Ја на времето имам отидено на термин за редовна постапка, ама исто беше некоја фрка и ми требаше брзо пасош, а не после 3 месеци, па пред да се сликам доплатив (те у банка тогаш со уплатници беше) и му ја дадов уплатницата на тој што ме сликаше. Не ми направи проблем, и го добив пасошот за 2-3 дена.
Како што читам по вестиве на нет, нема обрасци, ама деновиве треба да стигне пратка од 150К-200К па ќе принтаат у велико. Реално случај како твојот не верувам дека им е предвиден, па освен некој да се јави и да ургира за тој пасош, по нормално пропишана постапка нема начин да се изведе тоа што сакаш.