Севернистан не треба ни да постои веќе. Ние не заслужуваме да имаме држава.
А таман те пофалив во другана тема...
Татковина си е татковина.
Го разбирам гневот на сите, заради тоа што нѝ се случува како општество.
АМА, ниту еднаш не сум фрлил лош збор за татковината, ниту планирам.
Уште помалку да се откажам или да се чувстувам себе си како безвреден т.е. дека не заслужувам...
Таквите зборови се за тие што само цицаат, а ништо не придонесуваат.
Не за мене (а веројатно ни за тебе, само, те разбирам - лут си).
Што подразбираш под татковина?
Ако си роден во Лариса 1901 година, која ти е татковина? Грција или Македонија? (Пред етничкото чистење)
Ако си роден во Призрен во 1995та година која ти е татковина? Косово или Србија? (Пред било какви муабети за отцепување)
Ако си роден во Крим во 1948ма година која ти е татковина? Русија или Украина? (Пред Русија да и го поклони на Украина)
Ако си роден во Скопје 1978ма година која ти е татковина? (Додека сеуште сите бевме Југословени)
Ако си роден во Македонија во 2022ра во Дебар, која ќе ти е татковина во 2055та? (Македонија или Илирија)