Автор Тема: Масовно крадење на стари возила???  (Прочитано 42300 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #180 на: 27 Јануари 2012, 23:15:50 pm »
Мојот е со едногрли...
Не можам да барам делови...Додека ми беше аудиот - на него и прапорци става, ама дега немам време. не ми е приликата сега. А и нема да ми ги брка работиве што ми требаат.
 Ќе ми треба сега количе шо ќе ги прави по 300 километри секоја недела, а нема да кошта повеќе од 600-700 евра. Знам тешка работа...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14381
  • Пудингот на шоферството
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #181 на: 28 Јануари 2012, 01:07:22 am »
Мојот е со едногрли...
Не можам да барам делови...Додека ми беше аудиот - на него и прапорци става, ама дега немам време. не ми е приликата сега. А и нема да ми ги брка работиве што ми требаат.
 Ќе ми треба сега количе шо ќе ги прави по 300 километри секоја недела, а нема да кошта повеќе од 600-700 евра. Знам тешка работа...
Уште некое евро плус и ке ти дам дакво количе,економично ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #182 на: 28 Јануари 2012, 12:42:03 pm »
Мојот е со едногрли...
Не можам да барам делови...Додека ми беше аудиот - на него и прапорци става, ама дега немам време. не ми е приликата сега. А и нема да ми ги брка работиве што ми требаат.
 Ќе ми треба сега количе шо ќе ги прави по 300 километри секоја недела, а нема да кошта повеќе од 600-700 евра. Знам тешка работа...
Уште некое евро плус и ке ти дам дакво количе,економично ;D
пиши ајде во лична порака... што нудиш, колку го цениш И ТН.... поздрав :D
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34147
  • Таков е животот... јебига
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #183 на: 28 Јануари 2012, 14:41:55 pm »
Колку прекрасна населба за живеење е аеродром. Ме умреа со рекламите. А колку посрана е тоа никој не го коментира.

Во право е Миле, на дедото мој... на голф 4 до сеа, 5 пати му крадат ретровизори, фарови... лудница е
Пред да го купам Спаркот мене на кадетот ми ги украдоа штоповите во рок од ебени 45 минути додека бев на состанок во една фирма во Бисер.

@ калимеро, не се вреѓај друже, тое е фигуративно кажано :)

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5081
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #184 на: 28 Јануари 2012, 15:22:04 pm »
Ма преку таквото веќе у цел град на големо се краде, полицијава очигледно уво ја заболуе. Наркоман бил вака бил така бил ништо неможеле како бе неможе? Битно ќе им земат на џандариве нови коли пошто нели ЗАСЛУЖИЛЕ, ја да сум пешки би ги пуштил да шетаат низ населбава ќе бидат поефективни а не ваќа по ќошиња да јадат и дремат во колите.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9102
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #185 на: 28 Јануари 2012, 16:56:52 pm »
druze neli znaes deka mvr e samo za kazni za svetla neupaleni da pisuva

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #186 на: 31 Јануари 2012, 15:53:51 pm »
Очекувано, ***никој*** не ја разбра поентата на симо кериер.

Мене ми беше срам и незгодно да го читам овој тред. Се заебавш го го кликнав.

Симо, мајсторе, тоа ти е...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43926
  • Il Moderatore
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #187 на: 31 Јануари 2012, 16:23:35 pm »
Очекувано, ***никој*** не ја разбра поентата на симо кериер.

Мене ми беше срам и незгодно да го читам овој тред. Се заебавш го го кликнав.

Симо, мајсторе, тоа ти е...

Еден разбрал - добро е :) Фала Филип :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #188 на: 31 Јануари 2012, 16:25:18 pm »
Корисно е да кажеш конкретно на кој говор на Симо се однесува репликата. Вака незнам кај да барам, што рекол.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43926
  • Il Moderatore
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #189 на: 31 Јануари 2012, 16:27:30 pm »

