Автор Тема: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks  (Прочитано 3244 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #15 на: 19 Август 2023, 13:15:59 pm »
Одличен избор, да ти е мерак да ја возиш и гледаш !!!

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1659
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #16 на: 19 Август 2023, 15:22:24 pm »
Со здравје да се вози.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #17 на: 19 Август 2023, 19:38:06 pm »
бомбона ауто... бомбона.

да не го земев ц3-чето, вакво ми беше еден од наредниоте избори. allure опрема наместо GT line, таман ќе ми беше  :)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1612
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #18 на: 20 Август 2023, 23:36:34 pm »
18+, порнографија :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #19 на: 21 Август 2023, 09:23:17 am »
Убаво возило создравје да се вози и само убавини

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #20 на: 21 Август 2023, 10:21:49 am »
Убаво ауто, многу добро опремено и посебно ми се допаѓа моментот дека се седи малце повисоко од обично и дека седиштата се за покрупни луѓе. Дефинитивно топ избор за градско ауто кое добро иде и на отворен пат.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #21 на: 21 Август 2023, 11:56:33 am »
Убаво ауто, многу добро опремено и посебно ми се допаѓа моментот дека се седи малце повисоко од обично и дека седиштата се за покрупни луѓе. Дефинитивно топ избор за градско ауто кое добро иде и на отворен пат.

Tи си исклучок, тесно ќе ти е и во:


Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #22 на: 07 Септември 2023, 20:32:04 pm »
Еден апдејт околу потрошувачката на овој мотор. Релација е до Црна Гора и назад, преку Косово и Албанија.

Вкучува комбинирана вожња автопат, регионален пат, градска и чекање на граници. Возено со вклучена клима.

5.4 литри на 100км.


Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #23 на: 15 Август 2024, 22:14:13 pm »
Мал апдејт на темава. Колата е на продажба, во пефректна состојба без грепка, гаражирана, со 12.500км. Под фабричка гаранција до јули 2027.

Редовен сервис и регистрација само што направени така да кој ја земе мирен е година дена.

Се продава поради потреба од поголема. За цената е секако можен договор.



https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=5069726

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 914
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #24 на: 16 Август 2024, 09:46:09 am »
Мал апдејт на темава. Колата е на продажба, во пефректна состојба без грепка, гаражирана, со 12.500км. Под фабричка гаранција до јули 2027.

Редовен сервис и регистрација само што направени така да кој ја земе мирен е година дена.

Се продава поради потреба од поголема. За цената е секако можен договор.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=5069726


Многу си се потрудил за огласов, вакви огласи не продаваат коли кај нас :) стави таму "Peugeot 208 neuvezuvana kontakt 07XXXXXXX", очигледно така треба.

Со среќа продажбата, убаво количе.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #25 на: 17 Август 2024, 02:42:54 am »


Многу си се потрудил за огласов, вакви огласи не продаваат коли кај нас :) стави таму "Peugeot 208 neuvezuvana kontakt 07XXXXXXX", очигледно така треба.

Со среќа продажбата, убаво количе.

Ти благодарам. Колата со мерак е бирана и чувана па сакав така да изгледа и огласот.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1882
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #26 на: 17 Август 2024, 06:54:51 am »
Ако се отвори линкот од огласот убаво се е објаснато но ние не сакаме да читаме гледаме наслов па така и во заблуда се доведуваме во огласот е опишано со во врска со колата. Убаво количе со само 13-14 месеци старо или возено со што е и ниво мене ме интерсира ако цената од огласот е таа тогаш дали ова возило е некаде од 25до27,8 илјади евра ново да се купи од салон на сајтот на Пежо немаат цени како и да е многу убаво количе на лик но колку практичност поседува бидејки е со 5 врати колку му е носивост како се носи во зимни услови потрошувачка и етц на лик многу убаво. Со здравје продажба и поубаво да се купи претпостсвувам СУВОТ 2008 ?

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 914
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #27 на: 17 Август 2024, 07:57:31 am »


Многу си се потрудил за огласов, вакви огласи не продаваат коли кај нас :) стави таму "Peugeot 208 neuvezuvana kontakt 07XXXXXXX", очигледно така треба.

Со среќа продажбата, убаво количе.

Ти благодарам. Колата со мерак е бирана и чувана па сакав така да изгледа и огласот.

Знам, те разбирам скрос само се зезав малце, пошто исто ги пишував и јас огласите сега брзо

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #28 на: 17 Август 2024, 22:33:49 pm »
Ако се отвори линкот од огласот убаво се е објаснато но ние не сакаме да читаме гледаме наслов па така и во заблуда се доведуваме во огласот е опишано со во врска со колата. Убаво количе со само 13-14 месеци старо или возено со што е и ниво мене ме интерсира ако цената од огласот е таа тогаш дали ова возило е некаде од 25до27,8 илјади евра ново да се купи од салон на сајтот на Пежо немаат цени како и да е многу убаво количе на лик но колку практичност поседува бидејки е со 5 врати колку му е носивост како се носи во зимни услови потрошувачка и етц на лик многу убаво. Со здравје продажба и поубаво да се купи претпостсвувам СУВОТ 2008 ?

Цената ја поставив складно со тековните цени на огласи за овој модел кај нас, а и регионално во држави кои имаат слични давачки. Споредено со mobile.de е доста поефтино огласено, така да 208 од увоз, а да не е некое хаварисано или утепано во рента нема шанси ни приближно со ваква цена да биде. Со ваква километража и состојба се буквално тест-возилата кои ги продаваат авто-салоните. Колата е и само што регистрирана и на неа е доплатена продолжена гаранција кои ќе се пренесат на новиот сопственик. По мене цената е фер, плус не е фиксна и е предмет на договор.

Моторот ја носи каросеријата со леснотија, споредбено со претходната кола што ја имав (Polo 1.0TSI, исто 3 цилиндарски турбо бензинец) приметно e по еластичен, a сигурно е и од било кој атмосферец во оваа класа. Истиот тој мотор оди и во големите СУВ модели на Пежо (5008,3008) и лимунзини (508) така да за оваа каросерија е идеален и со 6 брзински менувач и на автопат се патува изненадувачки пријатно и тивко.

Потрошувачката комбинирана на последни 10.000км мене ми е 6.2л со тоа што доста од тоа е и градска. Неколку пати имам одено регионално вон МК и тогаш троши околу 5-5.5л. Зимно време немаше некој голем снег, но колава е релативно лесна и би требало на снег со зимски гуми да движи без проблем. Бидејќи истиов 208 го има и како електрично возило колава е повисока од просечно градско возило што е плус за снежни навеи и градска вожња (тротоари, дупки и сл).

Гепекот е во рамките на класата, поголем од јапонските конуренти (Yaris, Swift, Mazda2), а помал е од Fabia и Honda Jazz.

Уште една позитива за 208 е што одржувањето во Euroimpex е доста ефтино. (првиот сервис ме чинеше 4500ден, вториот 8000ден). За разлика од него за VW Polo плаќав по 10-11.000ден сервис и тоа беа цени пред ковид, сега веројатно е уште поскапо.

А за замена, сеуште оддолевам на трендот на СУВ. Веројатно ќе биде хечбек, 2-3 се во потесен круг

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1612
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #29 на: 18 Август 2024, 08:36:15 am »
Цената е одлична, верувам дека околу 18 ти е замислено. Се движиш на ниво на ново ентри левел од било кој производител, а ќе добијат одличен пакет на возило. Со лесно продажбата, верувам дека брзо ќе отиде кај нов сопственик.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk