Автор Тема: Audi Q5 2.0TDI 2016  (Прочитано 4044 пати)

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Audi Q5 2.0TDI 2016
« на: 03 Јануари 2023, 15:07:49 pm »
После продажба иде куповина, па да се претставиме уште еднаш.

Опелчето отиде за релативно брзо време, автомобилот беше супер, 4 одлични години без никаков проблем, само редовни сервиси и возење(убави сеќавања), ама некако почна да се стеснува од кога добив принова(количка, транспортер, бебешки работи) и не остана простор за нашиот багаж а за шoпинг не праиме ни муабет, и како шлаг на сето тоа со поголем товар почна да се осеќа атмото се повеќе и повеќе, особено на угорници. И така умот си зашета со некои луди мисли(продавање, старо за ново, дизел vs бензин, hatchback vs SUV) за на крајот да ме доведе до продажба.

Ама после дождот иде сонце и така се паркира у гаража Audi, иницијално најдена на оглас од рандом човек што си ја увезол од Германија пред 3 години со  (надалеку познатата цифра)170.000км, каде што во меѓувреме он и прави некоја километража и џипов стига до 195.000км, проверено на CarVertical(ако баба лаже софтвер не лаже) зелени штикли од горе до доле покажа, реална километража, без удеси, без малверзации. Ја однесов на пријател механичар ја погледнавме сите заедно и падна договор.

Со Аудиво се деси љубов на прв поглед, ме фрапираше колку добро е сочувано како однадвор така и внатре, секоја компонента си функционира безпрекорно, ентериерот си е посебно вдахнат со некое чуство на комоција и мирис на АУДИ, вожњата исто така си го прави своето, повисокото седење заедно со прегледноста некако прави да се чуствува човек побезбеден.

Од опрема 3xS-line и има буквално се(од мое скромно познавање), меѓу најбитните:
 - Кожа и Алкантара седишта
 - Панорама
 - Adaptive Cruise Control
 - Rain sensor
 - Light sensor (automatic headlights, high beam assist, cornering light assist)
 - Tri-zone climate control
 - Bang&Olufsen озвучување(со посебен сабвуфер во гепек)
 - Heated/Cooled cup holders
 - Webasto

Еве и неколку слики:





« Последно менување: 03 Јануари 2023, 18:45:20 pm dennis95 »
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #1 на: 03 Јануари 2023, 15:39:03 pm »
Иако стар модел више у смисла прва генерација, е баш ова Авди у оваа опрема ми прае највише мерак и ми привлачи пажња. Со здравје да се користи и барем уште толку километри поминати.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #2 на: 03 Јануари 2023, 15:51:40 pm »
Честито, супер сув-че, се надевам долго ќе те служи без проблеми и ќе ти прави мерак. Како е со комоција/простор внатре во споредба со Астрата?

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #3 на: 03 Јануари 2023, 15:59:20 pm »
Честито, супер сув-че, се надевам долго ќе те служи без проблеми и ќе ти прави мерак. Како е со комоција/простор внатре во споредба со Астрата?

Фала многу да се враќа, инаку комоцијата е далеку подобра, задните седишта добиваат на висина и ширина, додека гепекот е за цели 170 литри поголем, и плус испод има додатно празно корито со димензии 25x30x150cm.
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #4 на: 03 Јануари 2023, 15:59:25 pm »
Создравје да се вози и тука. Може да потврдам дека е пресочуван примерок како внатре така и надвор, прво што ми падна во очи се огромните ретровизори

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #5 на: 03 Јануари 2023, 16:33:08 pm »
Создравје да се служи другар. Долго да те служи. Па-па-па опремава еј. Браво. Добро си начекал.

Да му се изнауживаш.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #6 на: 03 Јануари 2023, 18:19:30 pm »
Шо коњажа има ова  ? Не си го зел ефтино претпоставувам со денешниве цени, создравје да се вози.

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #7 на: 03 Јануари 2023, 20:27:41 pm »
Шо коњажа има ова  ? Не си го зел ефтино претпоставувам со денешниве цени, создравје да се вози.

190 коња си е, а за цената уште имам солен вкус во уста xD
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #8 на: 03 Јануари 2023, 22:11:05 pm »
 Избегавате да кажете колку плаќате за коливе во 90% од отворените теми.

Језиво.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #9 на: 03 Јануари 2023, 22:14:32 pm »
А зошто е важно тоа? Може му го поклонил некој.

@dennis95 - Честито колата, да уживаш во секој километар!

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #10 на: 04 Јануари 2023, 00:19:19 am »
Со здравје да се вози!!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #11 на: 04 Јануари 2023, 08:54:06 am »
Избегавате да кажете колку плаќате за коливе во 90% од отворените теми.

Језиво.

Го оправдувам тоа, затоа што има доста дежурни тука што ќе почнат гурабии да јадат.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #12 на: 04 Јануари 2023, 09:29:34 am »
Убава кола си купил. Жена ми вози вакво чудо и за поминати 330 000 км имаме сменето само еден греач и 2 сонди на ауспух.И тоа двете сонди се расипаа заради лично моја грешка заради тоа што не беше возена повеке од месец дена и јас наместо да го појачам акомулаторот почнав да ја верглам за да запали.На крај пак го појачав ама си направив трошок од 200 евра.
Кога ке дојде ред за сервис да не штедиш на делови и уљје.Си сака убаво и квалитетно уљје за да не ти го троши.На капачката пишува Кастрол ама ако можеш да си го купиш од Германија.Македонскиот Кастрол го пие како вода. Со германскиот од сервис до сервис (10 000км) има потрошено околу 250 до 300 грама, а со македонскиот повеке од литро.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #13 на: 04 Јануари 2023, 10:39:47 am »
Избегавате да кажете колку плаќате за коливе во 90% од отворените теми.

Језиво.

Го оправдувам тоа, затоа што има доста дежурни тука што ќе почнат гурабии да јадат.

Е добро, за мали сервиси се кријат бројки, не па за цела кола :)

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Audi Q5 2.0TDI 2016
« Одговори #14 на: 04 Јануари 2023, 22:22:56 pm »
@godofspeed Другар фала многу на екстензивниот одговор/совет дефинитивно ќе го имам во предвид!!
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai