Автор Тема: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)  (Прочитано 7717 пати)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #75 на: 01 Септември 2023, 23:55:28 pm »
Колку што знам новиов Passat само караван ќе биде

Така е, и уште важи за последен Пасат со МВС, односно последен Пасат воопшто.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #76 на: 02 Септември 2023, 07:15:20 am »
Бојата од кога ја видов сефте на Пасат Б8, решив сивото Југо Кабрио таква боја да го фарбам, ептен ми направи мерак перлата што е низ неа.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #77 на: 14 Ноември 2023, 19:37:29 pm »
Оо па дечки вие ептен сте се разбореле во темава а никој не ме тагнал да му се сневиди. Мислам каков глуп муабет дали сум ја купил колата затоа што имало снег на планината позади. Не гледам поента да се правдам ама ај да не почнеме на лева нога на форумов.

1. Колата е купена и е подигната некаде во март, тоа што темата е тука подоцна отворена не гледам како е проблем. Pyrite Silver е една од поубавите бои и од тогаш имам видено 2 доста слични конфиуграции низ Скопје што се возат.
2. Немојте толку да се сеќирате што му прави ќејф на некој друг, до сега имам сменето доста коли, дел излезени од салон а дел на старо. Сум возел од германски брендови небаре се што имало на нашиот пазар. Цената што ми беше понудена беше толку добра што истата конфигурација во светот во моментов е најмалце 20 до 25% повисока па сега удрете математика.
3. Ауди А5 S-Line беше во игра но проблемот беше што мене повеќе ми правеше ќејф pre-facelift што веќе Порше не го носеше, а и сумата на facelift A5 беше ненормално повисока од pre-facelift.
4. Да пукнат душманите, се решивме и за градска кола. Оставивме капар за Cupra Formentor VZ plug-in hybrid (1.4 TSI - 242 коња/12.8kWh батерија), па се гледаме во нова тема здравје средина на февруари ако се оди по ред.

Леп поздрав од убавецот  ;)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Со здравје да се вози Артеонот! Супер избор! :D

п.с. Зар конечно го добија Форменторот за нарачка во МК??
Денес видов еден Форментор, да не стигна твојот, многу фино ауто.

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #78 на: 16 Април 2024, 09:50:49 am »
Еден или ај да кажам два закаснети абдејти.

Некаде декември Артеон-от доби нови зимски патики. Излезе добра прилика за зимски сет, се работи за бандаж VW Tulsa (5NA601025A) што го имаше порано како дел од понудата со стариот Артеон и Тигуан, за гуми се мислев меѓу PA5 и Conti и некако победи TS870P затоа што немаме зими кај што PA5 би сијала.

Исто така могу битно се решив да не си ја дрнкам колата по нашите средени патишта и да го одберам баш тој бандаж заради тоа што е 17" а и убаво и личеше во склоп со боиете. Гумите се 225/55/17 односно колата потполно исто лежи како и со летниот сет што е 245/45/18 па така не треба никакви калибрации на камери.

Зимскиот сет беше ставен на 20.12.23 и возен до кај 15.03.24 и со него вкупно поминати 3.500км

Слика од зимските патики:


Околу 15.03 ставен повторно назад летен сет и направен сервис Филтри/Масло на ~14.000км во Порше, регистрирана, продолжено каско и извозена малце надвор.


Следен update со закаснување во друга тема  :)

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #79 на: 30 Април 2024, 18:37:39 pm »
Sneak peek... Тема за неколку дена.



Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #80 на: 30 Април 2024, 18:41:42 pm »
Cupra Formentor  ???

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #81 на: 30 Април 2024, 18:52:05 pm »
Вчера па фејслифтот излезе 🙃
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #82 на: 30 Април 2024, 18:55:42 pm »
Вчера па фејслифтот излезе 🙃

Знам ама според мене искрено 10 пати по сериозен и спортски изглед има од напред pre-facelift-от отколку оваа вчера што ја представија. Другото е се мање више исто.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #83 на: 30 Април 2024, 18:59:25 pm »
Не е на плагин хибридот нов погонот 1.5тси со 20квч батерија, наместо 1.4тси со 13квч батерија
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #84 на: 30 Април 2024, 19:05:51 pm »
Повеќе бев осврнат на надворешен/внатрешен изглед и опции, ама Ок valid point дека доаѓа со нов мотор и нова батерија ама предпоставувам дека цената нема да биде иста, а и според она што го имам видено и читано до сега и надвор и кај @zeroSignal 1.4 моторот е доста покажан и доволен за да си ги избркаш обврските низ град на струја. Секако дека се си има предност и мана, ама изгледот напред пак ќе кажам некако е неспоредлив.



Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Arteon R-Line 2.0 TDI 147KW DSG (2023)
« Одговори #85 на: 01 Мај 2024, 09:15:51 am »
Пред фејслифтот е поубава, вторава ко киа да е. Колата изгледа брутално, со здравје да си ја возиш


Sent from my iPhone using Tapatalk