Би го потврдил тоа што
@nikola_bb го кажа. Технологијата од кога е и ископирана и усовршена кај нив!!! Братот беше повеќе години таму до пред короната, не му верував дека е можно до толку да се отидени у главите шо би рекол он. Патат од западњачката чума и тие, Кинез не користи Шаоми телефон, поретко Самсунзите, Ајфонот е златниот кључ што сите врати ги отвора(ова накратко да не ја ширам, братот е по телефоните јас по автомобилите) На прашањето што возат таму, кинески брендови се возат само службено-слижбени возила, ако сакаш да бидеш сериозно сватен и примен/прифатен мора да си го купиш местото под небото со некој Бимер или Мерк, поретко некој Муриканец од 8000цц3. Имаат копии на Супри, NSX-ови, и 300 други чудовишта, копии од типот на ТАТА(не ТАТА туку за да го доловам моментот ја спомнувам) но сето тоа го возат само оние кои вистински ги ценат автомобилите односно автомобилските ентузијасти/петролхедите. Оние кои не ги интересира она под хаубата туку статусот не возат "кинезарија" иако истата е 5 пати поквалитетна...