Автор Тема: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн  (Прочитано 3513 пати)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« на: 08 Јануари 2023, 16:01:18 pm »
После 19години возење на јапончето Мазда, дојде време за поднова, не баш поднова зошто за почетник ќе се зема кола, ама ќе се кради и таа хах. Е сега во игра се неколку возила меѓутоа две се така повеќе во игра. Исклучиво бензин гледам да е. Прво гледав нешто европско зошто во овие 19години секош сум мачел мака за достапност на делови како главен проблем со азијциве, меѓутоа пак по препорака на механичариве ме насочија кон Азија и дека за поновиве има делчиња достапни во секое време, не верувам дека е исто како за ФауВе ама ајде..

Mazda 2 2008/09 1.3 бензин главен кандидат, треба утре да одам да ја видам
Alfa Romeo Mito 1.4 бензин атмосферец
Opel Corsa D 1.2 бензин
VW Polo четврта генерација 1.4 бензин
и Colt, Yaris и Hyundai Getz.

Маздава е фаворит, меѓутоа во око ми падна Alfa Romeo Mito, никош не сум бил мерак за жабариве особено за Алфа како што ја јади мит на балканов хаха, ама колава е просто доста привлечна иако е со две врати ми смета малце тој факт ама брзо се заборава, па ако сака некој да кажи збор два за неа со атмосферецов, турбо и дизел не, зошто прво е за почетник за второто дизели неќам, бљак  :-X Исто збор два и за другиве возила, особено за Маздава. Данке шон!



 
« Последно менување: 08 Јануари 2023, 16:07:28 pm was »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #1 на: 08 Јануари 2023, 16:26:33 pm »
Со Алфа ќе се осеќаш некако подруго, поразлично додека ја возиш, Алфа мажјак иако е Мито  ;D Ама не е доверлива како Мазда да бидиме реални.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #2 на: 08 Јануари 2023, 16:29:21 pm »
Готово,изборот падна на мазда 😂

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #3 на: 08 Јануари 2023, 16:42:17 pm »
Со Алфа ќе се осеќаш некако подруго, поразлично додека ја возиш, Алфа мажјак иако е Мито  ;D Ама не е доверлива како Мазда да бидиме реални.
Колава реално е доста привлечна, од далеку се забележува шмекот е сега другото е друго хexe

Готово,изборот падна на мазда 😂

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Ќе видимe хаха 8)  Ист човек ги продава, и двете иста боја се, бела. Алфата ја видов површно од надвор, задниот браник во долниот ќош е напукнат а моторот не, не беше тука човекот а и Маздава не беше тука па утре комплет двете. Донесени од Швајцарија се.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2023, 17:02:45 pm »
А да разгледаш фиат гранде пунто 1.4 77кс или уште поубаво 1.4 95кс со 6 брзини?
Убаво,просторно,за одржавање и делови е смешки.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #5 на: 08 Јануари 2023, 17:35:56 pm »
Сеа брзо возев пунтич понов, шо е со педалите, како во Застава се осеќав :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2023, 19:25:55 pm »
А да разгледаш фиат гранде пунто 1.4 77кс или уште поубаво 1.4 95кс со 6 брзини?
Убаво,просторно,за одржавање и делови е смешки.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Зошто да гледа Гранде, кога веќе гледа Мито?! Одржувањето е потполно исто.
Кога сме кај атмосите митовци, ја би го погледнал мултиер 105 коњи.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2023, 19:36:46 pm »
Дека сака со 4 врати...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2023, 19:43:42 pm »
А да разгледаш фиат гранде пунто 1.4 77кс или уште поубаво 1.4 95кс со 6 брзини?
Убаво,просторно,за одржавање и делови е смешки.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Зошто да гледа Гранде, кога веќе гледа Мито?! Одржувањето е потполно исто.
Кога сме кај атмосите митовци, ја би го погледнал мултиер 105 коњи.
Тој мотор е и што го меркам 1.4mpi multiair затоа барам и поконкретно мислење некој што се занимавал со моторов или го имал.

