Имам една алфа 147 со неколку ситни проблеми,моторот е 1.9ЈТДм 16В 150кс.
1.Свети ASR/VDC сигналот,на моменти се губи и по кратко повторно се вклучува.
-Имам пробано со друг АБС сензор (напред) но не е до тоа,друго шо видов на плочките има сензор и жицата беше прекршена,бланкирав и ја споив потоа со бужур изолирав но проблемот остана,викам да проверам на другата страна исто да не е прекршена жицата но таму нема сензор на плочките ни пак има инсталација од колата за сензор.
Се мислам и ASR копчето да не е дефек.
2.Проблем со ЕГР,пред некој ден превентивно го исчистив,работеше добро и механичкиот и електричниот дел,вчера у вожна заглави и ме остави во близина на Струмица,со консултација со мајсторо вика дека бил некој кинески,а јас ич не го загледав кога го чистев.
Привремено стави лимче.
Сеа се мислам дали некој половен да шибнам или софтверски да се исклучи.
Колку би коштало софтверски да се исклучи?
3.Лептирите на усисна грана треба да се средат,кога погледнав ја немаше ниту полугата да се вртат сите заедно него играа "оро" на кој како му текне 😆,на ладна кола верглаше повеќе од шо треба и со консултацоја со маестро Симо ме посочи таму да погледнам и таму беше проблемот,сите ги наместив со рокчето да гледат на 11 часот (така се отворени лептирите) и одозгора шприцнав силикон за температура.
Не е идеално решение се гледа дека "диши" од таму но барем не се вртат,сега се мислам да ја извадам граната,да ги избијам тие лептирите и со двокомпонентен+лимчиња да ги залепам отворите или да ја носам некаде на лепење?
Моторчето дали мора да се вади или може да остане и дали ако го извадам ќе појавува грешка на шал таблата или на еку.
Или мора и тоа софтверски да се исклучи и колку кошта?
4.Има некој звук од 2000 грм нагоре како некој затегач да зуи,насабајле малку квичи линискиот каиш,ребрест со водна пумпа иѓа сменето пред неполни 30.000км.
-Кажав и тоа на мајсторот да го провери но изгледа не обрна внимание.
5.Задна десна врата е заглавена,не се отвара ни од внатре ни од надвор
Тоа е тоа 😆
Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk