Автор Тема: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp  (Прочитано 4646 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« на: 06 Јануари 2023, 09:32:47 am »
Ете и јас после висење на огласи со месеци начекав нешто добро, па да го претставам и тука.

Купен и одржуван во Мак Аутостар со сите редовни сервиси и само едно седиште користено :)

Mitsubishi Outlander 2011 година со 2.2 did моторот со 177 коњи. Бојата испадна топ, бела перла металик. Соодветно спуштена цена зошто има balance shaft проблем што ќе се среди набрзина. Нема гребаница, има само едно делче на хауба со излупен лак. Другото е џам и пластикатa не крцка :)

Вака личи дека е стварно возен само на асфалт и е неверојатно добро очуван (пластикта не крцка хаха). Моторот е лепота :)

189.000 км со скоро нови Michelin Latitude M+S (all season). Од опрема нема само сончев кров. Има преубави полукожни седишта, неизлижан волан. Од исто место како што ги наоѓаат во Голден Кар (службени од израелска воздухопловна фирма од аеродром што потоа врсботените си ги откупиле за лична употреба).

Тестиран прв викенд на отоворено и малку офф роуд по макадам со доста остри карпи. Има куп features како систем против пролизгување, hill assistance, 4wd auto/lock (ова не верувам дека е на ниво на Субару или Тојота ама ме извади супер на неколку нагорни осојници).


Еве и неколку слики. Секакви коментари и совети се добредојдени :)






« Последно менување: 06 Јануари 2023, 09:38:33 am NikiSk92 »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #1 на: 06 Јануари 2023, 09:47:43 am »
Многу убав избор, особено што му прилегаат соодветните гуми. Мислам дека баш е спремен за секакви терени.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #2 на: 06 Јануари 2023, 10:22:22 am »
Со 18ки е камен крут, со 16ки многу подобар ама се клати над 180 на дупки
Не му е воопшто намена над 130кмч да се движи. Башка да си жртвувам комфор во 99.99% од времето за да "не се клати" 0.01% од времето нема логика. Си има А5/Џулија/Мондео/Инсигнија/бмв5/Јагуар и други слични коли со одлични шасии ако сакаш простор и да можеш да бркаш 180кмч. Ама надвор од пат нема одење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #3 на: 06 Јануари 2023, 10:37:45 am »
Онака реков не дека е релевантно, ама све зависи кој како вози, пример кај нас редовни беа екскурзии преку 180 ама редовно и турбини се мањаа
На 2.2!? Или на 2.0!?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #4 на: 06 Јануари 2023, 10:50:17 am »
2.0 бе Дени, читај
Така, си пишал. Ама дека неговиот е 2.2 да не се секира човекот непотребно. Тоа не важи за него. :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #5 на: 06 Јануари 2023, 11:22:11 am »
Со здравје да си го возиш, многу безгрижни километри.

Не знам каков 4х4 систем има - ако се пали од 2х4 на 4х4 на дугме пази на технички преглед на тестот за кочници да ти е на 2х4 за да не ти го заебат диференцијалот.

Кај Subaru AWD воопшто не се гаси, а кај појаките Тојоти е со редуктор (порано рачен сега електронски), ама немој да споредуваш со ниеден систем, ем е небитно ем секој работи на различен принцип. Штом те извадил од незгодна ситуација добар е.

Diff lock е добра фукнција, ама мора да знаеш кога и како да ја користиш, иначе беља. Убаво прочитај го упатството.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #6 на: 06 Јануари 2023, 13:04:17 pm »
Со здравје да се вози  :)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #7 на: 06 Јануари 2023, 15:16:47 pm »
Со здравје да си го возиш, многу безгрижни километри.

Не знам каков 4х4 систем има - ако се пали од 2х4 на 4х4 на дугме пази на технички преглед на тестот за кочници да ти е на 2х4 за да не ти го заебат диференцијалот.

Кај Subaru AWD воопшто не се гаси, а кај појаките Тојоти е со редуктор (порано рачен сега електронски), ама немој да споредуваш со ниеден систем, ем е небитно ем секој работи на различен принцип. Штом те извадил од незгодна ситуација добар е.

