Автор Тема: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T  (Прочитано 3139 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29681
    • CARclub.mk
CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« на: 17 Јануари 2023, 09:50:24 am »

---

Пред да го објавам тестот, малку да ја продискутираме колата тука.

Дизајнерски мене ми личи на Audi Q3 со профил од BMW X2. Ама не е лошо. Плус, убава боја. Како целина изгледа сосем добро. Генерално, внимавано на детали.

И кабината е прилично добра. Материјалите се генерално во ред, ама на пример се забележува дека кожата за седиштата е поевтина од кожата што би ја користеле европски/јапонски/корејски брендови. Текстурите се во ред, и генерално е фино. И тука копирале нешто од вамте-тамте, ама ништо страшно. Имам забелешки на ергономија - нема врталче за глас на радиото, па мора преку командите на волан, такви глупости. Командите на волан се конфузни и тука се гледа реалноста за многу кинески возила - а тоа е дека се бирани компоненти и само им е натакнат грубо адаптиран софтверски систем одозгора. Пример? За да видам колку ми троши колата, морам да влезам во менито. Супер, ама морам да држам OK на воланот 5 секунди за да ми го отвори менито. Треба човек да учи, а не треба да биде така.

Иначе, фин простор во кабината, рамен под, фин багажник. Фино, прегледно, височко се седи. Воланот не се подесува по длабочина, а ни подесувањето по висина не е нешто спектакуларно. Малку ќе се помачи човек додека да најде позиција што му одговара.

Моторот е 1.5-литарски турбо-блејзинец, 145 коњски сили. DCT пренос кон предните тркала. Менувачот во движење си е океј, ама на старт е малку jerky. Солидни перформанси, низ град троши 9.5-10.5, на Стандардизиранион Супер-Научен CARclub Тест за Потрошувачка на Отворено ™ покажа 8.5. Системите за асистенција функционираат добро, дури би рекол дека се и нијанса преинвазивни. Низ град многу често свири нотификација за слепа точка, иако не би имало потреба. Адаптивниот темпомат на отворено во кривини успорува, оваа финта им е ќарена од Lexus.

Како пакет, многу солидно. Не е ни евтин - 29.000 евра пред металик бојата, сончевиот кров и Head-Up дисплејот. 6 години и 150.000 км гаранција.

--

Едит: Тестот е објавен: https://www.carclub.mk/2023/01/27/test-haval-jolion-1-5t-supreme-7-dct-4x2-dokaz-deka-podemot-na-kineskite-proizvoditeli-e-vo-poln-ek/
« Последно менување: 27 Јануари 2023, 20:23:21 pm zeroSignal »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13960
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #1 на: 17 Јануари 2023, 10:59:14 am »
The ultimate question: Hyundai/Kia или ова?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29681
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #2 на: 17 Јануари 2023, 11:12:39 am »
Дап, реално тоа е прашањето. Ценовната разлика не е преголема, дури би рекол и занемарлива, а Kia и Hyundai се веќе етаблирани брендови за кои не треба објаснување нит оправдување.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #3 на: 17 Јануари 2023, 11:14:46 am »
Ако сакат да продадат значителна бројка нека се корегираат еднo 6-7к минимум.
За таа цена има друг избор , поготово со недостатоците кои ги наведуваш.

Исто така ако прочепкаш по интернет ќе видиш дека цената во Казакстан и другите бивши ССР републики е од 24500 долари, поради што доста е популарен во тој дел од светот , а сигурен сум дека имаат повеќе пари од Македонците, нешто не чини во математиката на дилерот.

Тешко ќе се пробијат стереотипите кај нас за европските/германските/корејските брендови со таа цена, а и зошто би го купил ова пред Sportage или Tucson, па макар и пред S-cross каде добиваш хибрид погон со значително помала потрошувачка?
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29681
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #4 на: 17 Јануари 2023, 11:26:12 am »
Отидовме од споредување на цени со Србија (што е нерелевантно у старт) до споредување на цени со Казакстан (што е уште помалку релевантно)?

