---
Пред да го објавам тестот, малку да ја продискутираме колата тука.
Дизајнерски мене ми личи на Audi Q3 со профил од BMW X2. Ама не е лошо. Плус, убава боја. Како целина изгледа сосем добро. Генерално, внимавано на детали.
И кабината е прилично добра. Материјалите се генерално во ред, ама на пример се забележува дека кожата за седиштата е поевтина од кожата што би ја користеле европски/јапонски/корејски брендови. Текстурите се во ред, и генерално е фино. И тука копирале нешто од вамте-тамте, ама ништо страшно. Имам забелешки на ергономија - нема врталче за глас на радиото, па мора преку командите на волан, такви глупости. Командите на волан се конфузни и тука се гледа реалноста за многу кинески возила - а тоа е дека се бирани компоненти и само им е натакнат грубо адаптиран софтверски систем одозгора. Пример? За да видам колку ми троши колата, морам да влезам во менито. Супер, ама морам да држам OK на воланот 5 секунди за да ми го отвори менито. Треба човек да учи, а не треба да биде така.
Иначе, фин простор во кабината, рамен под, фин багажник. Фино, прегледно, височко се седи. Воланот не се подесува по длабочина, а ни подесувањето по висина не е нешто спектакуларно. Малку ќе се помачи човек додека да најде позиција што му одговара.
Моторот е 1.5-литарски турбо-блејзинец, 145 коњски сили. DCT пренос кон предните тркала. Менувачот во движење си е океј, ама на старт е малку jerky. Солидни перформанси, низ град троши 9.5-10.5, на Стандардизиранион Супер-Научен CARclub Тест за Потрошувачка на Отворено ™ покажа 8.5. Системите за асистенција функционираат добро, дури би рекол дека се и нијанса преинвазивни. Низ град многу често свири нотификација за слепа точка, иако не би имало потреба. Адаптивниот темпомат на отворено во кривини успорува, оваа финта им е ќарена од Lexus.
Како пакет, многу солидно. Не е ни евтин - 29.000 евра пред металик бојата, сончевиот кров и Head-Up дисплејот. 6 години и 150.000 км гаранција.
--
Едит: Тестот е објавен: https://www.carclub.mk/2023/01/27/test-haval-jolion-1-5t-supreme-7-dct-4x2-dokaz-deka-podemot-na-kineskite-proizvoditeli-e-vo-poln-ek/