Автор Тема: Совет за избор на Mercedes W210  (Прочитано 3193 пати)

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Совет за избор на Mercedes W210
« на: 23 Јули 2023, 15:29:30 pm »
Потребен ми е совет за купување W210, кој би се чувал/возел, односно поради потреба од второ возило (за не дај боже), но не е исклучено и секојдневно возење.
Никакво познавање немам за нив а ќеифот на времето беше W116/W123/W126 па така и идејата второ возило да биде некој Мерџо но веќе тие се мисловна именка, па следно по достапност W124 но со оглед дека цената им е иста ми се уврте или ми влезе чивијата за W210 додека и со него не се случи истото.
Ме интересира кој модел/мотор да го гледам/барам на што да внимавам при купување итн.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #1 на: 23 Јули 2023, 15:50:03 pm »
2.7cdi ili 320cdi motori koj nemaat smrt i obavezno da e avtomatik.
Edino sto bi gledal na nego karoserija da nema skapanici znaci potkrila napred i nazad,dolen del od vrata,goren del od vrata kje pomestis kederot se gleda,onaa caska kaj sto lezi predniot amortizer. Znaci karoserija da e zdrava drugo nema maka.
Delovi imas kolku sakas plus decki sto rasturaat ima mnogu. Cenite se od do taka da ne e nesto strasno. Motor na lance. Mal servis fakja 100€ site filtri i ulje. Drzaci na motor imas od 1500 do 4500 den. Odlicno komotno vozilo meko za vozenje. Normalno gledaj i vnatre da ne e arabat mnogu.
2.0 i 2.2cdi bi gi izbegnal samo poradi taxi da ne bile peethodno. So ovie pogolemive pomali se duri nikakvi sansite da gi vozat ovde taxi.
Imam 2.7cdi 170ks 400nm sekojdnevno se vozi niz Skopje rabota nazad odlicen motor,meka tivka voznja malce gabariten. Potrosnja leto 8 do 8.5 zimo 10l cisto gradska voznja. Na otvoreno ide pod 7. So manuelen menjac potrosnja moze da simnes za 1l pomalce ama greota e tolkavo koliste da ne e automatik.
Odi na fb mercedes grupata ima i oglasnik tamo. Se nudat w210 od 1500 do 3500€. Gledaj okolu 3000 ima zdravi primeroci. Sve sto e pod 2500 ne bi go ni poglednal.

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #2 на: 23 Јули 2023, 17:16:41 pm »
@Vlatce-Vectra E250 TD? Гледав еден денеска откога го пишав постот. Делуваше доста стегнато, маунелен менувач ама сопственикот некако ми е сумњив или па ја си се филмам, како и да е договорен ми беше за гледање од претходно. На времето пријателче од германија во 2-3 наврати све 250TD и некако затоа и го договорив прво него за гледање а инаку и бензинец да е не ми менува многу само да е она ти што го кажа, проверено нешто што се покажало
« Последно менување: 23 Јули 2023, 17:28:50 pm SiLv3rLiOn »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17464
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #3 на: 23 Јули 2023, 18:48:02 pm »
300D Turbodiesel, односно OM606.962 моторот е тој што го надживува сопствениците. Јас би гледал тоа.

Штета што го нема во фејслифт.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #4 на: 23 Јули 2023, 23:09:16 pm »
Се зависи колку ќе го возиш и каде


Ако се мали километражи, гледај и бензинец, 200ка компресор со 180тина коња, доста пргаво моторче, трпи и плин

Како бивш сопственик на 210ки( и пред и фејслифт 220 цди и 270цди) би те советувал да пазиш на корозија, гепек прагови врати кошот кај амортизерите напред и горе кај шофершајбната, би те советувал и ако имаш пари да ја скокнеш 210 и да бараш 211


Мотори како мотори од таа генерација скоро па сите се неуништливи, првата ја купив со 190.000(2008ма), втората со 390.000(2017та), со првата поминати 170.000 без никаков проблем за 8 години освен заменето црево за интеркулер и цркна компресорот за клима, а со 270ката 97.000 за 3.5 години и имав проблемчиња, но со мотор освен дихтунгче на дизна немав ништо повеќе чепкања околу мотор


Ако би купил пак 210, ќе биде фејслифт, бензинец 200компресор или 320цди


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #5 на: 24 Јули 2023, 00:29:45 am »
Ima eden benzinec sampanj boja 2.0 kompresor facelift vo ekstra sostojba e ama deckoto mislam deka 4000 bara. Da preskapo e ali kolata e dzilitka.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #6 на: 24 Јули 2023, 00:45:29 am »
Па 4.000€ според мене и не се така големи пари за кола што би ја возел следни повеќе од 5 години и би си накривил капа, со цел да е добро одржувана и да не треба да фрлиш уште 1.000€ за да ја донесеш до некакво возно стање


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #7 на: 24 Јули 2023, 00:57:36 am »
1000 се малку за средување на постаро возило.

