Автор Тема: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh  (Прочитано 1612 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #1 на: 09 Февруари 2023, 19:16:25 pm »
Имам влезено во салон во колава. Стварно е комотна и сѐ тоа.

Дизајнерски некако ми нема карактер. 

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #2 на: 09 Февруари 2023, 19:45:37 pm »
За кола од 60.000+ еур има најгадна внатрешност што имам видено. Не знам како некој на LinkedIN може да стави дека работи дизајн во Volkswagen, ужасно - особено „шал“ таблана.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #3 на: 09 Февруари 2023, 19:56:53 pm »
Одлично електрично возило за 23500 евра.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #4 на: 09 Февруари 2023, 20:28:01 pm »
TheStraightPipes на ривјуто за eQ4 рекоа дека ID4 е најлошо возило што го возеле.


Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #5 на: 09 Февруари 2023, 22:03:22 pm »
Колку е добра саде ајди четворки по град

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #6 на: 10 Февруари 2023, 06:54:58 am »
По тој муабет и Џулиите „колку се добри, саде Џулии во град“. А ни Вејроните не се погодија, не ги глеаме нешто многу. ;)

Не ги споредувам колите, да не се разбереме погрешно - само бројката на продадени возила (особено во Македонија) не е индикатор за тоа колку е нешто добро.

Лично, јас со задоволство би возел ID.3. Ова е преголемо за мене и моите потреби.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #7 на: 10 Февруари 2023, 07:53:14 am »
Колку е рејнџ и потрошња на Стандардизираниот тест на Карклуб? Сепак е голема кола и тоа е клучна работа. Да е еUP ќе прогледаме низ прсти.

П.С. полнење дома/викендица/камп/смештај 77кв/3кв=25ч со слаба струја надвор од градови 77кв/2кв=38ч ако не се стопи инсталацијата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #8 на: 10 Февруари 2023, 09:51:43 am »
Ќе има малку поекстензивно тестирање на таа тема наскоро. Ќе го правам и тестот на обиколница, и едно мерење Скопје -> Охрид -> Скопје.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #9 на: 10 Февруари 2023, 09:59:57 am »
Струјашиве докажано се исплатливи само во град, најголема маана им е дометот т.е. автономијата. За во град поголема кола од "класа Yaris" реално не треба, и не гледам потреба да купуваш волкав камион за во град. Наместо да се фокусираат на помали струјаши, они почнаа камиончиња да прават. Ако излезам на автопат, на 300-350 км да правам пауза по 1 саат, е нелогично

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #10 на: 10 Февруари 2023, 10:14:21 am »
Ќе има малку поекстензивно тестирање на таа тема наскоро. Ќе го правам и тестот на обиколница, и едно мерење Скопје -> Охрид -> Скопје.
Супер. Само да не ги измешаме работите, сепак стандарден тест си е стандарден. Другото е многу субјективно, и нема поента. Мислам океј е како дополна, ама значењето му е незначително. Особено за вакви коли каде од огромно значење е брзината. Субјективноста е енормна при тестирања на електрични возила и најубаво е да се исклучи од равенката доколку е возможно.

Струјашиве докажано се исплатливи само во град, најголема маана им е дометот т.е. автономијата. За во град поголема кола од "класа Yaris" реално не треба, и не гледам потреба да купуваш волкав камион за во град. Наместо да се фокусираат на помали струјаши, они почнаа камиончиња да прават. Ако излезам на автопат, на 300-350 км да правам пауза по 1 саат, е нелогично
Моето мислење сосема се поклопува. Електрично има логика за мало и тоа многу мало возило за низ град. И нема никаква логика да биде големо, затоа што поголеми возила ВО ОСНОВА се возила за поголеми дистанци. А електричните имаат голем проблем со дистанци. Така да eUP за 16900 евра е многу пологичен избор за електрично возило отколку вакви некои ID4.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #11 на: 10 Февруари 2023, 11:39:03 am »
По тој муабет и Џулиите „колку се добри, саде Џулии во град“. А ни Вејроните не се погодија, не ги глеаме нешто многу. ;)

Не ги споредувам колите, да не се разбереме погрешно - само бројката на продадени возила (особено во Македонија) не е индикатор за тоа колку е нешто добро.

Лично, јас со задоволство би возел ID.3. Ова е преголемо за мене и моите потреби.
Колку е голем, како Тигуанот? Дали ради изгледот, ама делува не баш за големо возило, што знам. Не паднал некој во очи, ID.3 има повеќе, ID.4 ко да ги нема.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #12 на: 10 Февруари 2023, 11:39:45 am »
треба да си постои и ID4 со субвенции од 40.000евра за таксисти

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #13 на: 10 Февруари 2023, 11:40:58 am »
треба да си постои и ID4 со субвенции од 40.000евра за таксисти
Зошто не ID3 за таксисти? Тоа е најлогична такси кола, еве се утепаа од вртење низ Скопје.

ID4 ни за град, ни за надвор. Ни таму, ни ваму.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: 2023 Volkswagen ID.4 Pro Performance 77 kWh
« Одговори #14 на: 10 Февруари 2023, 11:49:28 am »
Во Германија Јануари 23та, продадени ID4 и 5

39   VW ID.4, ID.5   1,471   0.8%

73   VW ID.3   805   0.4%

Од друга страна Model Y

4   Tesla Model Y   3,708   2.1%

ИД4 има повисока почетна цена од Y во Германија :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"