Стариот вози Цитроен Ц4 1.4 и можам да кажам дека нема никаков проблем. Купен е од автонова.Има монтирано Stag плин. Знаело по некад да упали Check Engine поради плинот односно или богата или сиромава смеса меѓутоа не влијаело на перформансите на колата. Само оди кај плинарот штелува и тоа е тоа. Има сменето дихтунг на поклопец, сајли за рачна(ако спаѓа во некаков вид на дефект ова),потрошен материјал,редовен сервис. Можам да кажам како маана ајде дека му потрошнува по малце уље, од сервис до сервис паѓа скоро до минимум. Инаку користи тотал 9000 5w40.Во глобала тоа е се. Има поминато моментално 160к и колата немала никаков проблем со бравите.Неговата е редизајн 2009 година
Само немој цитроен/ пежо 1.4 бензин плин особено не Ц4
Jас би ти препорачал ако успееш да најдеш Гранде Пунто 1.2бензин или 1.4бензин 76кс или Пежо 206/7 Цитроен Ц3 1.4/1.6хди
Ај баш ме интересира зашто не?
Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Ц4 кола со најлошата електроника особено кога ќе и се стави плин редовно светење check engine и редовно кај мајстори и проблеми со палење, е сега знам дека инаше коли со bosch и simmens едниот знам не правеше проблеми
Хахаххаахахахахахахаха ова муабет од пред коперација или од рекла казала?
Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
другар ја имаше едвај се опраи братучед ја има редовно го ребри плинот а од време на време и бравите го ребрат де заклучува де не заклучува де пали де неќе да се изгаси колата, не викам дека скроз се сите ама многу е битно кој го местел плинот а особено кај нив
Искрено не дека напаѓам VW, ама не познавам некој што има голф 5, сеат леон мк2, Поло MK4 што немал проблем со бравите, или не се клучат, кај леонот задните врати неможат да се отворат па ги бушат сите бравите и ги прскаат....секоја кола си има по некоја маана ако гледаш така.
Кај нас реално нема од ВАГ групацијата салам возило увезено кај плацевиве сите се мачка во вреќа како ќе се погоди. Не само брави кај нас имавме до сега 3 возила од ваг групацијата VW Vento-94, VW Sharan-97,Audi A3-04. Освен Аудито на Шарано и Вентото околу моторо еден куп работи сменивме, Вентото, бош, шајбна на радилица, црева, и ред др. работи па од електрика да не прајме муабет, Шарано, мејнач чистење на турбина, интеркулер, вакум кој никогаш не го поправија и скоро секогаш влегуваше возилото во limp mode, електрика назад на гепекот цело време работеја штоповите едно време споени беа жиците кај што се прекршува вратата од гепекот. Катастрофа, а Аудито сега за сега е се во ред освен редовни сервиси. Али реално сега да треба да бирам возила пак во ВАГ групацијата би одел или БМВ или Мерцедес. Исто имаме и Тојота рав4-08 и Рено клио 3-06. Во Реното мислам дека за никој конектор се нема грижено од Рено секогаш ми свети за аир баг и тоа е конекторот глуп. А Тојотата механички и електрика е супер освен што интериерот е направен како за јапончиња мене со моите 194цм никако не ми е погодна за возење.
Така да кај нас како ќе ти се погоди.Оти немора да значи дека е лош примерокот од некој плац или приватен продавач може и да е срање изработката.