Ако има препорака за некои проверени плацеви во Германија (како кај нас што се ауто велт, Де лукс, Ауто Милано и сл) или поточно салони за половни коли со комплетна документација и сервисна историја, да си направиш листа од 2-3 такви, кога ќе таксаш нешто провери на Карвертикал, мислам дека е најбезболна варијанта. Би било уште подобро да можеш да ги исконтактираш уште пред да отидеш, чиста да имаш претстава колку е сериозна фирмата, прашај дали би ти асистирале да ти извадат еур1 (колку толку да ушпараш неколе евро кај нас за давачките).
Јас нешто што гледав по Словенија, има цени на коли со посебно искажан ддв, односно увезени коли во Словенија, стои „експорт (извозна)“ цена, тоа би дошло нешто како реекспорт ако пример ја купуваш за МК, а ако ја купи словенец ќе треба да си плати плус ддв. Само дилемата ми е дали мора да ја платиш фул цената таму (со ддв) па после откако ќе ја увезеш во МК, праќаш документи до фирмата и ти го враќа платеното ддв таму.
Ти посакувам успешна приказна на крај, да си одбереш и најдеш нешто по кеф.