Автор Тема: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks  (Прочитано 3230 пати)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« на: 18 Август 2023, 22:19:25 pm »
Една година од како сум сопственик редно е да је претставам и мојата кола.

Станува збор за Peugeot 208 во GT line пакет со 1.2 турбо мотор од 100кс и 205Nm при 1750 вртежи и мануелен 6 брзински менувач.

Колата е купена по порачка од Еуроимпекс и за 6 месеци пристигна во МК.

Овој пакет доаѓа со доста сериска опрема за градска кола:

- FULL LED задни и предни светла со лупа, автоматски го спуштаат снопот
- Line-assist одржување на трака
- преден радар за детекција препреки со автоматско кочење
- препознавање на сообраќајни знаци
- сензори за паркирање 360°
- рикверц камера
- темпомат
- виртуелни иструменти со 3д ефект
- навигација
- 10 инчен инфодисплеј со 6 звучници (Bluetooth/Android auto/ Apple Car play)
- 4 УСБ приклучоци (2 напред + 2 позади) + 12v
- автоматски клима уред
- црно небо
- амбиентално осветлување во 8 бои низ табла и врата
- oсветлување кај нозете, осветлување од ретровизорот кон прилазот на предните врати
- 17 инчни алуминиумски фелни со аеро додатоци на Michelin Primacy 4 гуми
- ГТ спојлер, црни пиано финиш лакови околу гумите и црно лакирани елементи на маската, задниот браник и рамките на прозорите
- затемнети задни стакла
- спортски алуминиумски педали и прагови на вратите со ознаки ГТ низ кабината
- затемнети задни стакла
- спортски седишта подесиви по висина, заштитна пластика на задниот дел и остава
- самозатемнувачки среден ретровизор
- електро-преклопиви ретровизори
- изофикс напред и 2 позади
- акустични стакла со дупли кедери на вратите
- обложени панели на предни и задни врати
- затворена преграда во средна конзола
- стар-стоп систем
- хил-холдер
- делива задна клупа
- осветлување на кабина напред+позади на допир
- детекција на слаб пневматик
- кожен мултифункционален волан
- средишен наслон за рака
- Eco/Normal/Sport модови на возење
- старување на копче
- автоматска рачна
- наслон за раце подесив по должина со остава
- резервно тркало во полни димензии


Еве и некои слики:

































За колата земав и оригинални сигурносни шрафови и нанесена е крамичка заштита од Gyeon.

После една година возење импресиите од колата се доста позитивни. Колата се вози многу релаксирано и лесно. Тивка е, моторот е доста еластичен и добро изолиран. Суспензијата е меко подесена и “удобна” ако се земат во обзир лимитите на торзија позади и пократко меѓуоскино растојание. Доста лесно менува правец. Простор напред има и повеќе од доволно, се седи малку повисоко од стандарден градски хечбек. Седиштата се профилирани за покрупни луѓе. Кога се вози колата оддава впечаток на поголема полуксузна кола. Поради малиот волан многу бргу и лесно се паркира и маневрира во тесни простори. Ја имам возено на тури од по 800км и воопшто не заморува, делумно поради меката суспензија и добрата изолација, а делумно и поради мноштвото помошни системи. Просечната комбинирана потрошувачка мене ми е 5.5 литри.

Во некои елементи сум изненаден од Пежо, во класа на мало градско возило колата доаѓа со 4 диск кочници, алуминиумска хауба, шусплех под моторот и кабината, дупли кедери на вратите, наслони за раце на вратите прошиени во еко кожа, табла од мека пластика, остави во внатрешноста кабината кои се затвараат а не празни дупки и генерално мноштво ситници кои ретко се нудат во Б сегмент. Менувачот е лесен и релативно прецизен. Држачите за чаши се поставени на нормално употребливо место, а не на под како кај мноштво градски коли. Вратите се затвораат масивно, и го имаат оној момент на дупло колено кога самите пружаат отпор да се затворат (ги спомнувам овие детали зошто сите тие фалеа во VW Полото кое претходно го имав а истото е директен конкурент и актуелен модел)

Од негативни страни би рекол поради компромисот на мека суспензија не и баш одговара динамично возење а и просторот и пристапот на задната клупа би можел да подобар. Гепекот исто така е просечен и нема дупло дно. Прегледноста наназад поради дизајнот и затемнетите стакла е нарушена но тоа го решаваат големите ретровизори, рикверц камерата и сензорите.

Колата ја истера првата година без проблем. Сервисите и деловите во Еуроимпекс се релативно ефтини и односот им е сосема во ред.

Ако некого нешто го интересира може да праша.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #1 на: 18 Август 2023, 22:21:44 pm »
Мерачко количе. Да му се изнавозиш, честитки!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #2 на: 18 Август 2023, 22:40:42 pm »
Прекрасна кола и боја и опрема и менувач! Браво! Со здравје да се вози!

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #3 на: 18 Август 2023, 22:49:23 pm »
Прекрасна кола и боја и опрема и менувач! Браво! Со здравје да се вози!