Дека сака со 4 врати...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Искрено ако би земал кола од FCA измеѓу Пунто и Мито а исти карактеристики, со сигурност тоа би било Мито, реално доста е помодернистички настроена, доста привлечна и затоа реков се забораваат сите негативни фактори па и дека е со три врати. Ќе видиме, за сега информативно само.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #9 на: 08 Јануари 2023, 19:56:07 pm »
Мене, од 2004-та година, па до ден днешен, една кола редовно ми е со 3 врати. Доволно се, верувај :) До мајндсетот е. Поготово ако веќе имаш други коли со повеќе врати и простор. Поготово за млади. Поготво за 1-2ца што ќе се возат 99% од времето у кола.
Мултиер системот е одличен. Иако е атмо, е доста торки, и соодветно економичен. Ако е редовно и добро одржуван, нема да има проблеми со експлоатацијата. Самиот мотор во лер е малце побучен, но тоа е нормална работа на мултиер моторите. Има едно филтерче кое треба да се провери (имаме тука дечки со МА мотори, ќе ти објаснат подобро ако се решиш за тој мотор, истите може да кажат и како да познаеш дали е МА системот во ред). @osmica8 и @n1kola  имаат турбо варијанти на овој мотор/систем.



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #10 на: 09 Јануари 2023, 07:46:50 am »
Бегај од Поло бензин, тоа ќе ти кажам само, другите се ок возила.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #11 на: 09 Јануари 2023, 14:39:06 pm »
Видени се и двете. И двете се со каросериски ситни забелешки, Алфата помалце назад браникот е испукан. Алфата има 148 000 поминато (кој знае дали баш толку) ништо не тропка околу мотор, од доздола здрава а внатре по пластиките има забелешки. Иначе е 2011год, доста ниско и спортски се седи. Маздата  е 2009 со 278.000км 1.5 бензинец мислев дека е 1.3 ама 1.5 била, внатре интериерот е одличен, моторот работи многу потивко од Алфата. Од доздола нее баш сјајна има пожолтување ама Мазда.. Конструкцијата е далеку помасивна и поцврста кај Маздава.
Има повеќе забелешки на ретровизор, напред под браник пластиката е малце итн.. ама не заприметливи. Хемиско и исполирана е.
Разлика 1000 евра
Маздата 3500
Алфата 4500

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #12 на: 09 Јануари 2023, 16:27:08 pm »
Незнам колку е паметно да купиш кола со скоро 300К, колку и да е одржувана, сепак има многу извртено.

Отсутен Lezet123.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #13 на: 09 Јануари 2023, 16:58:32 pm »
Пред релативно брзо време госпоѓата се поднови со Mazda 2 1.5 бензин 2007, па да споделам некое искуство:

- Супер лесна за возење и паркирање особено низ град
- Доста стартна со оглед дека има 100 коња и нешто малку над тон во тежина
- Педалата за гас прилично нежна, за почетници може ќе треба некое време да се навикнат
- Пространа кабина за нејзината димензија
- Прецизен волан, добар менувач, супер се вози на кривини
- Меки седишта, ок за низ град. За подолг пат не баш по мој ќеиф
- Слабо изолирана за над 110-120км/ч, моторот нема гајле тера повеќе. Се решава со погласна музика  ;D
- Потрошувачката под 9 уште се нема симнато  :D

Во глобала до сега одлична, моторот во нормален режим на работа тивок, на ланец е па си бара убаво уље можеби и штелување на некој вентил ко повеќето јапанци.
Зависи што бандажи носи, ама по фабричка спецификација малку нестандардна димензија гуми па и коштаат троа повеќе.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda 2 / Alfa Romeo Mito итн
« Одговори #14 на: 09 Јануари 2023, 17:18:50 pm »
Пред релативно брзо време госпоѓата се поднови со Mazda 2 1.5 бензин 2007, па да споделам некое искуство:

- Супер лесна за возење и паркирање особено низ град
- Доста стартна со оглед дека има 100 коња и нешто малку над тон во тежина
- Педалата за гас прилично нежна, за почетници може ќе треба некое време да се навикнат
- Пространа кабина за нејзината димензија
- Прецизен волан, добар менувач, супер се вози на кривини
- Меки седишта, ок за низ град. За подолг пат не баш по мој ќеиф
- Слабо изолирана за над 110-120км/ч, моторот нема гајле тера повеќе. Се решава со погласна музика  ;D
- Потрошувачката под 9 уште се нема симнато  :D

Во глобала до сега одлична, моторот во нормален режим на работа тивок, на ланец е па си бара убаво уље можеби и штелување на некој вентил ко повеќето јапанци.
Зависи што бандажи носи, ама по фабричка спецификација малку нестандардна димензија гуми па и коштаат троа повеќе.
5w30 ли ставаш или 5w40? Искрено вака плус инфо за колава е добро дојдено, колава е добра ама си има и висока километражa па ќе видиме. Ме интересира главното, како е со достапност на делови?