Автор Тема: цена за passat b7 highline  (Прочитано 2514 пати)

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
цена за passat b7 highline
« на: 26 Април 2023, 18:34:41 pm »
Другари, од коли знам само бензин/нафта да ставам и ко ке светне service now бордот да ја однесам на редовен сервис, и сега купив друга кола и пасатот така ми стои. Ме интересира која е реална цена на таа кола? 2012 годиште, купена тука од порше, редовно сервисирана во порше, немала ниту еден дефект, зачувана коска, во неа сме возени само јас сопругата (50 кила тежина) и син ми (30 кила горе/доле), значи не е ниту товарана ниту мачена. Возена стриктно на отворено, пошто за во град имам друг помал автомобил, 170 000 има поминато, хајлајн ниво на опрема, 2.0 TDI онаа со 140 и нешто коња, рачен менувач со 6 брзини, bluemotion, кожени седишта и тоа оние шо не ти го потат газот, светла од оние лед што вртат во кривина коа влегуваш, ауто стоп или старт, грејачи на седиште, фабрички затемнети стакла  итн ... Значи по сите прописи.

Со неа имам и 10 бандаши со гуми, 4 + 1 резерва летни и 4 + 1 резерва зимски. Значи бандаши со гуми a не само гуми.

Регистрирана пред 1 месец, зелен картон се тоа има.

Црна боја.

Е сега знам дека на невидено не се дава цена, ама еве претпоставете дека колата е коска здрава и заќувана, од првиот ден е гаражирана, колку би вредела? Стварно не се разбирам од коли и не сакам ни да се замарам или да се ценкам или да кјарам пари на нејзе, сакам да ја продадам одма да ми се мавне од главава.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #1 на: 26 Април 2023, 18:40:34 pm »
Колата е здрава, километражата те јаде. Купувачите не би ги интересирало ништо околу екстра тркала, тие подобро да ги продадеш посебно и нешто екстра да земеш.

Јас би рекол околу 9-10.000 Евра.

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #2 на: 26 Април 2023, 18:59:29 pm »
ок, фала, тоа ми требаше. а тоа за тркалата онака го кажав, неам на ум да ги продавам, кој ке ја земе ке му ги дадам, шо ке ми се иначе, само место да ми фаќаат.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7380
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #3 на: 26 Април 2023, 19:49:17 pm »
Зеро 2.0тди е, не е 1.6/

Со овие луди цени и таа историја, минимум 11.000€..   

едит: голден кар ако ја види темава ;D ;D ;D
« Последно менување: 26 Април 2023, 19:59:09 pm Спенсер »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #4 на: 26 Април 2023, 20:03:06 pm »
Слободно огласи ја 12.000€.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #5 на: 26 Април 2023, 20:10:34 pm »
12000 евра. Ако е како што викаш гаражирана и фаровите не се мрднати од сонце и заматени. Ако е миена детално на сликите, ако има теписонски патосници на сликите. И ако не е сликана во дрисла туку на убав ден и убаво прикладно место.

Комотно 12.000, може ќе спадне ама во денешно време како што салам мотори се реткост, со 2.0 тди не гледам проблем.

Па уште ако е со лед фарови, ич не се мисли. И 13 може комотно.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1667
цена за passat b7 highline
« Одговори #6 на: 26 Април 2023, 20:23:13 pm »
.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6804
  • French diamond
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #7 на: 26 Април 2023, 20:28:53 pm »
Зависи колку си тежок ти, ако си над 100кг, тогаш едно 2К помалку


 ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #8 на: 26 Април 2023, 21:44:07 pm »
Не сфаќам зошто немаш ставено слики да ти направиме "проценка".

Се зависи како се зачувани деталите. 170000 се ништо за тој мотор.


Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #9 на: 27 Април 2023, 01:20:24 am »
hahaha, 74, чисто да се знае.

Зависи колку си тежок ти, ако си над 100кг, тогаш едно 2К помалку


 ;D

Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #10 на: 27 Април 2023, 01:28:42 am »
да ти кажам така ми текна, а дома сум, а колата е во гаража и ме мрзеше да одам да ја сликам. не ми беше постов намера да ја продавам тука него ме интересираше колку би требало да и барам оти шо да ти кажам кога неам поима од коли. се интересирам и се распрашувам кога купувам или продавам и после тоа ко шо кажав, само нафта и сервис редовен. сега сакам да купам дали ауди а5 s line 2019 или tiguan и тоj е 2019. ама о том потом ке се распрашам, уште се двоумам. ај ке ја сликнам  нареден пат кога ке одам да ја земам (петок најкасно), бидејки не ми е примарно возило и повеке во гаража дреме, и ке ставам слики. т.е. ке снимам и ке ставам видео, таму нема лажење, филтрирања и шо ти ја знам.

Не сфаќам зошто немаш ставено слики да ти направиме "проценка".

Се зависи како се зачувани деталите. 170000 се ништо за тој мотор.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6391
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #11 на: 27 Април 2023, 07:34:12 am »
ете кола за @Nexia , што повеќе ако е колата како на зборовите...

прв пат слушам и некој да има посебно зимска со летна резерва, некои воопшто немаат, не пак 2 посебни тркала.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #12 на: 27 Април 2023, 10:40:44 am »
Јас разбрав дека веќе имаш купено друга кола.

