Автор Тема: Fiat Panda 1.2 CC 2015  (Прочитано 1870 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Fiat Panda 1.2 CC 2015
« на: 19 Јули 2023, 01:28:43 am »
Ете да се пофалам и јас си земав привремено ѕверче за низ град.

Fiat Panda 1.2 CC 2015 година.

124.000 км изминати

Си се заљубив во комотноста (190цм сум со 100+ кг) и во city mode - воланот со мал прст може да се вози и се пика секаде.

Денес ја сефтосав и до Маврово, лета нагоре со двајца патници и багаж, одлична стабилност во кривини на повисока брзина.

На отворено без проблем спие на 160 km/h.

Редовно е носена на мали и големи сервиси кај пријател на првиот сопственик, ќе си продолжам и јас таму.

Интересно количе. Единствено што гепекот се отвара со клуч.

Па ако имате совети и предупредувања… кажувајте :)

Еве и неколку слики…






Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #1 на: 19 Јули 2023, 07:26:59 am »
Со здравје да си ја возиш, прекрасно возило.

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #2 на: 19 Јули 2023, 07:31:26 am »
Со здравје да се вози, вистински избор за по скопските (како и сите други градови) улици, колку кс е моторот, 60кс?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #3 на: 19 Јули 2023, 07:52:30 am »
Со здравје да се вози, вистински избор за по скопските (како и сите други градови) улици, колку кс е моторот, 60кс?

Фала ти.
Да, моторот е 60 кс.

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #4 на: 19 Јули 2023, 07:54:59 am »
fino kolice so zdravje da se vozi ama ne razbiram kako moze 1.2 fiatov motor da spie na 160

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #5 на: 19 Јули 2023, 08:29:41 am »
fino kolice so zdravje da se vozi ama ne razbiram kako moze 1.2 fiatov motor da spie na 160

Мислам не тресе :) т.е не се осетив несигурно на таа брзина
А си брчи и те како хаха

Ова на влез на Скопје од страна на Тетово.

Ама баш импресивно количе, си се зљубив

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #6 на: 19 Јули 2023, 08:34:43 am »
Па ако имате совети и предупредувања… кажувајте :)

Единствено би рекол да не се опушташ на кривини при поголеми брзини како и на ветровити места.

Со здравје да си го возиш и долго да те служи.

Колку пари ја зема?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #7 на: 19 Јули 2023, 08:51:41 am »
Панда е светска работа, си реков дека еднаш во животот морам да поживеам со Панда во моја сопственост. :)

Кој го следеше моето патешествие со Peugeot 206, знае што следи кога ќе земам Панда ;D

Со здравје да си ја возиш, мислам дека ќе ти остане подолго во возен парк од што планираш :)
Се испродадоа МНОГУ вакви, а скоро и да ги нема по огласи.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #8 на: 19 Јули 2023, 12:50:59 pm »
Панда е светска работа, си реков дека еднаш во животот морам да поживеам со Панда во моја сопственост. :)

Кој го следеше моето патешествие со Peugeot 206, знае што следи кога ќе земам Панда ;D

Со здравје да си ја возиш, мислам дека ќе ти остане подолго во возен парк од што планираш :)
Се испродадоа МНОГУ вакви, а скоро и да ги нема по огласи.

Од Корса на Панда има да се препородиш.

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #9 на: 19 Јули 2023, 13:27:42 pm »
Па ако имате совети и предупредувања… кажувајте :)

Единствено би рекол да не се опушташ на кривини при поголеми брзини како и на ветровити места.

Со здравје да си го возиш и долго да те служи.

Колку пари ја зема?

Фала.

Да, страв ме фаќа на кривини со дупки, а богами и до шлепери. Само ја пробав малку побрзо, инаку среќа што овој модел е малку поширок од постарата генерација. Ама ќе си пазам.

Инкау ја земав рамно 7000. Не планирам долго да ја држам, па затоа и не пребирав за цена. И доста очувана е вака на изглед и на осет.



Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #10 на: 19 Јули 2023, 13:28:35 pm »
Панда е светска работа, си реков дека еднаш во животот морам да поживеам со Панда во моја сопственост. :)

Кој го следеше моето патешествие со Peugeot 206, знае што следи кога ќе земам Панда ;D

Со здравје да си ја возиш, мислам дека ќе ти остане подолго во возен парк од што планираш :)
Се испродадоа МНОГУ вакви, а скоро и да ги нема по огласи.

Ајде за некој месец ти ја давам :)

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #11 на: 19 Јули 2023, 13:40:41 pm »
Супер е пандата, краток период имам возено панда прва генерација и бев воодушевен, позиција на седење, мењач и доста стартен мотор како за 1.2 60кс.
П.с Сеа коа ке видат форумџии дека си дал 7.000 за панда а за истите пари имало беееееемвеееее 530д  :-X :-X :-X

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #12 на: 19 Јули 2023, 13:51:00 pm »
Супер е пандата, краток период имам возено панда прва генерација и бев воодушевен, позиција на седење, мењач и доста стартен мотор како за 1.2 60кс.
П.с Сеа коа ке видат форумџии дека си дал 7.000 за панда а за истите пари имало беееееемвеееее 530д  :-X :-X :-X

Хаха.
Земена е стриктно за низ град и тесни паркинзи. Ене го аутлендер за “ефтини” пари па ќе дреме цел месец по мајстори.

Ќе даде и некој друг 7000 за панда. Како отишле така ќе дојдат назад 😂. Иако да беше некој крш никогаш немаше да дадам.

Гледав еден ненормален со Ц1 за 3500 со расипан гепек, пожолтен ентериер, прокиснат кров и мењач како на приватна 19ка од старите. Башка и ја палиш колата, вибрира како земјотрес да има, стискаш гас па после некое време трга…

Па уште вика ако се договориме јас ќе ти ја средам бравата на гепекот.

Вика човекот ма супер е прва лига, а тоа мислам дека на прво излегување од  Скопје ќе се разглобеше цела ќе летаа тркала на сите страни.

Или луѓево се ненормални или ние сме ненормални.

Ова е 7000, ама нема гребаница, гаражирана и од многу ок човек. Другари си станавме :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #13 на: 19 Јули 2023, 14:07:56 pm »
Супер е пандата, краток период имам возено панда прва генерација и бев воодушевен, позиција на седење, мењач и доста стартен мотор како за 1.2 60кс.
П.с Сеа коа ке видат форумџии дека си дал 7.000 за панда а за истите пари имало беееееемвеееее 530д  :-X :-X :-X
Хаха, баш така. Пред рамно година дена понудив BMW 530 xD многу сочувано од 2006-та година за 7000 евра ама на крај отиде за 6200 и тоа у Гостивар.

@NikiSk92 Пандата нема ESP систем така да ако си озбилен возач и ја притискаш колата, внимавај на oversteer или пак ако ставиш добри задни гуми што добро лепат внимавај на превртување. Имам искуство затоа ти кажувам ;)
Иначе ако ја имаш само на неколку месеци нема да ти се исплати да ја продаваш пак. Огласи ја на форум сепак кога ќе решиш.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Fiat Panda 1.2 CC 2015
« Одговори #14 на: 19 Јули 2023, 15:14:32 pm »
Супер е пандата, краток период имам возено панда прва генерација и бев воодушевен, позиција на седење, мењач и доста стартен мотор како за 1.2 60кс.
П.с Сеа коа ке видат форумџии дека си дал 7.000 за панда а за истите пари имало беееееемвеееее 530д  :-X :-X :-X
Хаха, баш така. Пред рамно година дена понудив BMW 530 xD многу сочувано од 2006-та година за 7000 евра ама на крај отиде за 6200 и тоа у Гостивар.

@NikiSk92 Пандата нема ESP систем така да ако си озбилен возач и ја притискаш колата, внимавај на oversteer или пак ако ставиш добри задни гуми што добро лепат внимавај на превртување. Имам искуство затоа ти кажувам ;)
Иначе ако ја имаш само на неколку месеци нема да ти се исплати да ја продаваш пак. Огласи ја на форум сепак кога ќе решиш.
Тишлер те ти добра понуда со само 23.000КМ 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk