Да додадам ја од што имам читано за ДПФ филтри. Aко ти се упали сијаличка за дпф, тоа најчесто значи дека е запушен и мора да се уклучи присилна регенерација(у сервис ова) или да се чисти мануелно.
Е сега, у моменти може да помогне некое си чистење без вадење, ко што спомнаа погоре, со вадење сензор и шприцање течност директно. Ако тоа не помогне, мора да се вади и да се чисти машински. У мојот случај со ДПФ, почнаа интервалите на регенерации да се намалуваат што сугерираше дека се затнува полека, па пуштив адитив и врати у нормала за сега. Плус возам најчесто на отворен пат. Според тоа што читав, адитив се користи највеќе како превентивна и редовна метода за да не дојде до сијаличката

Накратко, најчесто има активна и пасивна регенерација на ДПФ. Пасивна е ко ќе се загрее издувот преку 500/600 степени и почнуваат да горат честиците. Ова најчесто тешко се постигунва пошто треба да се вози доста долго под оптеретување. Активната регенерација се случуа на одредени интервали, најчесто има сензор кој чита колку е капацитетот и почнува процес на регенерација која што шприца екстра нафта и ги гори штетните честици. Ова иам читано за Мазда иначе, али мислим дека слично е и кај останатите брендови (нека ме корегира некој ако има појќе инфо)..
Друго, може и дпф-от да е добар и да функционира ко што треба, ама моторот не работи ко што треба па вади превише загадена смеса и го полни брзо. Обично за ова може да биде крив некој сензор а у најлош случај дизни..Тоа значи дека и ако го очистиш и машински, па и нов да наместиш, ако моторот не функционира ко што треба ќе го напуни и новиот/чистиот одма и ништо не си напраил.
Иначе, да разбијам стереотипи, ДПФ не се чисти ако го издуваш на автопат. Контра ефект се постигнуа, ДПФ-от се полни мн побрзо под оптеретуање, таке да ако возиш 150/160, ќе го напуниш мн побрзо отколку да крузаш на ниски вртежи...
Кај мене што го имам анализирано, најмалце се пуни ко се вози на ниски вртежи, со умерени забрзувања..
Како и да е, мислам прва точка е да ја ставиш на дијагностика и да се види што проблем има логирано.