Diff lock е добра фукнција, ама мора да знаеш кога и како да ја користиш, иначе беља. Убаво прочитај го упатството.

Да, сега за сега само 4wd auto, лок уште не ми затребало, иако за митсубиши сум читал дека локот не е баш лок туку само поразличен алгоритам на микроконтролерот повеќе да форсира активирање позади.

Инаку фала на сите за честитките, да си купите уште поубави коли. И фала на советите.

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #8 на: 08 Февруари 2023, 20:36:28 pm »
Еве и неколку импресии после првите 1500 км :)

1. Иако Митсубиши секаде ги ругаат за ефтин ентериер, неквалитет и слично, доаѓајќи од Хонда, мене ми е топ. Да, на многу места има ефтина пластика каде што во Хонда нема, ама барем не крцка многу 😅

2. Вожњата на отворено е уживанција - со power steering и адаптивно кочење (според некои параметри се менува колку посилно одат пакните на дискови за ист притисок на педала), има супер контрола и стабилност. Поторшња околу 5.5-6.5 литри со возење просек 140 км на час и понекогаш повеќе до 180 км на час

3. Иако никаде не прочитав пофални зборови за 4WD, ѕверка е системот. Имам доста стрмен пат до куќа кој не се чисти од општина. Без проблем го симнав на 40 цм снег на доста стрмна удолница околу 300 метри. Имаше малку fish tailing ама не требало до 4WD lock туку со ауто и го научив :) На угорница по снег/гол мраз, 4WD auto соодветно реагира и активира заден погон во 99.99% од случаите кога едно или две предни тркала шлајфуваа. 4wd lock уште подобар. Успеав со Michelin Latitude Cross да искачам угорница од околу 45 степени со остра кривина во 30 цм снег.

4. 4WD Auto може да се користи и на автопат на не многу големи брзини. Не се активира во кривини, а помага на тазе и неисчистен кашест снег. Како што читав на еден форум, луѓе активно го користат до кај 100 км на час без никакви проблеми после години употреба.


И така, импресиите до сега се дека уште едни добри all terrain гуми и Аутлендер може да биде ѕверка.

Ќе постирам нови импресии и се надевам дека некому ќе му бидат и од помош во одлука за кола.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #9 на: 09 Февруари 2023, 09:19:03 am »
Создравје да се вози.

На времето кога излегоа беа изгор скапи за одржување. Нели имаше Пежо, Цитроен варијанти. Се надевам дека сега не се такви цените :D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #10 на: 09 Февруари 2023, 18:18:34 pm »
Ова со power steering и адаптивно кочење не разбрав баш...
Со среќа возење.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #11 на: 09 Февруари 2023, 18:39:53 pm »
Mene potrosuvackava nekako mala mi se gleda

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #12 на: 09 Февруари 2023, 22:02:16 pm »
Честитам ,многу убав теренец.ијас барам слично нешто ама тешко да се најде , а и цените  се отидени ептен високи. Па и ако има диф-лок закон , само кој деферњнцијал го клучот е прашањето и на кој начин.

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #13 на: 10 Февруари 2023, 10:17:47 am »
Создравје да се вози.

На времето кога излегоа беа изгор скапи за одржување. Нели имаше Пежо, Цитроен варијанти. Се надевам дека сега не се такви цените :D

Фала.

За 1500 км му доаѓа сервис. Баш ќе видиме колку ќе испадне па ќе пишам и тука.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Mitsubishi Outlander 2011 2.2 did 4WD 2011 177hp
« Одговори #14 на: 10 Февруари 2023, 14:25:18 pm »
Со 18ки е камен крут, со 16ки многу подобар ама се клати над 180 на дупки
Не му е воопшто намена над 130кмч да се движи. Башка да си жртвувам комфор во 99.99% од времето за да "не се клати" 0.01% од времето нема логика. Си има А5/Џулија/Мондео/Инсигнија/бмв5/Јагуар и други слични коли со одлични шасии ако сакаш простор и да можеш да бркаш 180кмч. Ама надвор од пат нема одење.
Утка си малку со констатацијата