за сега само неуспешни обиди во потрагата.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Провери.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Фала Рики, првиот го продал, а на вториот ќе му вртам утре, да не е доцна сега.

Едит: не ми се чекаше, се јавив, имал ама бил скршен малку кај ѕвоното, така да отпаѓа и тоа.

Да не те замарам, кажи ми каде ги гледаш огласите да барам и самиот, на реклама 5?
« Последно менување: 29 Август 2023, 21:16:25 pm Filip MK »
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Реклама 5
Од овие мора некој да има 😁.


Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Фала Рики за помошта, се најде менувач, им ги дадов контактите на мајсторите, они го демонтираа стариот и споредуваа со половните, знам дека имаа неколку неуспешни обиди (навидум тој менувач ама кога ќе споредена имаше разлика). Менувачот 200 е и работна рака 50 е + масло за менувач.

Дали е можно од маслото од расипаниот менувач што прскало доле, да се натопиле дисковите и плочките, многу слабо фаќа кочницата сега? Дали ќе се среди само од себе или ќе мора да се чистат, ако да, со што?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Може и при промена да не испуштиле воздух соодветно (ако е хидрауличен системот).

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Да не пишувам и отварам посебна тема. Колата ја возев локал и по мене беше ок. Дедо ми ја возеше на оптворено и има чувство дека со стариот менувач при брзина од 80-100 км/ч идел до околу 2000 обртаи, а дека со другиот менувач што му го ставија, истата брзина ја постигнува на 3000 обртаи.

Дали нешто треба и може да се штелува со новиот (половен) менувач?

Дали ова со обртаите е последица на тоа што цело подвозје и моторен простор беше испрскан со масло од менувачот, а со тоа и ламелата, па затоа на повисоки обртаи да „пролизгува“ ламелата, односно за иса брзина да требаат повеќе обртаи?
(Дента кога се случи тоа со менувалот едвај стигнавме до кај мајстор затоа што страшно пролизгуваше ламелата)

Дали може ламелата да се исчисти со break cleaner, најверојатно уште има масло на неа?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
Ako menuvacot e od polo benzinec, ako diferencijalot e smenet/od benzinec toj e soodnsot. Dizelot poradi vrtezniot moment ima daleku pogolem soodnos vrtezi na motor, menuvac, diferencijal otkolku benzinec.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Да не бил од 1.9тди претходниот менувач?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
@Deni Не не, фабрички си беше претходниот

@Luki Junior како што знам диференцијалот не е менуван, такво нешто не кажаа мајсторите, беше земен и платен само менувач

Не знам колку е достапен диференцијалот, во смисла, он да не е натопен со масло од расипаниот менувач па да пролизгува, дали е можно ова?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
Togas menuvacot ima drug soodnos na brzinite i verojatno e od benzinec kola stom ima tolku visoki vrtezi (i verojatno ima na site brzini ne samo na petta). Ne bi trebalo da e od prolizguvanje problem, zatoa sto ke prolizguva i mirisa na izgoreno vo site brzini.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Не е до пролизгување, како што спомна Луки, до односите во самиот менувач е.

По код може да е ист, односно part number да соодвествува, ама да се оснесува само на куќиштето од менувачот, а не на синхроните запчаници и запчаниците во диференцијалот.

На возила со преден погон, најчесто диференцијалот е во самиот менувач и кога се менуваат, се менуваат комплет.

Постои можност да се заменат само диференцијалите од стариот во новиот менувач, ама тоа ќе треба да го прави мајстор што сака да се позамара.

Сумаризација: не пролизгува ништо, односно не може да пролизгува толку константно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
100кмч е на 2600рпм на таа кола, не го гледам проблемот. На 2000 никогаш не бил освен на 1.9тди. Затоа и сомнителното прашање погоре, да не бил од 1.9тди.