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #8 на: 24 Јули 2023, 21:48:27 pm »
би те советувал и ако имаш пари да ја скокнеш 210 и да бараш 211


Sent from my iPhone using Tapatalk

Ох не не, W211 или што и да е поново или ново не доаѓа во предвид (дури и да можам да си дозволам), бар не како бекап скроз ми губи тука поента, друга ми е идејата.
Со годините поминати по патиштата и бензиските (работа на пупмпа и возењето како професија), и искуството прибрано попат (што лично мое што собирање искуства/информации од луѓе и муштерии) би земал возило до 2005та год. и тоа да се среди за да трае и да се вози.
Потребата повеќе се базира на ќеиф односно 2 во 1, бекапот да биде нешто што сум сакал а не сум можел да си дозволам на времето да го имам или па и нешто што некогаш ќе вреди (муабетото ми е како погоре спомнатите W116, W123, W126) нешто што ќе оставам во наследство.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #9 на: 24 Јули 2023, 22:00:18 pm »
Си размислувал за W140 или W124?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1667
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #10 на: 24 Јули 2023, 22:03:53 pm »
http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4451830


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #11 на: 24 Јули 2023, 22:04:12 pm »
би те советувал и ако имаш пари да ја скокнеш 210 и да бараш 211


Sent from my iPhone using Tapatalk

Ох не не, W211 или што и да е поново или ново не доаѓа во предвид (дури и да можам да си дозволам), бар не како бекап скроз ми губи тука поента, друга ми е идејата.
Со годините поминати по патиштата и бензиските (работа на пупмпа и возењето како професија), и искуството прибрано попат (што лично мое што собирање искуства/информации од луѓе и муштерии) би земал возило до 2005та год. и тоа да се среди за да трае и да се вози.
Потребата повеќе се базира на ќеиф односно 2 во 1, бекапот да биде нешто што сум сакал а не сум можел да си дозволам на времето да го имам или па и нешто што некогаш ќе вреди (муабетото ми е како погоре спомнатите W116, W123, W126) нешто што ќе оставам во наследство.

Па 4.000€ според мене и не се така големи пари за кола што би ја возел следни повеќе од 5 години и би си накривил капа, со цел да е добро одржувана и да не треба да фрлиш уште 1.000€ за да ја донесеш до некакво возно стање


Sent from my iPhone using Tapatalk

Не 4000€ е премногу во моментов а и не верувам дека некогаш повеќе би дал (али ај никогаш не викај никогаш) и секогаш сум повеќе да зеам нешто поевтино и јас да си го средем отколку да земам "џилитка" се знае кај нас таа џилитка, обични смртници не ја начекуваат!!!
« Последно менување: 25 Јули 2023, 12:53:01 pm SiLv3rLiOn »

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #12 на: 24 Јули 2023, 22:08:58 pm »
Си размислувал за W140 или W124?
Ооох да ги гледав слоновите, а 124та ја исклучив поради цената тука се некаде со W210



http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4451830


Sent from my iPhone using Tapatalk

 ::)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #13 на: 25 Јули 2023, 09:39:32 am »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4640281

Битуменирана е. Ама убаво разгледај ја, оти овие крпачи се кај нас.

Мене за моторот ми е. Овој мотор едноставно нема смрт. НЕМА. Само убаво да се провери се комплет и ќе изнауживаш.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Совет за избор на Mercedes W210
« Одговори #14 на: 25 Јули 2023, 16:43:45 pm »
http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4451830


Sent from my iPhone using Tapatalk
Да му се јави некој и да му ја пушти од Чола “Живиш у облацима”

Со 8.000 евра има 211 ево, пре би додал за тоа 10години поново возило одколку за ова 6.000€


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)