Нејсе, цената е таа што е. Сè е поскапено, па и кинеските коли. И јас се согласувам дека е нијанса преблиску до корејските конкуренти, ама па нуди повеќе опрема. Сега, на кого му е тоа важно, важно му е. Да речеме дека е околу 4-5000 евра поевтин од корејските конкуренти со еквивалентна опрема.

Лично, сметам дека кинеските брендови треба да работат многу повеќе на бренд маркетинг - да го знаеме брендот пред да ги знаеме моделите. Kia и Hyundai интензивно работеа на тоа пред 10-15 години и им успеа. Сега веќе не треба да се објаснува брендот, а кај кинеските брендови - треба. Треба да се објаснува и да се оправдува, и тука се губи многу.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #5 на: 17 Јануари 2023, 11:37:12 am »

Споредната со републиките е поради тоа што го следам тој пазар на автомобили и афтермаркет делови од друга причина но и таму се во фаза на пробивање на пазарот во последните 2-3 години и добро им оди.
За Србија немам информација за цени и како се продаваат, сигурно се поефтини од кај нас без да барам.

Токму тоа го правеа пред 15 години корејците, ама со квалитет се докажаа низ цел свет.
Дали ќе бидат квалитетни Кинезите после 100к извозени- не сум баш оптимист.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #6 на: 17 Јануари 2023, 11:43:55 am »
Дизајнот е врвен, очигледно дека планот е да е директен конкурент на Q5. Искрено ми се допаѓа и внатре и надвор, нема многу изводење, убав стабилен дизајн. Дибеџинг позади колку што гледам е лесно изводлив што ќе придонесе дизајнот да се подобри за уште 10% многу лесно. Тек па кога ќе откријат и имиња како се даваат на коли? Ехеее каде ќе е крајот. Ама и за сега прогресот е одличен на овој „Haval R5“ и сосема може да се продава многу добро на ново. Половно купување - секако нема да постои.

Мислам дека Киа/Хјундаи се премногу стабилни, можеби нешто од SSangYang ќе може да се ќари...

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1416
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #7 на: 17 Јануари 2023, 12:01:28 pm »
Тоа беџовите им се многу големи а имињата глупи. Инаку одлично изгледа.
Со која Киа/Хјундаи се споредува?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4222
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #8 на: 17 Јануари 2023, 12:13:20 pm »
Мене ме потсеќа на Хјундаи Туксон напред, а позади на Волво XC 40/60.
Премногу голема цена за да го читам дури и тестот :)

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #9 на: 17 Јануари 2023, 12:39:13 pm »
За мене многу важно  е и како вози, дали дава чувство на стабилност како целосен склоп, сетирање на суспензија и управливост или како расклапана канта е .
Исто важно е изолација во кабина од надворешни звуци, кинезите по тоа се познати дека не инвестираат во тој правец.

Дизајнот е релативен на некој му се допаѓа на некој не, мене лично сите кинески брендови ми немаат правец/идентитет во дизајнот, едини напредок и правец во секој модел гледам кај електричниот бренд BYD, штета што не се увезува кај нас, имаат светла иднина во наредните години во цел свет.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29681
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #10 на: 17 Јануари 2023, 13:35:13 pm »
Споредната со републиките е поради тоа што го следам тој пазар на автомобили и афтермаркет делови од друга причина но и таму се во фаза на пробивање на пазарот во последните 2-3 години и добро им оди.

Споредбата е тотално ирелевантна затоа што давачките се различни. Брзинско гуглање ми кажува дека во Казакстан акциза се пресметува по големина на мотор, односно за 1.5-литарски мотор акцизата би била 300 евра. Плус, ДДВ им е само 12%, за разлика од 18% кај нас. Ете ти во старт огромна разлика во цената. Да не праиме муабет дека секој импортер добива различни цени во зависност од количината на возила што ќе ја нарача, големината и важноста на пазарот, итн.

Без врска е да се споредува со земја што е веднаш до нас, не па со Казакстан.

Дизајнот е релативен на некој му се допаѓа на некој не, мене лично сите кинески брендови ми немаат правец/идентитет во дизајнот, едини напредок и правец во секој модел гледам кај електричниот бренд BYD, штета што не се увезува кај нас, имаат светла иднина во наредните години во цел свет.

