Sto pokriva i koj videl fajde od taa famozna 7 godisna garancija ?
Primer ekran koj sam od sebe se raspaga za 400.0000 den....
И 800.000 ќе дадам задоволен дека споделив клучна информација со вас!
Јас искрено не знам кој го имаше проблемот, по коментарот претпоставувам ти, само знам дека има екран кој се одлепува, и дека цената е премногу висока за заменски дел. Дури би рекол навредливо висока. И ти благодарам што ја сподели информацијата, добро е да се знае.
Но и искрено ме интересира што покрива таа гаранција ?
Да, 7 години е, но кој видел фајде во реалниот живот, што проблем се појавил кој од Киа го одобриле под таа гаранција.
Уште немам слушнато за конектен проблем, но имам слушнато неколку примери од луѓе кој ги познавам кој имале проблем и кој не им бил признат под гаранција.
Едноставно, се е заменски дел во кола.
Мене лично Kia Ceed и Stonic многу ми се допаѓаат. Да можев да возам хеч, пред некоја година најверојатно ќе беше Ceed или Mazda 3.
Sportage не можам да го смислам, како што Zero не го сака S-Cross-от
Инаку, на темава, ги имам возено старите модели на Tucson ор 2016-2017 и 2021 моделот на Sportage, со 1.6 моторот без турбо со 136кс.
3 пати го пробував оти невестата сакаше да го купам Tucson-от, ама не бива тој мотор, како што 1.4 моторот со 95кс на Фиат Типо не е за таа кола.
Suzuki S-Сross е првично изработен во соработка со Фиат, е е многу сличен со предходното Стило кое го возев. До толку ми беше слично, што не се осекав дека седам во различна кола. Арно ама возењето, респонсивноста и општо самото возило беше многу по забавно, може и најзабавно и најубаво за возење од скоро сите коли на кој имав тест возење. Не ја земав од проста причина што сакав нешто различно,
Сакав Alfa Romeo Giulia, ама не можам да влезам и излезам од неа.
Сакав Fiat 500x ама не ме собира во неа.
Сакам BMW x5 ама немам толку пари.
Сакам Rav4, ден денес се чудам и не знам зошто не ја земав кога беше на промоција пред некоја година. Болна тема, не смее да се спомне низ дома.
Сакав Мондео, барав 2 години, најдов и купив.
Крај краева како возач треба јас да седнам во колата и да ја возам. Нема логика да купам нешто што не сакам, без разлика дали е скапо одржувањето или што возат другите.
Така и со темава, дечково што бара спомнува услови, потреби, логичен избор, што се е ок, но не кажа што сака.
А ако на CarClub форум не може да си кажеш што сакаш, каде