Автор Тема: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром  (Прочитано 1366 пати)

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Имам пукнатина на шофершајбна на Suzuki S-Cross (2020). Неколку мајстори ми рекоа дека е премногу голема да се лепи и не се нафаќаат.

Имам две понуди за нови:

- од Миркат, овластен сервисер на Сузуки - 800 евра
- од Едел Пром и Еуро глас, Olimpia шофершајбна за 185 евра

Дали некој има искуство со Olimpia шофершајбни? Читам на интернет дека има голема разлика во квалитет, видливост, начин на кршње, безбедност, итн.
Конкретно за обој турскиов производител Olimpia, многу малку можам да најдам на нет, како да не се продаваат во Европа, можеби не задоволуваат стандарди за европски пазар? Успеав да најдам само дека во Русија дека ги продаваат и монтираат.

Не знам ни што да прашувам кај сервисриве, било каков совет би бил добредојден.

Поздрав.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #1 на: 22 Август 2023, 13:19:11 pm »
Јас ставив Олимпија од старт кога ја зедов колата, ја пукнав самиот, замисли. Ја сменав во едел-пром. Задоволен од услугата и монтажата, еве 9 години нема протечено.
За квалитет не можам да кажам многу, вака на око лежи совршено, никакви рефлексии и искривувања на погледот немам, здрава е и ми летнале некогаш некои поголеми качиња ама ништо не се скршило. До сообраќајка не сум стигнал...
Немам проблем со возење навечер, не носам ни наочари ниту леќи, засега...

Со оглед дека Рено се прави во турција ништо чудно Olympia да е и ОЕМ за шофершајбни тие таму што се прават.

Забелешка имам до Едел-пром во врска со сензорот за дожд/светлина, „ѓупски“ беше нанесен гелот во вид на лепенка а не течност и не е како оригиналниот совршен. Зависи од возилото ова не е проблем кај некои пошто самата шофершајбна иди со сензор(и).

Да си ја смениш за 185€, ако веќе ти плаќаш, ќе го нема само сузуки логото, ќе пишува Olympia.
Најбитно e да биди и фабрички затемнета ако веќе е и твојата, а ако не е, поубо е да си најдиш таква.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #2 на: 22 Август 2023, 13:26:55 pm »
Татко ми стави, додуша на опел. 50 евра.

Ти возиш кола, со греачи во стаклата.
Прашај и во Новус, и во Грција во некои фирми.
Сепак е 3 год старо возило.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #3 на: 22 Август 2023, 13:32:53 pm »
Со каското нема да ти ја променат шофершајбната?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #4 на: 22 Август 2023, 14:04:46 pm »
Ако имаш пари, тури оригинална.

И јас сменив во Едел Пром на Меганот, не ми текнува марката, но мислам британска или белгиска дека беше.
Веднаш приметив дека затемнетоста не беше иста, а богами и колата стана потопла летно време, но во тоа време не знаев дека фабричката затемнетост има улога во загревање во кабината.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #5 на: 22 Август 2023, 14:45:49 pm »
Имам пукнатина на шофершајбна на Suzuki S-Cross (2020). Неколку мајстори ми рекоа дека е премногу голема да се лепи и не се нафаќаат.

Имам две понуди за нови:

- од Миркат, овластен сервисер на Сузуки - 800 евра
- од Едел Пром и Еуро глас, Olimpia шофершајбна за 185 евра

Дали некој има искуство со Olimpia шофершајбни? Читам на интернет дека има голема разлика во квалитет, видливост, начин на кршње, безбедност, итн.
Конкретно за обој турскиов производител Olimpia, многу малку можам да најдам на нет, како да не се продаваат во Европа, можеби не задоволуваат стандарди за европски пазар? Успеав да најдам само дека во Русија дека ги продаваат и монтираат.

Не знам ни што да прашувам кај сервисриве, било каков совет би бил добредојден.

Поздрав.

Jас како пицајзла и тупаџија кога станува збор за работење на кола, од ЕДЕЛ ПРОМ (EDEL-PROM) имам само најпофални зборови.
Прво: Луѓето менуваат дневно по 20+ шофершајбни. Искуството е неминовно. Скапи и нови возила.
Професионално си ја вршат работата.
Најбитно ми е кога колата ја носам на сервис да ја земам во состојба како што сум ја однел.
Чист волан, чиста квака, се што е извадено да е вратено на свое место.
Во спомнатата фирма тоа беше баш така како што го кажав.
Ретко во МКД да се најде компанија која работи на ниво на висок квалитет.
Не станува збор за една него за повеќе од 5 заменети шофершајбни.
Секоја препорака.

Инаку, Олимпиа е бренд кој прави и шофершајбни за прво вградување.
Барем 3 од вградените биле од Олимпиа и немало, ими можеби имало минимална разлика со оригиналната (фабричката) шофершајбна.
Да ја нема налепницата дека шофершајбната е заменета во ЕДЕЛ Пром, ти гарантирам дека нема да се познае дека е менувана.

А еве ти и сајт од фабриката:

https://www.olimpia.com.tr/en/products/tempered-glass/passenger-cars

едит:

Јас секогаш би ги избрал Едел пред било кој друг сервис, па макар тоа било и официјален сервис за возилото. Зошто?
Затоа што во сервисот на Сузуки убеден сум дека досега имаат сменето не повеќе од 5 шофершајбни.
Ако некој ме чита од кај нив, нека ме демантира.
А овие менуваат 5 за само четврт работен ден.
Па сега ти види.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #6 на: 22 Август 2023, 15:52:20 pm »
Со каското нема да ти ја променат шофершајбната?

Замисли првите две години земав каско, третава не земав. Се мислам да одам да пробам да земам, може нема да приметат дека е пукната :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #7 на: 22 Август 2023, 17:34:08 pm »
Ако не ти ја проверуваат колата и сакаш оригинал со сузуки лого терај ја работата, ако не со парите од каското за сат-два време ќе завршиш работа во Едел-пром.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 189
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #8 на: 22 Август 2023, 17:39:27 pm »
надвор од конкретниов случај но сепак е на темата со шофершајбни, освен овие турскиве еделпром монтираат и некои кинески па ако има некој искуство и со таа марка нека сподели искуство бидејќи се доста по ефтини од турските олимпиа или пелинктон?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #9 на: 22 Август 2023, 18:20:32 pm »
Да дополнам од погоре кажаното за шофершајбната од Едел Пром.

Немав замерка за сработеното.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #10 на: 22 Август 2023, 18:49:16 pm »
Дали доби цена само за стаклото од Миркат? Па да ти го достават до Едел Пром?

Дали си се заинтересирал да прашаш цени во Србија/Грција?

Ова зборам ако ептен не сакаш да ставиш стакло што не е OEM.

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #11 на: 22 Август 2023, 19:10:57 pm »
Ужасно искуство, си ја мразам колата од денот кога ставив шофершајбна во едел пром, тулумби и баклави може да прават добри, стакла НЕ. Стави си оригинал, не експериментирај. Јас во едел никогаш повеќе.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #12 на: 22 Август 2023, 19:29:37 pm »
Ужасно искуство, си ја мразам колата од денот кога ставив шофершајбна во едел пром, тулумби и баклави може да прават добри, стакла НЕ. Стави си оригинал, не експериментирај. Јас во едел никогаш повеќе.
Сработеното или стаклото?

Мислам дека би поднел полошо стакло доколку убаво ја завршат работата, отколку убаво стакло фушерајски сработено.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2662
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #13 на: 22 Август 2023, 20:04:13 pm »
Со каското нема да ти ја променат шофершајбната?

Замисли првите две години земав каско, третава не земав. Се мислам да одам да пробам да земам, може нема да приметат дека е пукната :)
Stom imas prekin vo kaskoto togas za obnova obicno baraat da ja slikas kolata komplet.
Edino ako imas da ti zavrsi rabota nekoj so osiguranjava sto raboti nekako da ja protnes...

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Одг: Искуство со турски Olimpia шофершајбни од Едел Пром
« Одговори #14 на: 22 Август 2023, 21:18:31 pm »
Ужасно искуство, си ја мразам колата од денот кога ставив шофершајбна во едел пром, тулумби и баклави може да прават добри, стакла НЕ. Стави си оригинал, не експериментирај. Јас во едел никогаш повеќе.
Сработеното или стаклото?

Мислам дека би поднел полошо стакло доколку убаво ја завршат работата, отколку убаво стакло фушерајски сработено.
[/q

70/30 стакло/сработено