Да, колата е земена 27.000 ЕУР ама има многу додатна опрема.
Земав дигитален кокпит, поголемиот екран, панорамски кров, тој Black Dots пакетот за седиштата, трокрак волан, и внатре има не знам амбиентално осветлување и некои други цаки. Исто безжично полнење на телефон и wireless Carplay, како и автоматско отварање и затварање на багажот, паркинг сензори и паркинг камера позади. Плус доплатив и за 5 години/50.000км продолжена гаранција. Може има уште нешто што не ми текнува искрено. Бандашите исто не се основните туку беа поскапа некоја верзија, ама сакав да бидат црни да одат со кровните шини и баш добар шмек даваат.
Јас почнав од поскапата верзија на 1.0 моторот и дополнително си земав се што ми правеше мерак. Искрено не жалам за ништо. Освен тој проблемот со кочниците што шкрипеа - и се реши ма да малку со натегање првично - колата е топ. За сеа вози супер, не сум имала проблеми некакви нити жалби. Да го вратам времето, пак истата одлука би ја донела. Мене лично Kamiq-ов многу ми се свиѓа од надвор, а и внатре е комотна, и панорамскиот кров ептен ми прави мерак.
Моторот конкретно мене да речам не ми менува нешто особено. Не одам по некои којзнае какви предели, најчесто по автопати се возам и не возам нешто брзо. За 120/130 на саат си вози удобро и лесно.
Според апликацијава до сеа имам поминато 3.950 км, просечна потрошувачка 6.4.
Инаку за споредба тој период гледав Ford Puma и Peugeut 2008, тие исто многу ми се свиѓаа. Ама сите модели со оваа опрема што тука ја имав земено беа поскапи, дури и некои возила на лагер што им беа на акција. Сега искрено па и не пратам дали се имаат сменето цените и како е. Ама тоа што видов е дека основните верзии на Kamiq што се сега во каталог се малку поскапи од периодот јас кога направив порачка, што беше септември 2022. За дополнителната опрема не знам.