Здраво на сите,
Го следам форумов веќе неколку месеци и се одлучив да направам тема за совет во врска со нашата фамилијарна дилема за автомобил.
Моментално имаме Шкода Октавија 1.9 tdi 2006g, со 170к км на одометар(вистински уште 100к+ минимум, така ни кажаа на сервис кога ја однесовме) и освен пред неколку месеци што направивме полу ремонт(нова брегаста осовина, чистење дизни итн.) и редовни сервисирања, колата во овие 11 години што ја имаме немала никаков поголем проблем.
Е сега, потребна ни е втора кола, последниве 5-6 месеци со буџет до 7000 евра бараме кола од 2008г +, со 4 врати, претежно за возење низ град но и да може да се вози пријатно со неа на отворено. Како прва опција гледавме Поло, но за нашата висина таа кола е премала, така да ни треба една класа поголемо возило.
Моменталниот избор ни е помеѓу VW Golf 6 1.4 TSI Highline 90kw/122hp 2009г и Opel Meriva 1.4 TNG 120hp 2014г
Голфот има поминато 180к километри, го продава втор газда и е увезен од Бугарија, го има највисокото ниво на опрема, со команди на волан, климатроник, алкантара седишта, продавачот дури и има прикачено доказ од carvertical и би дал број на шасија за сами да провериме. Каросериски нема никакви забелешки. Колата се продава во друг град и треба да се оди до таму за да се види на лице место. Цената е 7000е
Меривата има поминато 140к километри, се продава од Autowelt, така да претпоставувам е германски увоз, од опрема по ова што гледам е основна, електрика само на предни стакла, темпомат, нема aux/bluetooth. Цената е 7700е
Моменталните опции се или да го купиме голфот за мене, татко ми да ја вози октавијата, или татко ми да ја земе меривата, јас да ја возам октавијата.
Главните проблеми на татко ми за голфот е потрошувачката, деловите за него би биле поскапи бидејќи е VW и дека е еуро 4.
За TSI на голфот читав дека потрошувачка е околу 9-10l и дека тие модели од 2009 имаат проблеми со ланчето на моторот(на огласот пишува дека е сменет пред 3000 км), додека за моторот на меривата и општо за опели не знам ништо, па сакам да ве прашам за ваше мислење во врска со коливе, лични искуства, искуства со дефекти, потрошувачка..