Една година од како сум сопственик редно е да је претставам и мојата кола.
Станува збор за
Peugeot 208 во GT line пакет со 1.2 турбо мотор од 100кс и 205Nm при 1750 вртежи и мануелен 6 брзински менувач.
Колата е купена по порачка од Еуроимпекс и за 6 месеци пристигна во МК.
Овој пакет доаѓа со доста сериска опрема за градска кола:
- FULL LED задни и предни светла со лупа, автоматски го спуштаат снопот
- Line-assist одржување на трака
- преден радар за детекција препреки со автоматско кочење
- препознавање на сообраќајни знаци
- сензори за паркирање 360°
- рикверц камера
- темпомат
- виртуелни иструменти со 3д ефект
- навигација
- 10 инчен инфодисплеј со 6 звучници (Bluetooth/Android auto/ Apple Car play)
- 4 УСБ приклучоци (2 напред + 2 позади) + 12v
- автоматски клима уред
- црно небо
- амбиентално осветлување во 8 бои низ табла и врата
- oсветлување кај нозете, осветлување од ретровизорот кон прилазот на предните врати
- 17 инчни алуминиумски фелни со аеро додатоци на Michelin Primacy 4 гуми
- ГТ спојлер, црни пиано финиш лакови околу гумите и црно лакирани елементи на маската, задниот браник и рамките на прозорите
- затемнети задни стакла
- спортски алуминиумски педали и прагови на вратите со ознаки ГТ низ кабината
- затемнети задни стакла
- спортски седишта подесиви по висина, заштитна пластика на задниот дел и остава
- самозатемнувачки среден ретровизор
- електро-преклопиви ретровизори
- изофикс напред и 2 позади
- акустични стакла со дупли кедери на вратите
- обложени панели на предни и задни врати
- затворена преграда во средна конзола
- стар-стоп систем
- хил-холдер
- делива задна клупа
- осветлување на кабина напред+позади на допир
- детекција на слаб пневматик
- кожен мултифункционален волан
- средишен наслон за рака
- Eco/Normal/Sport модови на возење
- старување на копче
- автоматска рачна
- наслон за раце подесив по должина со остава
- резервно тркало во полни димензии
Еве и некои слики:
За колата земав и оригинални сигурносни шрафови и нанесена е крамичка заштита од Gyeon.
После една година возење импресиите од колата се доста позитивни. Колата се вози многу релаксирано и лесно. Тивка е, моторот е доста еластичен и добро изолиран. Суспензијата е меко подесена и “удобна” ако се земат во обзир лимитите на торзија позади и пократко меѓуоскино растојание. Доста лесно менува правец. Простор напред има и повеќе од доволно, се седи малку повисоко од стандарден градски хечбек. Седиштата се профилирани за покрупни луѓе. Кога се вози колата оддава впечаток на поголема полуксузна кола. Поради малиот волан многу бргу и лесно се паркира и маневрира во тесни простори. Ја имам возено на тури од по 800км и воопшто не заморува, делумно поради меката суспензија и добрата изолација, а делумно и поради мноштвото помошни системи. Просечната комбинирана потрошувачка мене ми е 5.5 литри.
Во некои елементи сум изненаден од Пежо, во класа на мало градско возило колата доаѓа со 4 диск кочници, алуминиумска хауба, шусплех под моторот и кабината, дупли кедери на вратите, наслони за раце на вратите прошиени во еко кожа, табла од мека пластика, остави во внатрешноста кабината кои се затвараат а не празни дупки и генерално мноштво ситници кои ретко се нудат во Б сегмент. Менувачот е лесен и релативно прецизен. Држачите за чаши се поставени на нормално употребливо место, а не на под како кај мноштво градски коли. Вратите се затвораат масивно, и го имаат оној момент на дупло колено кога самите пружаат отпор да се затворат (ги спомнувам овие детали зошто сите тие фалеа во VW Полото кое претходно го имав а истото е директен конкурент и актуелен модел)
Од негативни страни би рекол поради компромисот на мека суспензија не и баш одговара динамично возење а и просторот и пристапот на задната клупа би можел да подобар. Гепекот исто така е просечен и нема дупло дно. Прегледноста наназад поради дизајнот и затемнетите стакла е нарушена но тоа го решаваат големите ретровизори, рикверц камерата и сензорите.
Колата ја истера првата година без проблем. Сервисите и деловите во Еуроимпекс се релативно ефтини и односот им е сосема во ред.
Ако некого нешто го интересира може да праша.