Автор Тема: Formula 1 - Season 2023  (Прочитано 21470 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #75 на: 08 Мај 2023, 17:12:12 pm »

Nekoj da ne rascepkal sto se desava koga redbilot ke aktivira DRS, do DRS-ot e ili do bateriite.

ДРС-от на РБ кога е активен ја зголемува ефикасноста на дифузерот и подот. Во исто време добиваат намален отпор на триење од воздух (low drag) и подобрена ефикасност на подот и дифузерот што им дава дополнителен downforce. Според неофицијални шпекулации со отворен ДРС болидот има скоро исто downforce како со затворен ДРС со значително помал drag.
Имаат и уште една фора што ја прават со MGU-U ама никој неможе да ја објасни конкретно, па дури ни конкурентите.

Тоа би било вака на кратко од тоа што може да се разбере во моментов.

Поедноставно кажано болидот им е многу аеро ефикасен, произведува многу downforce со помалку drag. Брзи се на правците и кога не користат ДРС.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #76 на: 08 Мај 2023, 18:42:13 pm »
 Останва до крај на сезона да гледаме борба за трето место на подуим и второ во конструктори. Друго веќе е решено.
Се надевам на Розберг Хамилтон момент, па да е поинтересна борбата за титула.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #77 на: 08 Мај 2023, 18:43:38 pm »
Останва до крај на сезона да гледаме борба за трето место на подуим и второ во конструктори. Друго веќе е решено.
Се надевам на Розберг Хамилтон момент, па да е поинтересна борбата за титула.
До вчера искрено се надеваа сите дека Перез ќе се бори за титула.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #78 на: 09 Мај 2023, 00:20:58 am »
Јас незнам воопшто како се надевал некој, јасно е дека се работи за класни разлики во поглед на возачките способности.
До лани искрено мислев дека и ЛеКлерк е иста класа со Вер и Хам, ама со грешките од 2022 и со тие од годинава го отпишав ЛеКлерк и мислам дека нема да биде шампион никогаш, на негово место ми дојде Расел.
Така да сега за сега, според мене Вер, Хам и Расел се топ 3 возачи и сите други се далеку под нив. Можеби некој од останативе некогаш ќе има добар ден и ќе успее да победи на некоја трка, но како целосен мајндсет на победник и талент мислам дека сега за сега овие 3 се далеку напред.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6438
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #79 на: 09 Мај 2023, 07:42:41 am »
ДРС-от на РБ кога е активен ја зголемува ефикасноста на дифузерот и подот. Во исто време добиваат намален отпор на триење од воздух (low drag) и подобрена ефикасност на подот и дифузерот што им дава дополнителен downforce. Според неофицијални шпекулации со отворен ДРС болидот има скоро исто downforce како со затворен ДРС со значително помал drag.
...

Хах како го направе ти ова, со отворен ДРС, или половично задно крило ист downforce колата да има, па ако можеа со отворен да возат цело време Ред Бул исто време по круг ќе направеа.
Не можам да се сложам со ова, без ДРС тогаш нека го направеа фиксно такво задното крило и на коњ се.

По мое и тоа што чат пат ми излегува за читање, со активен ДРС, Ред Бул го гаснат(stall) дифузерот и/или задното крило така што го поврзуваат назад воздухот поефикасно од другите тимови. Колата губи downforce кој на правец не ти треба и го намалуваат отпорот позначително од другите. Како, што, ниту јас знам ниту во Мерцедес очигледно, пример...  ;D


Така да сега за сега, според мене Вер, Хам и Расел се топ 3 возачи и сите други се далеку под нив.

Го забораваш Алонсо, братот трет е во генерален, ако треба и можи да се престигне некој, го прави тоа, Сајнц попара го направе во 5 трки.
Во Астон ако имаше уште еден Строл, ќе мислеа во тимот добар midfield болид направија, а всушност се втори најдобри.

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #80 на: 09 Мај 2023, 11:39:58 am »
Ич не е за заборавање Алонсо. Посебно сега кога има конкурентен болид.
Му борчи фала Макс за Хунгароронг, кога беше со лош болид и успеа да го задржи Луиса за него.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6438
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #81 на: 12 Мај 2023, 09:16:11 am »
Ферари и Мерцедес уште „пумпаат“. Посебно на Хамилтон и Расел да им чади глата после секоја трка.  ;D


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6438
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #82 на: 18 Мај 2023, 12:38:33 pm »
Ојде јабана Италија, од 24 на 22 трки останаа, засега...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6438
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #83 на: 29 Мај 2023, 07:22:49 am »
Ферари, Монако:




По постовите нагоре уште јас изгледа останав да гледам формула 1.  :-X

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #84 на: 29 Мај 2023, 07:24:18 am »
Алонсо ја утна со гумите за суво. Да зачекаше уште еден круг може прв да завршеше.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #85 на: 29 Мај 2023, 07:46:50 am »
Многу жално, онолкави болиди едвај ги собира на стазате.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6438
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #86 на: 29 Мај 2023, 08:05:46 am »
Алонсо ја утна со гумите за суво. Да зачекаше уште еден круг може прв да завршеше.

Немаше, ќе влезеше заедно со Макс, што и направе вториот пат.
Ама првиот пат да ставеше интер наместо суви, е тука можи ќе излезеше прв. Ќе кажи Џојлон за некој ден дали Макс беше пребавен во тој круг, ~10сек беше разликата, да не барам времиња јас.

Расел беше трет ама да не заминеше по Строла на право, а последен беше од колоната Окон што ја правеше. Во точниот круг влезе по гуми.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #87 на: 29 Мај 2023, 08:08:39 am »
Алонсо ја утна со гумите за суво. Да зачекаше уште еден круг може прв да завршеше.

Немаше, ќе влезеше заедно со Макс, што и направе вториот пат.
Ама првиот пат да ставеше интер наместо суви, е тука можи ќе излезеше прв. Ќе кажи Џојлон за некој ден дали Макс беше пребавен во тој круг, ~10сек беше разликата, да не барам времиња јас.

Расел беше трет ама да не заминеше по Строла на право, а последен беше од колоната Окон што ја правеше. Во точниот круг влезе по гуми.
Да за првиот пат мислев. Макс тој круг се влечеше со гумите за суво и ја удри и оградата.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #88 на: 29 Мај 2023, 10:01:54 am »
Не требаше да има втор пат за Алонсо.
Да му добиеше интер гуми ќе победеше, ама изгледа немаше решреш прицнато тој шо го прати времето :)
А за ферари не знам шо да речам, стратегија нула. На два пати демек лажњак ќе прат и на крајо со андеркат ги реши Окон.

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Formula 1 - Season 2023
« Одговори #89 на: 29 Мај 2023, 10:52:46 am »
Не знам како можеа да утнат на Алонсо и да му стават гуми за суво кога веќе осетно врнеше, пропуштена добра шанса за победа. Слично и кај Перез, врне а они медиум му ставаат па во следниот круг пак бокс, лудница
Претпоставката е мајката на сите заебувања