Краток осврт на последнава половина година откако го имаме возилово.
Презадоволни како целина од тоа што го нуди од аспект на безбедност, практичност, удобност, простор и перформанси (намерно последни оставени бидејки во случајов се најмал приоритет за фамилијарно возило).
Во принцип, Спортажот се вози скоро секој ден, безразлика дали е тоа низ град или на отворено, и до сега има поминато 4100 километри од кои поголемиот дел се на отворено.
Просечната потрошувачка се симна од 9.1 на 8.0 l/100 и верувам дека тоа се должи на поголемиот број на километри кои се извозија на отворено каде потрошувачката се движи некаде од 5.5 до 6.5 l/100. За низ град неприкосновено 9l/100 безразлика дали е зима/лето.
Најниско што се симна потрошувачката е на 4.8 во ECO мод, меѓутоа тој мод го избегнувам бидејќи не би сакал да го мачам моторот кога нема да ми смени литро или две плус на 100 километри. Од друга страна, позитивно сум изненаден од Sport модот каде што моторот се преродува и добива убава снага.
Како и секоја кола, и оваа си имаа добри и лоши страни (маани) меѓутоа ништо критично или нешто што би ме оттргнало од самото возило. Се на се како пакет на опрема и мотор одлично се погоди за фамилијарно возило.
Освен гориво и редовно перење, нема дополнителни вложувања сега за сега. Следно ќе биде прв сервис и регистрација во декември, па ќе видиме како ќе помине сето тоа.
П.С заборавив да напоменам дека во рок од 2 недели во март при стоење во место на семафор, два пати ме удреа/допреа во задниот спојлер под браникот без некоја позначителна штета.
П.П.С Заборавив да напишам дека последно што заменив е патосникот за во багажник. Иницијално имав земено во Carbox од оние што се сечат и се прелагодуваат на димензиите на багажникот, меѓутоа не ми се допаѓаше тоа воопшто и си купив од Еуростил типски патосник од гума. Слики од пред/потоа подолу.
Пред
Потоа