Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 16698 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #15 на: 18 Јули 2023, 17:24:17 pm »
Си најдов нов омилен агол, бар навечер.

Туку, дајте препорака за сијалички? Фаровите се со лупа, моментално немам појма што има во нив, само знам дека е H7 лежиште. Снопот ми е слаб некако, а имам солиден cut off.

Се мислев за OSRAM Night Breaker PRO, ама на сајтот на Аутолукс стојат како 19 вати, што ми звучи слабо (или сум можда неупатен, немам возено кола со LED фарови досега). Немам проблем да платам до кај 100-120 евра за пар сијалички, под услов да се проверено добри и да не ги сменам пак за година дена.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #16 на: 18 Јули 2023, 17:49:20 pm »
Ако ти се даваат пари, бидејќи имаш лупи, купи си Филипс ЛЕД од carbox.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #17 на: 18 Јули 2023, 17:55:27 pm »
Ако ти се даваат пари, бидејќи имаш лупи, купи си Филипс ЛЕД од carbox.

Ги размислив, ама 14 илјади се. Не знам дали би дал толку, искрено.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11737
  • Архитект
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #18 на: 18 Јули 2023, 19:34:30 pm »
Јас ги имам 1 година Нарва Лед-от. Едната цркна сега. Цркна уствари ледот од едната страна.
Не ги бива. Не се многу светени. Денски само со DRL возам.

Наредно јас на ксенон ќе одам. Само да најдам од кај да купам. Незнам кај нас дали некој продава солиден бренд на ксенон. Исто да одлучам дали 35 или 55w.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #19 на: 18 Јули 2023, 19:54:52 pm »
Ксенон мајката иако ја би идел на лед кратко и долго исто или халогена појачана. Да немав 9012, да беше Х7 или слично кратко и долго различно би идел со гореспоменатата комбинација.

Ксенон кит крстен да е Моримото само. За остало од Дог, гаранција имаш помирна глава. Секако не светат нон стоп со ДРЛ возиш преку ден така да... Инаку и 55w не е овде 55. Сум пробал и со "55w" и 35w и исто е. Другар има А3 2014 со фабрички ксенон, со мојата ксенон кит 5000к 35w у најголеми дождови ме земаше од аеродром вика светлава топ. Ама се имам школо изнаплаќано со светлата ехеее...

Sent from my SM-A715F using Tapatalk

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #20 на: 18 Јули 2023, 19:55:45 pm »
Јас ги имам 1 година Нарва Лед-от. Едната цркна сега. Цркна уствари ледот од едната страна.
Не ги бива. Не се многу светени. Денски само со DRL возам.

Наредно јас на ксенон ќе одам. Само да најдам од кај да купам. Незнам кај нас дали некој продава солиден бренд на ксенон. Исто да одлучам дали 35 или 55w.

Имаш нешто ксенон на Аутоцентар ама се некој АП бренд, и колку шо глеам се само сијалички. Ваљда ако ставаш ксенон треба и баласти?

Треба да истражам која е разликата меѓу ксенон и ЛЕД сијалички, кога веќе имам лупа да го искористам максимумот.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #21 на: 18 Јули 2023, 20:06:48 pm »

Не истражуј боље, боли глава.
Инаку ксенон FTW.
Ксенонот више осветљуе кај што треба, ледот генерално више дистанца. Кај ксенонот минус е баластот ако ти цркне, сијалицата и да работи нон стоп дури се вози би требало најмалу 2 години да трае. Мада нема правила, плаќав по 50 евра за баласт, 55w  уште ги имам у резерва, 35w ми цркнаја исти такви. После наручав "посериозни" исто од Италија(сите од таму), засега да не урочам немам проблем ама ретко и возам навечер.

