Точно така, кому му се свиѓа нека си купи, пак ќе му честитам и ќе речам со здравје да се вози, ама за среќа или несреќа сум имал можност да работам со Tier 2 добавувачи во автомобилска индустрија од Кина, и знам како земаат сертификати и знаат да мачкаат очи. Но факт е дека кога тогаш, порано или покасно ќе научат, сега сеуште се во фаза на reverse engineering на германски и јапонски возила.
Да ги споредуваме уште од сега само на база на цена и на “материјали добри на допир” е несериозно. Ако купуваш бар побарај им ASPICE и functional safety ISO26262 сертификат за системот за воздушни перничиња да знаеш на што си..
Не за џабе спомнав да можам уште сега би купил Tesla произведена во Кина, затоа што компонентите кои го прават возилото се истите оние како Tesla-та склопена во Германија или САД. Развојот и инженерингот на тие компоненти не го правеле во Кина.