Еве јас да ви пренесам потрошувачка за Спортажот, купен во декември минатата година и сега веќе поминати 3700 километри.
Низ град потрошувачката се движи околу 9, нема подолу од тоа, безразлика зима/лето, гуми зимски летни, гужви, клима и слично.
На отворено, потрошувачката може да варира нормално и од стилот на возење. Кај мене бидејќи не сум некој агресивен возач и не преферирам повеќе од 130 км/ч, потрошувачката се движи околу 6.5 литри. Како за референца, во јуни бев до Калитеа и назад, поминати некои 700 километри, и потрошувачката беше 5.5 литри.
Она што е интересно за Спортажот е дека иако е големо и тешко возило, е дека кога ќе го притиснеш си повлекува убаво и знае да ја искористи силата на моторот која што ја има.
На крајот на денот се сведува на тоа кој што сака да вози, во кој ценовен ранг и дали ќе биде безнин/плин/дизел.