BYD ќе стига во регионов (па и кај нас) наскоро. Се надевам во текот на оваа година. И мене ми се допаѓаат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #11 на: 17 Јануари 2023, 14:33:31 pm »

BYD ќе стига во регионов (па и кај нас) наскоро. Се надевам во текот на оваа година. И мене ми се допаѓаат.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #12 на: 17 Јануари 2023, 17:22:51 pm »
Неможам да ги сварам кинескиве брендови и неможам, дури и марките не ги распознавам, Хавал, Греат Вал, ДФСК, уште долги години треба да се работи на идентитет и маркетинг. Јас мој пари сеуште за Киа или Хјундаи не би дал, уште ги гледам како да ги склапаат на час по ОТП во основно училиште негде низ Кореа.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #13 на: 17 Јануари 2023, 17:40:36 pm »
Споредната со републиките е поради тоа што го следам тој пазар на автомобили и афтермаркет делови од друга причина но и таму се во фаза на пробивање на пазарот во последните 2-3 години и добро им оди.

Споредбата е тотално ирелевантна затоа што давачките се различни. Брзинско гуглање ми кажува дека во Казакстан акциза се пресметува по големина на мотор, односно за 1.5-литарски мотор акцизата би била 300 евра. Плус, ДДВ им е само 12%, за разлика од 18% кај нас. Ете ти во старт огромна разлика во цената. Да не праиме муабет дека секој импортер добива различни цени во зависност од количината на возила што ќе ја нарача, големината и важноста на пазарот, итн.

Без врска е да се споредува со земја што е веднаш до нас, не па со Казакстан.

Дизајнот е релативен на некој му се допаѓа на некој не, мене лично сите кинески брендови ми немаат правец/идентитет во дизајнот, едини напредок и правец во секој модел гледам кај електричниот бренд BYD, штета што не се увезува кај нас, имаат светла иднина во наредните години во цел свет.

BYD ќе стига во регионов (па и кај нас) наскоро. Се надевам во текот на оваа година. И мене ми се допаѓаат.
Не случајна е споредбата со Казакстан, имаат слични ако не и пониски статискички плати  од нашите.
Менталитетот во смисол на амбиции за возила му е сличен само што не сакаат толку VW како во МК, повеќе се за јапонците и за Американските брендови, и исто имаат само сиромаси и ултра богати, исто како кај нас средна класа во изумирање.  :D :D :D

Абе и државата не утепа со давачките ама и увозниците (поголем дел од нив) се алчни тоа мора да признаеш без пристрасност.
Да не може човек ново ни кинеско ауто да си купи со просечна плата у Мачедонијата.  :D :D :D

Сум увезувал доста кинески производи и сеуште увезувам, менталитетот на кинезите ми е многу добро јасен а и цените на сите производи од таму ги знам.
За пример тоа што го спомнав BYD не е случајно, се интересирав да си увезам сам, почетна цена од кинески дилер на големо е 22500 УСД за најдобро опремената варијанта и со најголем домет FCA Shenzen, ќе видиме кај нас колку ќе ги продава тој што се обидува да ги хомологира во моментот ;).

« Последно менување: 17 Јануари 2023, 17:46:40 pm JDM4LIFE »
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 333
Одг: CARclub Тест: 2022 Haval Jolion 1.5T
« Одговори #14 на: 17 Јануари 2023, 17:50:27 pm »
Неможам да ги сварам кинескиве брендови и неможам, дури и марките не ги распознавам, Хавал, Греат Вал, ДФСК, уште долги години треба да се работи на идентитет и маркетинг. Јас мој пари сеуште за Киа или Хјундаи не би дал, уште ги гледам како да ги склапаат на час по ОТП во основно училиште негде низ Кореа.
Штом створат некој имиџ и повеќе кеш, ќе почнат уште повеќе да ги ангажираат познатите дизајнери и инженери од европските производители како Киа/Хјундаи кај и да е за некоја година, тогаш треба да се сменат работите.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.