Автор Тема: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback  (Прочитано 14800 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #15 на: 28 Февруари 2023, 09:39:23 am »
Адитивите за прочистување може да помогнат, ама не секогаш. Најдобро решение е секогаш отварање на мотор, чистење и промена на кариките, но за жал најскапо.

Што се однесува на гарежот на клапната, јасно се гледа дека е комбинација од масло и нечистотии. Кога веќе си го отворил моторот, отвори го и исчисти го ЕГР вентилот, очекувам слична ситуација и кај него..

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #16 на: 28 Февруари 2023, 11:09:53 am »
Адитивите за прочистување може да помогнат, ама не секогаш. Најдобро решение е секогаш отварање на мотор, чистење и промена на кариките, но за жал најскапо.
Отварање на фабрички  моторот  е импровизација и ризик поготово за јапонец каде што толеранцијата според термогрупата  е доведена до перфекција, и затоа се прави само во краен случај  со предходно извршени сите неопходни мерења,за да и ако смениш нешто да бидиш сигурен дека ке биде како што треба (нели тоа е и целта).

Зошто менуваш вентили , искривени ли се?

Во случајот се работи за прилично нов автомобил што сигурно не е стоен со години не запален, така да има голема веројатност  адитивите да си завршат работа


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #17 на: 28 Февруари 2023, 21:13:13 pm »
Колку ја плати колава?
25% поевтино од тоа шо му бараат на увезените дизели по плацови кај нас.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #18 на: 28 Февруари 2023, 21:14:51 pm »
Адитивите за прочистување може да помогнат, ама не секогаш. Најдобро решение е секогаш отварање на мотор, чистење и промена на кариките, но за жал најскапо.

Што се однесува на гарежот на клапната, јасно се гледа дека е комбинација од масло и нечистотии. Кога веќе си го отворил моторот, отвори го и исчисти го ЕГР вентилот, очекувам слична ситуација и кај него..
Да да обавезно од утре егр и грана издувна чистење и на шо има друго попратно.
Кога е веќе се отворено....

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #19 на: 28 Февруари 2023, 21:19:50 pm »
Не знам колку се гледа на сликата, вентилите изгорени оштетени, исто и воџиците под граница на толеранција.
Може би можел да поминам со обработка само на истите, ама не ми гарантираа колку би било тоа трајно решение. Колата има и плин местен пред некој си 30.000 км.  Не би сакал во блиска иднина да имам потреба од ваков зафат.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #20 на: 28 Февруари 2023, 21:32:53 pm »
Како и да е очекувам наредната недела колата да е склопена и да почнам пак да ја возам. Денес на шопинг во Солун па испазарено следното:

Комплетче за ремонт:

Mahle карики и вентили;
Elring горна гарнитура дихтони, семринзи и гумици за вентили;
Elring штрафови за декла;
Meteli  воџици за вентили;
King летечи лагери;
Denso свеќици;
Victor reinz дихт маса

Коплет за голем сервис:

Graf водна пумпа;
Fai сет ланец;
Пк каиш, фали ролер и антифриз ама тоа од кај нас ќе докупам.

Aisin сет потисна, ламела и друг лагер.

Комплет за мал сервис:
Jappanparts Маслен, воздушен и за кабина филтри;
Shell Helix ultra 5w40 4+1l  масло.

« Последно менување: 01 Март 2023, 22:27:33 pm tomaso »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #21 на: 28 Февруари 2023, 21:38:46 pm »
Оти се срамите и цени да пишете?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #22 на: 28 Февруари 2023, 21:44:40 pm »
Оти се срамите и цени да пишете?
Чекај да израчунам, од 3 различни дуќани беа купени. Грубо околу 50,000 денари, плус гориво и патарини. Гира и кафе изпат не ги рачунам :)

За шо конкретно те инересира цена?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #23 на: 28 Февруари 2023, 21:54:52 pm »
Пошто јас сум навикнат да пишувам се, очекувам од сите исто.

Не дека нешто конкретно ме интересира, онака, оквирно би била добра информација колку би коштало зафат од ваков тип, јер форум - создаваме база на информации.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #24 на: 28 Февруари 2023, 22:04:01 pm »
Ќе биди се споделено со се работна рака и цени детално на сите делови. Гранд тотал кост ќе има. Сеа баш додавам делови во кошница на аутоцентар, ме интересира колку би коштало кај нас ако беа купени деловите. Не ми се верува дека некој делови кај нас ги продаваат 70% поскапо....

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #25 на: 28 Февруари 2023, 22:05:55 pm »
Наздравје пазарот , а праша ли за оригинал делови во овластен за Мазда колку се?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #26 на: 28 Февруари 2023, 22:27:10 pm »
Ќе биди се споделено со се работна рака и цени детално на сите делови. Гранд тотал кост ќе има. Сеа баш додавам делови во кошница на аутоцентар, ме интересира колку би коштало кај нас ако беа купени деловите. Не ми се верува дека некој делови кај нас ги продаваат 70% поскапо....

Хм... Од нивните цени шлог ќе добиеш.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #27 на: 01 Март 2023, 08:07:46 am »
Иниохос диокитириу- од кај што ти е кесата , најдобар за јапонски во Солун, нема промашај  со квалитет и се е на лагер , ако не е за 3 саати го имаат.Од 2008 само таму купувам , цените се смешни во споредба со НМК.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #28 на: 01 Март 2023, 08:50:48 am »
Ќе биди се споделено со се работна рака и цени детално на сите делови. Гранд тотал кост ќе има. Сеа баш додавам делови во кошница на аутоцентар, ме интересира колку би коштало кај нас ако беа купени деловите. Не ми се верува дека некој делови кај нас ги продаваат 70% поскапо....

na mene za hladnjak vo skopje mi pobaraa 230 evra. Skroz istiot vo bugarija 80 evra. Najakoto e sto vo makedonija ne go ni imaa tuku trebase da cekam da go naracuvaat.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #29 на: 01 Март 2023, 11:12:01 am »
Иниохос диокитириу- од кај што ти е кесата , најдобар за јапонски во Солун, нема промашај  со квалитет и се е на лагер , ако не е за 3 саати го имаат.Од 2008 само таму купувам , цените се смешни во споредба со НМК.


https://goo.gl/maps/aCsE6cDoVqYt7P796  Ова?