Имав закажано од летоски за нова возачка. И старата ми е новите, со ознака Стар Ворс Македонија, ама заради промена на адреса.
Истовремено имав закажано и за пасош.
Уште летоски ми закажаа за после многу месеци.
Во меѓувреме работите излегоја од контрола (не дека некогаш биле во контрола) и ги поништија тие термини и почнаа да се јавуваат за нови термини.
Ми закажаа за возачка за денес во Пролет, а за пасош папала маца, ерор 404.
Ајде јово на ново по телефоните, закажав за во јули, во МТВ

Нема шо да излегвам јас од татковината, јас патриот сум.
Одам денес во Пролет да се сликам за возачката, доаѓам на ред... сликарот ми вика:
- Не можи овде, со Стар Ворс Македонија ти е возачката, треба во МТВ да се сликаш за нова.
Си ја зедов, опцув неколку пати во умот и си заминав, нема резон било што да се комрнтира.
Ќе чекаме подобри времиња.
Живеел некој мал црв во канализација и врска немал дека некои други живеат поинаку. Еден ден нашол стар весник, почнал да чита, да чита, па запрепастено го прашал татко му:
- Тато, вистина ли е дека постојат црви кои живеат во јаболка?
- Точно е, сине – одговорил татко му.
- А точно ли е дека некои црви живеат во месо?
- И тоа е точно, срце татино.
- А ги има и во саламите...
- Ги има, дете мое, ги има...
- Па зошто, тогаш, ние живееме во овие гомна?
- Зашто, сине мој, ова е нашата ТАТКОВИНА!