Земи си од Дог кит, имаш гаранција година дена и мирен си. Ама кинески биле, се е кинеско зависи квалитетот.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #23 на: 18 Јули 2023, 21:00:29 pm »
Тие се, да.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2667
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #24 на: 19 Јули 2023, 09:05:12 am »
Mozes da zmes vo obzir Osram night breaker laser.
https://www.osram.com/ecat/NIGHT%20BREAKER%20LASER-Halogen%20headlight%20lamps-Car%20lighting-Automotive/com/en/GPS01_3043435/ZMP_4057697/

Ednostavna zamena na fabrickite. Jas gi koristam i pravat golema razlika, sosema dovolno.
Se naogaat za 30tina evra.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #25 на: 19 Јули 2023, 11:00:39 am »
Mozes da zmes vo obzir Osram night breaker laser.
https://www.osram.com/ecat/NIGHT%20BREAKER%20LASER-Halogen%20headlight%20lamps-Car%20lighting-Automotive/com/en/GPS01_3043435/ZMP_4057697/

Ednostavna zamena na fabrickite. Jas gi koristam i pravat golema razlika, sosema dovolno.
Se naogaat za 30tina evra.
Колку ти траат? За 30 евра ако е едноставна замена се исплати и година дена да траат. Имав и ја халогени појачани, имам уште два пара Philips X-treme Vision +150%, врхунски ама се околу 50 евра и врти сучи година дена тераат...

Sent from my SM-A715F using Tapatalk

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #26 на: 19 Јули 2023, 11:19:37 am »
Еве од Српскиот Цитроен Форум на Ц5 со проектори. Снопот не е подесен а за 10 евра, земи си и пробај. Дечкото беше презадоволен. CSP чип обавезно.

https://photos.app.goo.gl/6R5HdCGj5dH3ejh46

https://a.aliexpress.com/_mN0ODCi

Sent from my SM-A715F using Tapatalk

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #27 на: 19 Јули 2023, 16:30:21 pm »
Mozes da zmes vo obzir Osram night breaker laser.
https://www.osram.com/ecat/NIGHT%20BREAKER%20LASER-Halogen%20headlight%20lamps-Car%20lighting-Automotive/com/en/GPS01_3043435/ZMP_4057697/

Ednostavna zamena na fabrickite. Jas gi koristam i pravat golema razlika, sosema dovolno.
Se naogaat za 30tina evra.

На претходната кола (фар со рефлектори) возев NightBreaker Unlimited кратки и NightBreaker Laser долги (овие си ги префрлив на Алфата сега). Задоволен сум прилично, ама се халогенки, а инсистирам на LED/xenon за новава.

Инаку, бев денес во Аутомобиле СК во Битола на сервис. Сменети филтри за масло/воздух/клима, сменето масло и сменети свеќици, комплет со се работна рака ме фати 13,385 денари.

Само по себе ова е супер, цената е одлична, дури не видов дома дека ставиле Valvoline All Climate масло, а не Selenia. Изгледа ќе менувам сервис.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11737
  • Архитект
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #28 на: 19 Јули 2023, 20:21:26 pm »
Аутомобиле СК се префрлени на Shell масло. Селениа повеќе не ја користат.

Наздравје сервис. Отвори и провери си го Multi Air филтерот. Зачисти го и врати го назад или купи си нов.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #29 на: 19 Јули 2023, 20:42:51 pm »
Аутомобиле СК се префрлени на Shell масло. Селениа повеќе не ја користат.

Наздравје сервис. Отвори и провери си го Multi Air филтерот. Зачисти го и врати го назад или купи си нов.

Да беа префрлени на Shell масло немаше да се бунам, знам дека некои сервиси (Илија, на пример), го нудат како поквалитетна замена за Selenia. Valvoline никако не можам да го вклопам во муабетот.

Multiair филтерот беше спомнат кога ја оставав, рекоа дека е во ред. Ми остана в ум од постот твој од пред некој ден и им реков.

Веројатно за скоро ќе ја носам пак, големиот сервис (каиш и водна пумпа) се последно направени пред 5 години, не е лошо да ги сменам и нив иако се поминати 40 од 70те илјади километри предвидени.