Ако се отвори линкот од огласот убаво се е објаснато но ние не сакаме да читаме гледаме наслов па така и во заблуда се доведуваме во огласот е опишано со во врска со колата. Убаво количе со само 13-14 месеци старо или возено со што е и ниво мене ме интерсира ако цената од огласот е таа тогаш дали ова возило е некаде од 25до27,8 илјади евра ново да се купи од салон на сајтот на Пежо немаат цени како и да е многу убаво количе на лик но колку практичност поседува бидејки е со 5 врати колку му е носивост како се носи во зимни услови потрошувачка и етц на лик многу убаво. Со здравје продажба и поубаво да се купи претпостсвувам СУВОТ 2008 ?
Цената ја поставив складно со тековните цени на огласи за овој модел кај нас, а и регионално во држави кои имаат слични давачки. Споредено со mobile.de е доста поефтино огласено, така да 208 од увоз, а да не е некое хаварисано или утепано во рента нема шанси ни приближно со ваква цена да биде. Со ваква километража и состојба се буквално тест-возилата кои ги продаваат авто-салоните. Колата е и само што регистрирана и на неа е доплатена продолжена гаранција кои ќе се пренесат на новиот сопственик. По мене цената е фер, плус не е фиксна и е предмет на договор.
Моторот ја носи каросеријата со леснотија, споредбено со претходната кола што ја имав (Polo 1.0TSI, исто 3 цилиндарски турбо бензинец) приметно e по еластичен, a сигурно е и од било кој атмосферец во оваа класа. Истиот тој мотор оди и во големите СУВ модели на Пежо (5008,3008) и лимунзини (508) така да за оваа каросерија е идеален и со 6 брзински менувач и на автопат се патува изненадувачки пријатно и тивко.
Потрошувачката комбинирана на последни 10.000км мене ми е 6.2л со тоа што доста од тоа е и градска. Неколку пати имам одено регионално вон МК и тогаш троши околу 5-5.5л. Зимно време немаше некој голем снег, но колава е релативно лесна и би требало на снег со зимски гуми да движи без проблем. Бидејќи истиов 208 го има и како електрично возило колава е повисока од просечно градско возило што е плус за снежни навеи и градска вожња (тротоари, дупки и сл).
Гепекот е во рамките на класата, поголем од јапонските конуренти (Yaris, Swift, Mazda2), а помал е од Fabia и Honda Jazz.
Уште една позитива за 208 е што одржувањето во Euroimpex е доста ефтино. (првиот сервис ме чинеше 4500ден, вториот 8000ден). За разлика од него за VW Polo плаќав по 10-11.000ден сервис и тоа беа цени пред ковид, сега веројатно е уште поскапо.
А за замена, сеуште оддолевам на трендот на СУВ. Веројатно ќе биде хечбек, 2-3 се во потесен круг