Што ми е потребно за промена на нова адреса на лична карта?
https://mvr.gov.mk/upravni-rab/10Замена на лична карта со промена на адреса
· Барање
· Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал
· доказ за сопственост на станот на кој се пријавува живеалиштето,
· - договор за закуп на станот на кој се пријавува живеалиштето склучен во писмена форма и заверен од нотар,
· - договор за послуга склучен во писмена форма и заверен од нотар,
· - договор за доживотна издршка склучен во писмена форма и заверен во согласност со закон, со кој се воспоставува заедница на живот на давателот и примателот на доживотната издршка,
· - писмена потврда издадена од општината, со која се потврдува постоење бесправно изграден објект за живеење на кој не му е утврден правниот статус (со или без поднесено барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект), со наведување постојна улица и број а, доколку ја нема, се наведува најблиската улица,
· - решение за данок на имот за станбен објект во кој граѓанинот живее и доказ за платен данок за имот за наведениот објект,
· - писмено известување за граѓанинот од социјалната, односно здравствената установа во која е сместен, во кое се наведува адресата на установата и целта поради која се дава известувањето или
· -писмено известување за бездомник од надлежниот центар за социјална работа до Министерството за внатрешни работи.
· Старата лична карта