После продажба иде куповина, па да се претставиме уште еднаш.
Опелчето отиде за релативно брзо време, автомобилот беше супер, 4 одлични години без никаков проблем, само редовни сервиси и возење(убави сеќавања), ама некако почна да се стеснува од кога добив принова(количка, транспортер, бебешки работи) и не остана простор за нашиот багаж а за шoпинг не праиме ни муабет, и како шлаг на сето тоа со поголем товар почна да се осеќа атмото се повеќе и повеќе, особено на угорници. И така умот си зашета со некои луди мисли(продавање, старо за ново, дизел vs бензин, hatchback vs SUV) за на крајот да ме доведе до продажба.
Ама после дождот иде сонце и така се паркира у гаража Audi, иницијално најдена на оглас од рандом човек што си ја увезол од Германија пред 3 години со (надалеку познатата цифра)170.000км, каде што во меѓувреме он и прави некоја километража и џипов стига до 195.000км, проверено на CarVertical(ако баба лаже софтвер не лаже) зелени штикли од горе до доле покажа, реална километража, без удеси, без малверзации. Ја однесов на пријател механичар ја погледнавме сите заедно и падна договор.
Со Аудиво се деси љубов на прв поглед, ме фрапираше колку добро е сочувано како однадвор така и внатре, секоја компонента си функционира безпрекорно, ентериерот си е посебно вдахнат со некое чуство на комоција и мирис на АУДИ, вожњата исто така си го прави своето, повисокото седење заедно со прегледноста некако прави да се чуствува човек побезбеден.
Од опрема 3xS-line и има буквално се(од мое скромно познавање), меѓу најбитните:
- Кожа и Алкантара седишта
- Панорама
- Adaptive Cruise Control
- Rain sensor
- Light sensor (automatic headlights, high beam assist, cornering light assist)
- Tri-zone climate control
- Bang&Olufsen озвучување(со посебен сабвуфер во гепек)
- Heated/Cooled cup holders
- Webasto
Еве и неколку слики: