Автор Тема: Увоз на возило од Германија 2023  (Прочитано 5951 пати)

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Увоз на возило од Германија 2023
« на: 05 Март 2023, 19:45:52 pm »
Здраво, крај на месец ке идам во Германија да донесам возило за прв пат, дали може некој да го опише целиот процес од почеток до крај  тука или во порака.
П.с (ја знам нешто од нешто, но ми фалат информации и искуства од луѓе што биле скоро) Во план ми е да купам:корса,поло,астра,голф,ибица итн.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #1 на: 05 Март 2023, 20:08:49 pm »
Gi imas poglednato cenite? Se sto vredi e vo nebo otideno so cena, zatoa i prasuvam

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #2 на: 05 Март 2023, 20:21:01 pm »
Gi imas poglednato cenite? Se sto vredi e vo nebo otideno so cena, zatoa i prasuvam

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Ги имам, да не идеме оф топик.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #3 на: 05 Март 2023, 21:39:08 pm »
1.Лоцирај 2-3 возила во помал круг да видиш,пошо секое шетање е пари и време губење.
2.Потпишваш купопродажен договор,вадиш цол табли и бегаш.
Ако се договориш со продавачот за повраток на данок ќе треба да ти направат и извозни документи,па на излез од ЕУ да ти ги заверат дека си ја изнесил колата од ЕУ.
Има доста фирми(плацеви) кои те земаат од најблискиот аеродром,или железничка станица и ти помагаат со документите.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #4 на: 05 Март 2023, 21:43:30 pm »
Zemi si barem na 3-4 placevi addresi. Ili od privatni lica.
Najidealno e da imas nekogo tamu da ja vidi i kaparisa pa samo da ja zemes.

Bidi si spremen da smestaj ako ne najdes toj den podobro da prespies pa nareden den gledas otkolku da izbrzas.

A od tehnicki raboti samo col tablicki(koi se vadat za 20min se komplet) proverka od slizbeno lice dali odgovaraat dokumentite so sasija i cepas doma.
Eur1 dokument ne gledaj, placevi tesko da ti dadat, a fizicki lica ne se zamaraat. Ako ne znaes jazik na spedicija nema ni da probaaat da ti pomognat.

Ali ke napomenam, pazi se od skrieni raboti od placevi. Skoro sitr turci/cigani gi drzat.
Pazi se od poplaveni, barem jas koga gledav imase mnogu poplaveni

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #5 на: 05 Март 2023, 21:46:59 pm »
Со физички лица дур договориш термин ќе ти се одмили и кола и купување.
За набрзина купување најдобро е од плац.
Ако има кај да престојува,другар,роднина тогаш е друг муабет,има логистика. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #6 на: 05 Март 2023, 21:50:17 pm »
Da da fizicki lica ne se zamaraat. Kazuvaat sat/den koga mozat. A usoglasuvanje nekolku fizicki lica i so avionski let vo ist den e nevozmozno

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #7 на: 05 Март 2023, 22:04:04 pm »
Која е процедурата ако се донесе возилото на редовни германски таблици тука?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #8 на: 05 Март 2023, 22:06:18 pm »
Ke mora da se vratat tablicite Germanija za da se odjavi kolata,pa tuka da pocnis postapka za carinenje.Pa na slep ednas ke napravis krug okolu granica,izlez-vlez i ja nosis na carina.Barem taka bese porano.
Ke zastedis nekoj denar za coll tablicite poso i tie gi napravija vekje po 300eur...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #9 на: 05 Март 2023, 23:51:25 pm »
Ви благодарам на сите за споделените информации, мислев дека е ептен комплицирано но вака изледа на лесно, останува на мене какво возило ќе најдам.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #10 на: 06 Март 2023, 08:24:32 am »
Информација од 2017 - Трошоците за документи и увоз се малце поголеми, ама се друго е исто.

Со регуларни таблички.

Ако увезуваш кола со редовни/регуларни регистерски таблички немаш право на ЕУР1 документ. Но, тоа и е не е така лошо, конкретно во твојот случај.
Затоа што, за да извадиш ЕУР1, треба прво да ја префрлиш на цол таблички, па да поднесеш документи во Германска царина за ЕУР 1 (кој чини околу 70-100 евра).
Се надевам дека твојот пријател или син му има македонско државјанство/пасош (паралелно со германското) затоа што ќе му треба, за да може да ја увезе со регуларни таблички. Ако нема, тогаш, сакал нејќел ќе мора да ја донесе на цол таблички.
Процедурата е следна:
Си доаѓа со колата најнормално во Македонија. Ја носите на царински терминал (во зависност каде му е адресата на живеење по документи на сопственикот на возилото). Си наоѓате шпедиција која ќе ви спрема документација за увоз. Ја внесувате колата на царински терминал (рано сабајле, околу7/8 за да завршите работа до ручек.). Се спрема документација, копоја од пасош, сообраќајна, царинска декларација, итн. После ја гледа цариник и добиваш на крај проценка од него и сума која треба да ја уплатите за царина и ддв.
После тоа уплаќате во некоја банка и ја вадите колата од терминал и плаќате лежарина за самиот терминал. Работата таму е веќе завршена.

После тоа излегуваш од терминалот, плаќаш лежарина и одиш во некој од пунктовите за технички кадешто изработуваат препознавања, хомологации, пуштања во сообраќај, итн.
Најлесно и најбрзо оди ако имаш COC (Certificate Of Conformity) со самата кола. Така ќе ти извршат препознавање, и целата процедура трае два-три дена и чини 2000 денари (горе-долу).
Во тој документ пишува се за твојата кола. Сите технички карактеристики, податоци (погледни во линкчето подолу, најди примерок како изгледа за Фолксваген Голф).
 https://www.eurococ.eu/de/. Човекот/сопственикот може да си провери кај него во самата папка за возила дали стои. Обично е во жолта сина папка до самата сервисна книшка.

Откако ќе завршите таму, човекот си ги зема регуларните таблици и двата дела од сообраќајната (во Германија се дводелни сообраќајните) и во германското Zulassungsstelle (место кадешто се регистрираат коли) ја одјавува од Германија. После ти ги праќа двете сообраќајни на тебе. Ти ги преведуваш кај преведувач, со документите од техничкиот, препознавање, хомологација, осигурување поднесуваш за регистрација.

Давачките се:
Возење до Македонија
1000 денари лежарина
Царина + ДДВ
Хомологација/препознавање 2000 денари
Прва регистрација + Осигурување + Таблички

Со цол таблички:

Сопственикот уште во Германија треба да ја префрли на цол таблички. Целата процедура (пре-регистрација, нови црвени таблички, данок, осигурување) ќе чини дополнителни 150-160 евра. После, со тие таблички има право да поднесе барање до германска царина за да му се издаде ЕУР1 документ. Најдобро е да се користи шпедиција за тоа, но и самата шпедиција ќе си земе мал надомест за завршената работа. 2016та ЕУР1 мене ме чинеше 72 евра, ама имај во предвид дека јас го извадив во Северна Рајна Вестфалија. Во Берлин може да има друга цена.
И откако се заврши работата со табличките, може да си го донесе за Македонија. На влез во државата (табановце) бараш шпедиција што ќе ти ги среди документите за влез. Припреми си некоја уште пред да дојде човекот на граница со самата кола. Така веќе на влез во Македонија ќе знаеш каде да одиш. Најди си шпедиција однапред што ќе ти помогне да ја цариниш на терминал во Македонија и најчесто тие си имаат шпедиција на Табановце со која соработуваат и ќе те упатат каде да одиш. После влез на Табановце имаш 24 часа да се јавиш на царински терминал. Затоа добро темпирај викенд, слободни денови, итн. Се појавуваш таму, ја внесуваш во кругот на теминал, средувате декларацијата таму, чекаш цариник да ја прегледа, ти даваат уплатница колку да платиш на државата. Плаќаш по брза постапка (ќе ти кажат кој код на уплатницата да го пишеш), чекаш да легнат парите на сметка во Буџет.
И понатаму е иста процедурата како погоре после излегување од терминалот.

Давачките се:
160 евра цол таблички
цирка 100 евра ЕУР1 (ако решите да го вадите)
Возење до Македонија
2000 денари за шпедиција на влез во Македонија
Царина + ДДВ
Хомологација/препознавање 2000 денари
Прва регистрација + Осигурување + Таблички

А колку би чинела царината и хомологацијата провери на давачкизавозила.ком
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #11 на: 06 Март 2023, 11:05:08 am »
Па добро реално не било толку многу комплицирано. Пре би го правел ова не го да земам некој „180 000км“ крш.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #12 на: 06 Март 2023, 20:45:24 pm »
Нормално дека не е комплицирано или тешко. Само треба малце повеќе време, трпение и снаодливост.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #13 на: 06 Март 2023, 21:38:49 pm »
@Luki Junior за советник у царина за увоз на коли! Сеуште должам пиво, пиши пп кога ќе доаѓаш во нмк :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Увоз на возило од Германија 2023
« Одговори #14 на: 06 Март 2023, 23:57:25 pm »
Па добро реално не било толку многу комплицирано. Пре би го правел ова не го да земам некој „180 000км“ крш.

Комплицирано е ако отидеш на лице место и колата не е баш таква како што е понудена, па треба да бараш од ново друга па да се акаш со рента хотели итн итн. 100еур дадов за кар вертикал и давачки за возила минатава недела, сите се сомнителни.