Long time lurker, first time poster па како што е ред да го додадам
art-еонот.
Се работи за MY23 R-Line верзија што пред една недела официјално стана и последна верзија од Артеонот што за жал со подемот на ID, како модел оди во историјата и ќе биде заменет со ID7.
Според мене MY23 изгледа доста позрело и посериозно од било која претходна верзија на Arteon и оние ситни детали што ги делеше со Passat на почетокот веќе не се тука.
Arteon-от е со DSG 7 степен менувач, во Pyrite Silver боја.
Од значителна опрема поседува:
R-Line елементи, седишта и спојлери
Ламинирани термоизолаци стакла со дополнително затемнети задни стакла
Плафон во црна боја „Titanium Black“
Мултифункционален спортски кожен волан, со контроли на допир и типтроник
Систем за отклучување „Kessy“ на сите врати, и стартување без клуч „Keyless“
IQ.Lights HD Matrix напред и назад, со Lights & Vision пакет (контрола на долги светла „Dynamic Light Assist“ и „Leaving Home“ и рачна функција „Coming Home“)
Easy (Kick) Open & Close пакет
4 Камери Area View 360°
Озвучување (вкупна моќност 700 W, 10 + 1 звучници, дигитален 16 канален засилувач, сабвуфер)
Адаптивна контрола на подвозје DCC (избор на профили на возење, ECO функција, спуштена шасија 15mm)
Пакет Front Assist, функција за итно сопирање во град (автоматска контрола на растојание pACC до 210 km/h) - Emergency Assist, Traffic Jam Assist, Rear Traffic Alert и Side Assist Plus вклучувајќи Lane Assist
Пакет амбиентално осветлување (амбиентално осветлување во 30 бои)
Зимски пакет во комбинација со кожа („AirCare Climatronic“ трозонска автоматска контрола на климата со филтер за воздух и контроли позади, USB C изведба и USB приклучок за полнење, 230 V приклучок во задната централна конзола, греење на предни и задни седишта)
Навигациски систем „Discover“ (8” екран во боја чувствителен на допир, FM/DAB + радио прием, гласовна контрола, 2 x USB C, Bluetooth, App Connect, Wireless Apple CarPlay)
WeConnect Plus (Е-Сим инсталиран во колата за ОТА SW updates, локација на колата, отклучување/заклучување на колата)
Дигитален кокпит „Pro“, во повеќе бои, со можност за избор на повеќе профили
Странични хром ленти долу