Супер е пандата, краток период имам возено панда прва генерација и бев воодушевен, позиција на седење, мењач и доста стартен мотор како за 1.2 60кс.
П.с Сеа коа ке видат форумџии дека си дал 7.000 за панда а за истите пари имало беееееемвеееее 530д
Хаха.
Земена е стриктно за низ град и тесни паркинзи. Ене го аутлендер за “ефтини” пари па ќе дреме цел месец по мајстори.
Ќе даде и некој друг 7000 за панда. Како отишле така ќе дојдат назад 😂. Иако да беше некој крш никогаш немаше да дадам.
Гледав еден ненормален со Ц1 за 3500 со расипан гепек, пожолтен ентериер, прокиснат кров и мењач како на приватна 19ка од старите. Башка и ја палиш колата, вибрира како земјотрес да има, стискаш гас па после некое време трга…
Па уште вика ако се договориме јас ќе ти ја средам бравата на гепекот.
Вика човекот ма супер е прва лига, а тоа мислам дека на прво излегување од Скопје ќе се разглобеше цела ќе летаа тркала на сите страни.
Или луѓево се ненормални или ние сме ненормални.
Ова е 7000, ама нема гребаница, гаражирана и од многу ок човек. Другари си станавме