Ајде малце да се уозбилиме. Значи до сега се реши следново.
- Аутоматик
- Е Класа е по удобно и по големо возило од А5, соодветно на тоа и по комфорно за патување.
- 190-200кс се повеќе од доволни за секој вид на патување доколку не си љубител на динамично возење. Истото важи и за задниот погон, скроз ОК е.
- Адаптивен темпомат мора, некој ќе рече дека сака да вози и се живее и без тоа, тој ќе лаже. Не ни погледнуј настаро кола за толку пари а да нема ова.
- ЛЕД Предни светла мора (ама ова го имаат малтене сите)
- Под 100ккм (проверка во овластен доколку дозволуваат)
- Прв сервис се прави во овластен за да се запише во серверот кој е нов сопственик и доколку има рикал да го добиеш писмото а често има и гаранција на добра воља, па знае да се најде.