Жалам за секого што му се десила некоја непријатност, кражба, материјална штета, или било каква друга незгода, но мислам дека покажување со прст кон одредена национална група поради одредени индивидуални постапки не користи никоому. Кражбите на шахти од улиците и од дворови е показател на бедата и сиромаштијата во државата. Од ова најпогодени се најниските економски слоеви во државата, а за жал групата на роми спаѓа тука. Наместо некој од надлежните да се потруди да добијат поголема социјална грижа, кога веќе не може работа да обезбеди, оставени се на мислост и немилост на останатите сограѓани - кои воглавно покажуваат немилост. Јас знам за многу повеќе поштени припадници на ромската националност од крадци, а исто така знам за повеќе бандити и крадци во сите други националности од ромите кај нас. Не се само тие одговорни за ситни кражби, но лесно ги карактеризираме и ги поистоветуваме со целата нивна национална припадност. Затоа и барам овој тред да се затвори и да се избрише.
Уште еднаш жалам за се` што ви се десило, од украдени стари железа, до автомобили. Кражба е кражба - но ако не била застава ако било украдено ауди, тогаш ќе беа криви бугарите, ако беше мерцедес тогаш шиптарите - нели?! Подобро општество не се гради така :) - Поздрав, и искрено се надевам дека тредов ќе се затвори и нема веќе вакви тредови да почнуваме :)

Веројатно за ова....


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2209
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #190 на: 01 Февруари 2012, 02:38:04 am »
Во населбата Аеродром во декември лани и во јануари годинава биле пријавени над 20 кражби на автомобили. Разговаравме со некои жртви на автомобилската мафија. Велат дека кражбите се случуваат со години, а никој ништо не презема за да ги пронајде возилата. Некои од кражбите се снимени на камерите што се поставени на локалните дуќани, но засега крадците се на слобода

Автомобилот попладнето беше паркиран на паркингот пред зграда, а утредента го немаше. Пријавив во полиција, беше направен записник и толку. Ова не е првпат од овој паркинг да се крадат возила. Слушнав дека за еден месец украле околу триесетина автомобили. Ова за „Дневник“ го изјави жител од скопската населба Аеродром каде што во последно време масовно се крадат автомобили буквално пред очите на граѓаните.

Интересно е што цел на крадците не се луксузни автомобили, туку возила произведени во 80-тите и во 90-тите години на минатиот век кои не вредат повеќе од 2.000 до 3.000 евра.

Со сајла ги влечат украдените возила

- Вообичаено, во најголем број случаи станува збор за постари модели на автомобили, како што се возилата на „застава“, „голф“, „сузуки“ и „лада“ - велат во СВР Скопје.

Во населбата Аеродром во декември лани и во јануари годинава биле пријавени над 20 кражби на автомобили. Разговаравме со некои жртви на автомобилската мафија. Велат дека кражбите се случуваат со години, а никој ништо не презема за да ги пронајде возилата.

- Од сите автомобили што разбрав дека изминативе неколку години биле украдени од овој паркинг, слушнав дека е најдено и вратено само возилото на едно полициско лице, додека од другите нема ни трага ни глас. За жал, немаме сите врски во полиција – вели еден од 30-ината оштетени сопственици на украден автомобил.

Разговаравме и граѓанин кому пред три години му бил украден автомобил на истиот паркинг. Kражбата е снимена на видеокамера од локална продавница. На снимката се гледало како бело „цитроен саксо“ со сајла го влече украденото возило.

Таа снимка ја виделе и во полиција, но ни тоа возило не е најдено. Низ најголемиот дел од раскрсниците во Аеродром има камери, но ни тие не се од голема корист кога се во прашање украдените автомобили. Сопственикот раскажува што видел на снимката од камерата.

- Возилото го паркирав во 4.30 часот наутро, а веќе во 7 часот го немаше. На видеоснимката се гледа како околу 5.30 часот со друг автомобил го влечат украденото возило, кое никогаш повеќе не го видов. Решив сам да го барам, прашував по луѓе, но сите креваа раменици. Само еден чувар го видел возилото како го влечат, но и тој не знаеше да каже во точно кој правец заминале крадците. Полицијата не беше од голема корист во мојот случај – вели жител на скопската населба Аеродром.

Луксузните возила ги краде автомафија

Според портпаролот на СВР Скопје, Лиза Бендевска, полицијата засега нема сознанија дали кражбите се извршени од одредена специјализирана група.

- Kога станува збор за кражба на постари модели на возила, каков што беше случајот и во населбата Аеродром, практиката покажува дека станува збор за сторители поединци. Kражбите на луксузни возила, пак, се извршувани од групи специјализирани за овој тип кражби - вели Бендевска.

