Автор Тема: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback  (Прочитано 14807 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« на: 07 Февруари 2023, 01:09:34 am »
Ајде да не бидам од оние шо само барале помош па ги нема после нигде..
Прилично брзо ја најдов. Нецели 2 недели барав кола од ко ја продадов старата.
Како шо гласи насоловот веќе има еден месец од кога сум сопственик на Мазда 6.

Од опрема нема ништо посебно
Клима автоматска
Електрка на сите прозори
Автоматски светла
Ретровизор со затемнување
Сензор за дожд
Круз конторл

Ми се бендисва како изгледа, ме собира шо е најбитно, мора вскут да ми е воланот , крупен дечко сум 196цм со 145кг + :) малку чудна ми е уште позицијата, иако најдолу спуштено седиштето пак некако високо ми е.Навикнат бев на е46 јбг....

Малку е голема за низград ама ја навикнав веќе. На отворено ме бендисва како се понаша на пат. Само ептен се осеќа дека му фали звучна изолација.
И 6та брзина...

Прво нешто што сменав на колата беа патосниците. Ме нервираа лизгаа некој универзални беа. Купени Гледринг по мерка.

Наредно лед на позиција ми ги кладе другарче, па ме нервираше дека средното беше халогено, па ставив лед h11 niken и прогледав. Фарот е со лупа и проектира убава линја и не му смета на другите. Успат и лед на таблица променети.

Колата дојде со летни гуми 205 60 16 michelin saver eco не ми текнува на моделот ма афтермаркет бадажи. Добив и уште еден сет бандажи фабрички за неа без гуми. На есен ќе си добие зимски гуми тој сет или овај што е на кола.
Не видов снег некој годинава, па со летни ја возев. Нема да се вози еден месец колата не сум во Мк.

Е сега моторот....1.8 120 коњи и има проблем со пиење.
Сериозен и тоа.
Ја зедов со 199.681 км и за еден месец му  направив 1.500км и ако не се лажам 5л масло имам дотурено. Не капи од нигде туку си го гори низ ауспух. Најпоќе се познава кога ќе слегвам по удолноца на моторно кочење, малку да гибнам туража чади назад облаци прави.
За одење оди не губи сила, мирно тивко работи моторот.

Планот ми е да се растури, да се отвори моторот и да се смени се комплет, од гумици на вентили, дихтунзи, карики, лагери, штрафови.... и да и ланчето посекако е се отворено. Вентили ќе се штеловаат, рамнат... масло, водна пумпа, филтри антифриз... скап месец ќе ми биди Март.

А да има и плин ловато со капалка. Потрошувачка 10 литри плин на 100км шо е одлично со оглед на големината.

Ќе добие и нов сет кумплуг ради тоа му спуштив на цена.  Да средам моторот и сакам полирање едно и фаровите да се отворат и прелепат и исполираат.

Прилог слики, да не е само четиво :)





Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #1 на: 07 Февруари 2023, 06:37:27 am »
Со здравје да се вози, се надевам ќе си ја средиш по твој мерак.

Истиот проблем со пиење како и Фордот кој го имав, со истиот мотор во истиот режим на работа, практично поради вакуумот моторот преку кариките го “усисува” маслото и пренесува во комората каде покасно го согорува. Жал ми е што слушам дека и кај моторите од Маздино производство овој проблем е толку изразен, мислев дека кај Форд е се случува почесто..

Лекот е отварање мотор и промена на карики, а краткорочно избегнување на моторно кочење, спуштање благи удолници во лер, но не е баш изводливо и безбедно.

Ти напоменав за ова во темата каде што бараше кола, ако ништо друго се надевам си го искористил како аргумент за ценкање. Од она што го истражував на интернет, 2.0 моторите се помалку склони на ова, веројатно имаат подобар квалитет на карики.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #2 на: 07 Февруари 2023, 10:26:33 am »
Со здравје да се вози.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #3 на: 07 Февруари 2023, 13:04:14 pm »
Со здравје да се вози, се надевам ќе си ја средиш по твој мерак.

Истиот проблем со пиење како и Фордот кој го имав, со истиот мотор во истиот режим на работа, практично поради вакуумот моторот преку кариките го “усисува” маслото и пренесува во комората каде покасно го согорува. Жал ми е што слушам дека и кај моторите од Маздино производство овој проблем е толку изразен, мислев дека кај Форд е се случува почесто..

Лекот е отварање мотор и промена на карики, а краткорочно избегнување на моторно кочење, спуштање благи удолници во лер, но не е баш изводливо и безбедно.

Ти напоменав за ова во темата каде што бараше кола, ако ништо друго се надевам си го искористил како аргумент за ценкање. Од она што го истражував на интернет, 2.0 моторите се помалку склони на ова, веројатно имаат подобар квалитет на карики.

