Автор Тема: Масовно крадење на стари возила???  (Прочитано 42291 пати)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #165 на: 23 Декември 2011, 02:35:05 am »
Sale ја не сум у тек...шо воа ноа заслуги нешто...? Ти у полицај да не арбајт, или шпијунажа воа ноа нешо ? ;D
Заслуги што покрена иницијатива,за да се дознае и рашири работава,а полицај се знае кој е на форумов ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2209
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #166 на: 27 Јануари 2012, 13:48:55 pm »
За еден месец од Аеродром исчезнале 35 автомобили

Крадците во последниов месец од паркинзите во оваа скопска населба украле 35 автомобили од различни марки, а најмногу се украдени „лади“, „југовци“ и „застави“. До минатата недела само три од украдените возила се пронајдени на паркинг во друг дел на Скопје и им се вратени на сопствениците

Триесет и пет автомобили се украдени во Аеродром за нецели триесет дена, меѓу 28 декември и 23 јануари. Осум „лади“, седум „југовци“, пет „застава 101“, четири „голфа“, три „сузуки марути“, две „фиќа“, едно „тико“, едно „пежо“ и еден „опел“. Само три од украдените возила се пронајдени на паркинг во друг дел на Скопје и им се вратени на сопствениците. Крадците, според информациите, главно оперираат во населбата Острово зад „Скопјанка“, на паркингот кај трите воени кули во стар Аеродром, во Мичурин, на булеварот Јане Сандански, меѓу спортската сала и некогаш последната постојка на „3“ и кај „Веро“.
Полицијата засега нема многу информации за можните сторители и за тоа каде се носат колите. Од СВР Скопје велат оти работеле на случајот.
- Имав „југо“ купено пред десетина години. Кога утрината, ден пред Водици, појдов да пријавам во полициската станица во Аеродром дека ми го нема, не бев единствениот што чекаше за тоа. Пред мене имаше уште двајца. На едниот му украле „голф“, на другиот „лада“. Пријавив, и толку. Оттогаш официјално никој за ништо не ме известил. Ниту дали е најдено „југото“ ниту дали нешто се презема - вели Зоран, чиј автомобил исчезна од паркинг во Мичурин.
Незадоволен од полициската постапка е и Марјан, кому „заставата“, стара петнаесетина години, му ја украле исто така во Аеродром, од паркинг кај „Веро“, во првите денови од новата година.
- Во полицијата во една пригода пријателски ми кажаа дека не треба да очекувам чудо, оти возилото било старо и не било интересно за некој да троши време на него. Ми кажаа дека постоеле изгледи да биде возено и да биде оставено некаде, на некој паркинг во Скопје. Но тоа било само едната можност. Другата, што воопшто не ме израдува, била таа „заставата“ да биде исечена на делови за да се искористи нешто од неа, а другото да биде продадено во отпад како старо железо. Никој не се јавува. Затоа, вртам со пријатели низ Скопје и си ја барам колата - напоменува Марјан.
Од СВР Скопје потврдуваат дека на подрачјето на ПС Аеродром има извесна зголеменост на кражбите на автомобили.
- Според евиденцијата, украдени се 22 автомобили од постар тип, а пронајдени се осум. Пет се најдени пред неколку дена. Полицијата работи на откривање на сторителите, се прибираат сознанија и се вршат проверки - вели Лиза Бендевска, портпаролката на СВР Скопје.
Во 2009 година во Македонија се украдени 608, а во 2010-та вкупно 538 возила. Статистиките за ланската година сé уште се подготвуваат.
Според одделни информации, во Аеродром најверојатно дејствува тричлена група. Еден од групата го обележува возилото, а потоа настапуваат оперативците. Тие секогаш се во пар. Додека едниот отклучува, другиот чува стража и по потреба помага. Изверзирани за одземање возила и не им треба повеќе од десетина секунди за да го придвижат автомобилот. Го вклучуваат и си заминуваат.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1271285036&id=12&prilog=0&setIzdanie=22490
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34147
  • Таков е животот... јебига
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #167 на: 27 Јануари 2012, 13:57:51 pm »
Колку прекрасна населба за живеење е аеродром. Ме умреа со рекламите. А колку посрана е тоа никој не го коментира.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #168 на: 27 Јануари 2012, 14:44:48 pm »
Колку прекрасна населба за живеење е аеродром. Ме умреа со рекламите. А колку посрана е тоа никој не го коментира.