Другари, од коли знам само бензин/нафта да ставам и ко ке светне service now бордот да ја однесам на редовен сервис, и сега купив друга кола и пасатот така ми стои. Ме интересира која е реална цена на таа кола? 2012 годиште, купена тука од порше, редовно сервисирана во порше, немала ниту еден дефект, зачувана коска, во неа сме возени само јас сопругата (50 кила тежина) и син ми (30 кила горе/доле), значи не е ниту товарана ниту мачена. Возена стриктно на отворено, пошто за во град имам друг помал автомобил, 170 000 има поминато, хајлајн ниво на опрема, 2.0 TDI онаа со 140 и нешто коња, рачен менувач со 6 брзини, bluemotion, кожени седишта и тоа оние шо не ти го потат газот, светла од оние лед што вртат во кривина коа влегуваш, ауто стоп или старт, грејачи на седиште, фабрички затемнети стакла  итн ... Значи по сите прописи.


да ти кажам така ми текна, а дома сум, а колата е во гаража и ме мрзеше да одам да ја сликам. не ми беше постов намера да ја продавам тука него ме интересираше колку би требало да и барам оти шо да ти кажам кога неам поима од коли. се интересирам и се распрашувам кога купувам или продавам и после тоа ко шо кажав, само нафта и сервис редовен. сега сакам да купам дали ауди а5 s line 2019 или tiguan и тоj е 2019. ама о том потом ке се распрашам, уште се двоумам. ај ке ја сликнам  нареден пат кога ке одам да ја земам (петок најкасно), бидејки не ми е примарно возило и повеке во гаража дреме, и ке ставам слики. т.е. ке снимам и ке ставам видео, таму нема лажење, филтрирања и шо ти ја знам.



Отсутен crcic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #13 на: 27 Април 2023, 12:29:22 pm »
абе купив јас волво xc60 за мене, оваа другава е за жена ми, бевме у делукс ауто во куманово, имаат добри аута половни, и гледавме ауди и тигуан, кога го видов аудито тоа беше љубов на прв поглед и ако го земеме тоа ке го возам и јас кога ке ми го дадат. арно ама аудито искрено ми е многу младалачко, ние сакаме suv шо се вика да може на тротоар да качи без проблем, арно ама тигуанов па е 2.0 150 коња, а сакам да е појака кола, за толку и пасатот ми е сега. аудито е 190 и нешто коња ама пак не ми е фамилијарна кола некако, повекје ми личи ко за пичиња бркање. исто сакам да има дигитален кокпит, со аудито го има а тигуанот го нема, а гледам дека има тигуан од 2018 - 2019 па и 2017 со дигитален кокпит итн.... е сега имаа и ауди q5 со се што ми се допага ама 10 000 евра поскапо е, и некако не ми се даваат, ама па од друга страна еднас ги давам и у наредни 10 години не се замарам со кола... ама ај да не ја тупам, мада ја иступив веке доволно, за тоа реков о том потом ке му ја милам. сега за сега имаме коли за да функционираме секојдневно и воопшто не ми се брза.

Јас разбрав дека веќе имаш купено друга кола.

Другари, од коли знам само бензин/нафта да ставам и ко ке светне service now бордот да ја однесам на редовен сервис, и сега купив друга кола и пасатот така ми стои. Ме интересира која е реална цена на таа кола? 2012 годиште, купена тука од порше, редовно сервисирана во порше, немала ниту еден дефект, зачувана коска, во неа сме возени само јас сопругата (50 кила тежина) и син ми (30 кила горе/доле), значи не е ниту товарана ниту мачена. Возена стриктно на отворено, пошто за во град имам друг помал автомобил, 170 000 има поминато, хајлајн ниво на опрема, 2.0 TDI онаа со 140 и нешто коња, рачен менувач со 6 брзини, bluemotion, кожени седишта и тоа оние шо не ти го потат газот, светла од оние лед што вртат во кривина коа влегуваш, ауто стоп или старт, грејачи на седиште, фабрички затемнети стакла  итн ... Значи по сите прописи.


да ти кажам така ми текна, а дома сум, а колата е во гаража и ме мрзеше да одам да ја сликам. не ми беше постов намера да ја продавам тука него ме интересираше колку би требало да и барам оти шо да ти кажам кога неам поима од коли. се интересирам и се распрашувам кога купувам или продавам и после тоа ко шо кажав, само нафта и сервис редовен. сега сакам да купам дали ауди а5 s line 2019 или tiguan и тоj е 2019. ама о том потом ке се распрашам, уште се двоумам. ај ке ја сликнам  нареден пат кога ке одам да ја земам (петок најкасно), бидејки не ми е примарно возило и повеке во гаража дреме, и ке ставам слики. т.е. ке снимам и ке ставам видео, таму нема лажење, филтрирања и шо ти ја знам.



Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
  • .
Одг: цена за passat b7 highline
« Одговори #14 на: 27 Април 2023, 14:28:58 pm »
Тој пасат со таа опрема, таков мотор и веродостоен сервисен историат можеш комотно да го објавиш за 13,500 евра (ќе имаш простор за пазарење) иако е 2012 годиште. Тие што ценат добра и здрава кола нема многу да се ценкат.
VW MK-7 (1.6 тди)