Нели грев беше нова кола мануелен менувач. Од кај сега ова дека е прекрасен? 😄

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #4 на: 18 Август 2023, 22:50:44 pm »
Прекрасна кола и боја и опрема и менувач! Браво! Со здравје да се вози!

Нели грев беше нова кола мануелен менувач. Од кај сега ова дека е прекрасен?
Ауууу колкава ручкааа! Искрено автоматик мислев дека е. Вајстину е мануал! Око соколово!

Барем е убава!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #5 на: 18 Август 2023, 23:02:48 pm »
Убо количе, само незнам зошто над тркала исфарбале со црно, личи како да е офф роуд модел т.е повисока од што е.

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #6 на: 18 Август 2023, 23:28:38 pm »
Бомбонче, и браво за бојата.
Да си ја извозиш со здравје.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2659
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #7 на: 18 Август 2023, 23:59:17 pm »
Bojata e em najpogodena za 208 em doaga gratis bas taa :)
So zdravje da se vozi, go imam istoto vo familija samo edno nivo na oprema pod GT ne mi teknue kako bese nekoe megu nivo na oprema.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3997
  • MadaFunker
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #8 на: 19 Август 2023, 00:28:49 am »
Убоо на слики а и во живо, ко да те видов денес ТЕ-СК? :)
New blood of old school

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #9 на: 19 Август 2023, 01:01:27 am »
Фала на сите

Ауууу колкава ручкааа! Искрено автоматик мислев дека е. Вајстину е мануал! Око соколово!

Барем е убава!

Шест степен мануел е да. И јас би сакал да е автоматик, 208 доаѓа со 8 степен автоматик од Aisin истиот што оди и во сите други модели па и 508. Веројатно и затоа е скапа доплатата од околу 2500евра со што колата автоматски доаѓа во ценовен ранг на солидно опремена 308. За мене немаше логика да платам толкава сума за градска кола а од опрема не сакав да се откажам па некаде мораше да се направи компромис. Инаку стварно голема рачка, и јас прво тоа приметив кога влегов во ентериетот, ја фаќаш со цела шака. Но ергономски е многу добро поставена зошто од воланот е на само една педа поради издигнатата централната конзола а ниско поставениот волан.

Убо количе, само незнам зошто над тркала исфарбале со црно, личи како да е офф роуд модел т.е повисока од што е.

Намерно така ги имаат изведено во чест на 205 гти кој доаѓаше со такви лакови крај на 80тите. И делот на Ц столбот со GT натпис е во чест на 205ката.



Инаку не само ради црните лаци, туку добро си приметил колата малку оддава впечаток на оф-роад кола. Тоа е и делумно зошто е малку по издигната од другите градски коли со повисоки врати и "нос" зошто истиот 208 го прават и како фул-електричен со 400km домет. Мора некаде да се направи простор за толкава батерија а пак да остане кабината иста. Затоа и бензинската верзија е малку по тумпуреста.

Bojata e em najpogodena za 208 em doaga gratis bas taa :)
So zdravje da se vozi, go imam istoto vo familija samo edno nivo na oprema pod GT ne mi teknue kako bese nekoe megu nivo na oprema.

 Да, жолта металик е сериска, дури и обична бела е доплата. Фала уште еднашка за советите пред да се одлучам за 208.

Убоо на слики а и во живо, ко да те видов денес ТЕ-СК? :)

Ти благодарам. Друга некоја е, немам досега одено за Тетово со колава. Генерално има доста 208-ци продадено. Во Европа 2 години по ред беше најпродавана кола во сите категории.
« Последно менување: 19 Август 2023, 01:07:23 am AND_031 »

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #10 на: 19 Август 2023, 08:30:03 am »
Настрана шалата за менувачот, опремава стварно е топ.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #11 на: 19 Август 2023, 09:19:44 am »
Прекрасно возило со здравје да си го возиш

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #12 на: 19 Август 2023, 09:22:16 am »
Кукла! Со здравје и со мерак да си ја возиш колата!

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #13 на: 19 Август 2023, 10:20:58 am »
Прекрасна кола и боја и опрема и менувач! Браво! Со здравје да се вози!

Нели грев беше нова кола мануелен менувач. Од кај сега ова дека е прекрасен? 😄
Остај го , во пежо 3 цилиндри турбо браво супер, тси 3 цилиндри турбо срање големо според него, оди разбери го.
« Последно менување: 19 Август 2023, 10:50:49 am Aleksandar90 »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Peugeot 208 GT mk2 1.2 PureTech 100ks
« Одговори #14 на: 19 Август 2023, 11:22:27 am »
Прекрасна кола и боја и опрема и менувач! Браво! Со здравје да се вози!

Нели грев беше нова кола мануелен менувач. Од кај сега ова дека е прекрасен?
Остај го , во пежо 3 цилиндри турбо браво супер, тси 3 цилиндри турбо срање големо според него, оди разбери го.
Каде сум пишал браво супер за моторот кај пежово?