Се моли колегата форумџија Фаланга да не навредува дел од другите колеги форумџии.  :)))

инаку од паркингот кај моите дигнаа една Лада, и од страв да не ја дигнат и нашата(која е кола миленик на сите зимно време), и која е службена, татко ми ја смени за Џета у п.м.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #169 на: 27 Јануари 2012, 19:38:32 pm »
Колку прекрасна населба за живеење е аеродром. Ме умреа со рекламите. А колку посрана е тоа никој не го коментира.

Во право е Миле, на дедото мој... на голф 4 до сеа, 5 пати му крадат ретровизори, фарови... лудница е

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9102
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #170 на: 27 Јануари 2012, 19:43:32 pm »
ова ако живееш во аердром треба сериозно да размислиш каква кола би купил, најдобро тие  Киа или Хјундаи изгледа

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43926
  • Il Moderatore
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #171 на: 27 Јануари 2012, 19:45:09 pm »
море ова ќе им ја дигне цената на југовците ладите и 101-ите :D тражена „роба“ стануваат :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #172 на: 27 Јануари 2012, 20:26:32 pm »
Не се зезајте...Ја кога спомнував ликови од историјата, ондак фабрики за детергенти, фабрики за бојни отрови и гасови, вие мислевте дека сум Нацист, дека сум људомрзец...
Ете сеа...Море да имам власт, да имам сила...Ахххххх...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #173 на: 27 Јануари 2012, 22:02:22 pm »
Минатиот викенд и Толедото мое остана без магленки-штета 100 евра на гладно срце >:( >:( >:(

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #174 на: 27 Јануари 2012, 22:17:26 pm »
Абе само ми се вртат околу колине... демек ќе ги купуваат...
Еден кога сум го забркал око не му видов од тогаш, ама пак идат .... ме фати страв едно време за фијатката па затоа го демонтирав пола :$
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #175 на: 27 Јануари 2012, 22:49:03 pm »
...Баш живеев на улициве што се споменати. Фиатот постојано ми беше паркиран таму :)

Арно што си заминав :)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #176 на: 27 Јануари 2012, 22:57:27 pm »
...Баш живеев на улициве што се споменати. Фиатот постојано ми беше паркиран таму :)

Арно што си заминав :)
Го чуваш уште? Го знам од други форуми... пиши што се стори со колата, сега и јас зедов фијатка ко таква...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #177 на: 27 Јануари 2012, 22:59:31 pm »
...Баш живеев на улициве што се споменати. Фиатот постојано ми беше паркиран таму :)

Арно што си заминав :)
Го чуваш уште? Го знам од други форуми... пиши што се стори со колата, сега и јас зедов фијатка ко таква...

Го дадов еден колекционер го собра. Сега е во друштво со Јагуари и Мерцедеси :) Не дека се опарив нешто, ама онака, ми се прави ќеиф за стара Буба :) Ама ептен стара (50-тите години)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #178 на: 27 Јануари 2012, 23:05:43 pm »
И јас го пишав мојот... чисто од финансиски причини.  Ги шиба 12 -15 л бензин зимово и неможам да го најадам.
Кој ќе го земи ќе му се изнатера, ама никако да ми се допадне некој ко за следен сопственик.. хехе...

Буба... од новите стално има на лагер овде, ама од тиее.... тешко...тешко...
Ако најдиш прави ја...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Масовно крадење на стари возила???
« Одговори #179 на: 27 Јануари 2012, 23:09:14 pm »
Ќе ти препорачам за намалување на потрошња...Карбуратор од Кадет 1.2. Така троши 10л/100км зимно време. Сум пробал, ама бидејќи се решив да го продадам го вратив двогрлениот оригинален. А и искрено нема подобар од оригиналниот Вебер. Мојата беше 1969 година и беше со оригинал Weber двогрлен....и примаше како луд.