Во ред.
Јас ги застапувам нив и ја нудам истата услуга која ја нудат БР, освен што немам dyno и голема опремана гаража, но ги имам истите алатки кои ги имаат тие.
Е сега во конкретниов случај можеби грешно сум напишал или ти погрешно си ме сфатил.
Мапата (или БР) нуди намалување на потрошувачката ±6% или во превод може возилото да троши 6% помалку гориво на 100км возено на ист начин пред и после ремапот. Тој процент може да биде од 1 па сѐ до 6% или повеќе во зависност од исправноста и состојбата на возилото, горивото кое го користи, маслото, дизните, усис чист/валкан, добар/лош издув и така натака, затоа во таа цена е вклучена и комплетна дијагносрика и пеоверка на компонентите на возилото со соодветна дијагностика и проверка параметар по параметар (дизни, мап, маф, турбина ако има, ламбда, егр, дпф ако има и така натака).