Автор Тема: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava  (Прочитано 849 пати)

Отсутен Gyro

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« на: 15 Април 2023, 22:50:34 pm »
Здраво на сите, најпрво сакам да ви честитам среќни празници.

Станува збор за Fiat Brava 1.2 SX 2000-та година. Пред скоро месец дена се мењаше казанчето за парно, но пред 2 недели протече повторно од кај спојката каде што преминува од кабина до пределот кај моторот. Откако се среди по втор пат, колата не пали. Светлото за имобилајзерот останува упалено и моторот само вергла. Пробавме и со главниот црвен клуч но истото е. Досега се нема десено вакво нешто со колава.

Некој да не има да препорача клучар / електричар што има искуство со Фиати, да се провери инсталацијата или во најлош случај комплетно да се исклучи имобилајзерот. Ги имам сите оригинални клучеви и код картичката.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #1 на: 15 Април 2023, 23:38:03 pm »
Пиши локација и до каде најмногу може колата да се однесе.

Отсутен Gyro

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #2 на: 16 Април 2023, 00:21:28 am »
А да, изумив да кажам дека сум во Скопје. Како што стојат работите единствена опција е со шлеп во реон на Скопје.
Колата остана кај мајсторот бидејќи сето ова се деси во четвроткот при крајот на работното време. После празнициве ќе се обидеме пак, но сакам да имам спремно и други опции со цел да се среди што е можно побрзо.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #3 на: 16 Април 2023, 08:52:41 am »
Ако ја имаш код картичката, има процедура за палење за итни случаи. Опишана е во упатството на колата.
Повели: https://www.manualslib.com/manual/1018154/Fiat-Brava.html?page=327

Ова би требало да те спаси од трошок за шлеп :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #4 на: 16 Април 2023, 09:02:24 am »
Јас мислам дека некоја жица е побркана додека е вадено парното, пробај ја процедурата која Симо ја испрати и ми изгледа како добрра опција да не плаќаш шлеп се додека не се направи колата и не се најде добар автоелектричар.
« Последно менување: 16 Април 2023, 09:11:54 am nestor04 »

Отсутен Gyro

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #5 на: 16 Април 2023, 10:43:30 am »
Фала ви, процедурата веќе еднаш ја пробав но таа јас што ја најдов беше малце поразлична од оваа и не работеше. Ќе пробам попосле да отидам да ја пробам оваа што ми ја пративте.

Јас мислам дека некоја жица е побркана додека е вадено парното, пробај ја процедурата која Симо ја испрати и ми изгледа како добрра опција да не плаќаш шлеп се додека не се направи колата и не се најде добар автоелектричар.
И јас го мислам истото, откако првиот пат се мењаше парното (се вадеше целата шалтабла) недела дена ја возев без проблеми. Вториот пат кога ја оставив, мајсторот ја препаркирал и откако завршил со работа не пали. Тврди дека овој пат ништо не вадел, имаше само едно пластично делче од совозачката страна извадено за да се стигне до гумичките на парното.

Гледам во упатството има и шеми за каде може да се најде CODE модулот и слично. Така да штом се врати мајсторот ќе ги провериме сите конектори.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #6 на: 16 Април 2023, 11:43:05 am »
Ili immo off da napravis, ne bi trebalo da e skap za volku star model

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Gyro

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #7 на: 16 Април 2023, 11:46:22 am »
Да, и тоа е опција ако останатото не успее. Затоа и прашав за предлог за некој што работи со тоа, ако знаете некој пратете инфо, фала ви.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #8 на: 16 Април 2023, 12:03:09 pm »
Да, и тоа е опција ако останатото не успее. Затоа и прашав за предлог за некој што работи со тоа, ако знаете некој пратете инфо, фала ви.

Побарај го Нено Авто Клиник во Маџари:

Auto Clinic
075 384 109
https://maps.app.goo.gl/8Ht4UYvkoGF1feqR9

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #9 на: 16 Април 2023, 13:37:16 pm »
Не е скапо immo off за тој тип на возило, но поевтино е да се среди една жичка кај добар електричар отколку immo off.
Едит:Околу 80€ е immo off, барај електричар.
« Последно менување: 16 Април 2023, 14:04:22 pm nestor04 »

Отсутен Gyro

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #10 на: 16 Април 2023, 22:13:01 pm »
Не успеав денес да го проверам кодот. Во секој случај прво ќе се проба да се среди како што треба, верувам дека нешто е изместено, само да се најде што.

По тоа што читав во упатството, ако колата запали со кодот од картичката значи дека имобилајзерот и компјутерот работат како што треба и дека проблемот е до клучевите, што не ми е верно. Ако ни со кодот не запали значи дека има негде прекин во конекцијата помеѓу антената во бравата, имобилајзерот или компјутерот.

Во среда ќе се отвори све детално да се види. Ќе пишам апдејт :)

Уште еднаш фала ви на сите за помошта.

Отсутен Gyro

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Проблем со имобилајзер на Fiat Brava
« Одговори #11 на: 25 Април 2023, 12:28:37 pm »
Проблемот со имобалајзерот е решен. Кабелот за антената на бравата бил прецвикан. Вчера го сменија во Фиат Дерби и сега работи секој пат. Попатно ги сменија и гумичките што протекоа - повторно течеше иако претходниот мајстор веќе 2 пати ги смени. Ќе видиме деновиве дали и тоа е комплетно решено.