Јас мислам плачи за engine swap. Нека си стави 2.0 150КС еден атест и нека си живеј :D

Чим има фабричка мана моторот, џабе ќе поправа

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #4 на: 07 Февруари 2023, 13:33:30 pm »
Таква висока потрошувачка на масло е поради високата километража, неквалитетни карики незначи дека моторот е за фрлање. Незнам колку чини овој зафат, но ако се менува мотор треба да е со ниска километража, ако е со приближна пак треба да менува карики..

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #5 на: 07 Февруари 2023, 14:55:04 pm »
Честитам , убава лимузина .На таа километража не би требало да е толку изразена потрошувачката на масло, провери ја вентилацијската клапна доколку ја има и други површински работи поврзани околу потрошувачката на масло пред да отвараш мотор. Компресија измери ли?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #6 на: 07 Февруари 2023, 16:25:59 pm »
Уба, ваква ми беше и мене кандидат ко купвав кола,ама скапи беа. Знаеше за проблемот со маслото ко ја лупваше или не ти кажа претходниот сопственик?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #7 на: 07 Февруари 2023, 17:51:59 pm »
Многу убаво ауто беше кога искочи, па дури и сеуште изгледа убаво. Да си го средиш и да му се изнауживаш :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #8 на: 27 Февруари 2023, 18:03:29 pm »
Ај да одговорам на горе поставените прашања, не знам оти tapatalk не ми дава опција за цитати...

Знаев дека е можно да троши масло, познат проблем е кај овај мотор. Ете и колегата клабер со Мондеото го имал проблемот со масло трошење.

Swap не би правел во никој случај, си повлеква поќе пари цела таа екскурзија.
2.0 со 147кс има со 6 брзини мењач, кај мене е со 5. И нормално нема да знам во каква состојба е моторот ни како е одржуван. Вака ќе знам на шо сум ко ќе ја средам. А не би добил ниту пак некоја значителна разлика во перформанси.

Не сакав од плац да купам кола, ниту пак од прекупец со надеж да избегнам скриени и скапи дефекти. Тој шо ми ја продаде нормално ме излажа, рече малку масло трошела 1л од промена до промена. Имаше сменто термостат тој и мрсно беше околу рече дека му капела од таму. Ми го даде старио се гледа нов е на кола. Испадна дека само го маскирал вистинскиот проблем.

Моторот го отвори мајстор во петокот, испадна дека бил прегреан возен без вода.

Маслените карики скоро и да ги немаше, залепени, стопени то ги објаснува 5л масло шо ги испи за 1500км.


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #9 на: 27 Февруари 2023, 18:11:02 pm »
Денес ги зедов да ги зачистам клапната, картеро. Гареж колку сакаш внатре, кај шо горело маслото. Ова прво отворање му било на моторот шо според мајсторо се потврдува километражата.
Рече ланчето било ок не било лабаво, само затегачот бил јаден, ама ќе се менва се комплет ко е вака веќе растурено...

Деклата е кај Туран  да се рамни, ќе требаат и нови вентили и воџици за нив.
Ќе се смеми се шо треба за да биди обновен моторот.

Утре на шопинг во Солун, па се надевам до сабота ќе успеаат да ја соберат...

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #10 на: 27 Февруари 2023, 22:10:33 pm »
Другар вака по слики моторот изгледа многу здраво, клиповите се стакло Незнам по што сте заклучиле дека моторот прегреал. Запечени карики се решаваат на многу по ефикасен и безболен начин.
Тоа на клапната не е класичен гареж  туку талог од прашина , што најверојатно се работи за скинато црево или некоја мембрана . Али ај валјда мајсторот повеке знае од мене а и сигурно ги измерил деловите.
Имш ли слики од цилиндрите?
Мерено ли е компресија на моторот, и колку Бари била ако знаеш?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #11 на: 27 Февруари 2023, 22:37:02 pm »
Немам слики од цилиндрите, компресија не е измерено коллу што знам.
Деклата во ред била, немало потреба од бушење. Карики треба std да купам не std p1.  Мене колата ми е за чување и возење не планирам во наредни барем 4 години да ја менам. И сега кога е се веќе отворено ќе менам се шо треба, ќе добие и мал и голем сервис.

Не знам каков е тој поелегантен начин на ваков проблем решавање :)
Слободно можеш да споделиш, добредојден е совет.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #12 на: 28 Февруари 2023, 07:59:37 am »
Пред отворање на мотор, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е прво мерење на компресија, па после визуелна инспекција на состојбата на цилиндрите.

Од таму натака, се прави план на дејствување.

Како и да е, се надевам дека ќе ја средиш.

Постирај почесто како оди работата...

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #13 на: 28 Февруари 2023, 08:03:35 am »
Колку ја плати колава?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #14 на: 28 Февруари 2023, 08:48:31 am »
Има адитиви за прочистување на моторот што се многу ефикасни а и може да помогна  поготово за запечени карики, али сега е касно за тоа.
Јас од тие 5л масло што ти ги потрошил моторот типувам на  1 до 1,5л л да се од кариките.
Како и да е среди ја па кажи импресии,