Автомобилите во Македонија не ретко ги крадат малолетници кои откако ќе се повозат, ги оставаат. Во некои случаи возилата се крадат за продажба на делови, други се пренесуваат преку државата со фалсификување броеви на шасијата. Има информации дека автомобилите „лада“ ги крадат дрвокрадци со кои потоа пренесуваат дрва по планините. На тој начин тие не се во загуба кога ќе бидат фатени од Шумската полиција, која најчесто им ги запленува возилата.

Паралелно со порастот на кражбите на возила расте и бројот на кражби во возила - претежно чанти, цеде-плеери и други вредни предмети.

Kрадците во тие случаи оперираат на прометни паркинг-места, пред болници и институции. Будно следат кога сопственикот ќе го остави возилото на паркинг-просторот и веднаш реагираат. Најчесто кршат едно од задните стакла на автомобилот, ја земаат чантата или со алат го вадат цеде-плеерот и за само неколку минути бегаат, но не далеку од местото.

Според полицијата, ваквите кражби вообичаено ги извршуваат зависници од дроги, кои провалуваат во возилата за да украдат предмети или делови за да ги продадат многу поевтино од пазарната цена.

Интерпол има податоци за 7,1 милиони украдени возила

Според Интерпол, во 2011 година биле украдени 42.000 моторни возила во светот, со што вкупната бројка на возила за кои има податоци порасна на 7,1 милиони. Оваа институција предупредува дека кражбата на автомобили е организирана криминална активност која е поврзана и со терористичките организации.

- Возилата се шверцуваат за да се финансираат други облици на криминал. Украдените возила се користат и како автомобили-бомби или, пак, се употребуваат за вршење друг криминал - велат од Интерпол.

Во декември украдени 34 автомобили во Скопје

Според СВР Скопје, лани во главниот град биле украдени 130 моторни возила, а полицијата успеала да пронајде 36 од украдените автомобили. Најголем број од кражбите се случиле во декември, кога биле украдени 34 возила.

- Во декември беа украдени 34 возила, од кои 22 во населбата Аеродром. Полицијата успеала да пронајде осум автомобили, а се работи на откривање на сторителите - изјави портпаролот на СВР Скопје, Лиза Бендевска.

http://dnevnik.mk/?ItemID=788686FA7C61AD4BA461F4FAA3B4D70F
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7344
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #191 на: 01 Февруари 2012, 03:37:39 am »
Интересно е што цел на крадците не се луксузни автомобили, туку возила произведени во 80-тите и во 90-тите години на минатиот век кои не вредат повеќе од 2.000 до 3.000 евра.

Ги нарекуваат автомобилска мафија??? :):):)
Очигледно не знае на кое организациско ниво треба да биде една група за да се нарече мафија ...

Авторот на текстов сигурно ги има навредно уметниците кои "снемуваат" коли низ Белград ....

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2837
  • Слобода или смрт
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #192 на: 01 Февруари 2012, 11:36:50 am »
Пред неколку дена на другар ми му го обија југото пред зграда паркирано тука во Штип.
И тоа прво пробале да ја обијат вратата но само ја оштетиле каросериски па на крајот го скршиле стаклото за да влезат отвориле хауба и украле нов акумулатор и резервната гума. На тоа ако ги додадеме и оштетувањата на вратата и плус стаклото скршено.
А полицијата дури не сакала ни да дојде да прави записник бидејќи било 4 сабајле туку му рекле тој да оди кај нив.
Циганска држава сме и никогаш нема да не биде. Човек да фати према запад и никогаш да не се заврте наваму.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5081
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #193 на: 01 Февруари 2012, 13:33:37 pm »
Јас мислам како ќе тонеме економски така се повеќе ќе има вакви срања и лек ќе биде само ко арапине го фати ли сечи раката иначе овој систем дека некогаш ќе го поправи човекот...

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8536
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #194 на: 01 Февруари 2012, 14:34:10 pm »
Ние сме одамна потонати и одамна има вакви срања, само што нема кој да ти каже. По телевизија ќе гледаш Македонија баскет 4, ракомет 5 и ќе се мааш у груди. Или ќе гледаш како по Америки, Аустралии, Италии ... гинат македонци и ќе се маваш во груди со мисла добро е тука. Маркетинг е чудо а карање је наука. ;)