ако ти побарале 2.200 за транспорт и + некаква услуга која не може да ја завршат, тогаш малку повеќе се прецениле
очекувам да е поскапен транспортот, ама 130% не е поскапен сигурно
еур1 од Германија нема да добиеш, Свис да, Холандија и Белгија можно накај да
опцијата сам да го донесеш возилото е подобра од аспект на тоа што одиш, гледаш, проверуваш, бираш, но е многу поскапа (авио-карти, сместување 2-3 дена, цол и осигурување, гориво, патарини, задолжителна зимска опрема (може да е на летни тркала возилото и да нема зимски), како и однапред плаќање на сумата на возилото)
јас би рекол дека е невозможно да не се врати ДДВ-то доколку се следи процедурата, со држави си имаш работа, може да трае пократко или подолго, но да не се врати, не (препродавачот може сака он да ти го донесе возилото па те навел на таква прикаска)
тоа со БГ сертификати и слично не ми е познато, познато ми е за реекспорт преку Бугарија заради добивање еур1, но мислам дека е преголем ризик и како физичко лице е веројатно потешко за изведба
Зборев пак со дечкото, Скендерски, други цени ми даде поефтини шо се ај прифатливи, ама он вели исто, пак морам да ја платам целата сума на возилото на продавачот ( кој истото и продавачот ми го пиша, види подоле) па потоа од коа ке биде регистрирана на мое име и експорт документ crm па дурии тогаш ке ми врати данок.
А дечково ми побара 800-900 еур транспорт плус 500 еур нагоре за Еур1 сертификат. Значи а отидам сам а ја нарачам по камион ми се исто фаќа, пак морам цело бруто да платам.
А ако ја регистрирам и ја направам на мои табли ке ми испадне и по бруто фактура 44.000 возило плус 20.000 еур давачки плус 1500 еу трошоци транспортни
Околу 67.000 еур, шо е многу мноогу повеќе од мојот првичен лимит 50.000-53.000 еур.
И дур после тоа ќе ми врати данок околу 6000 еур, и да знам дека е држава, ама има доста манипулатори и преваранти и таму.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дали знаете некој друг освен скендерски што носи возила?
Sent from my iPhone using Tapatalk
претпоствувам дека сите салони работат според истата чек-листа и веројатно е тоа пропишано на некој начин
3 салони ми ја кажаа истата процедура, со тој што завршив работа ми прати и скриншот од правилникот

јасно е наведено дека данокот се плаќа при лично превземање на возилото и мора да се одјави на излез од ЕУ за поврат(горниот пасус) и дека не се плаќа доколу се ангажира транспорт и шпедиција (долниот пасус)
ако е нешто сменето во извозна процедура изминатата година, тогаш не сум запознаен за тоа
цената што ти ја дал Скендеровски за транспорт е претпоставувам ОК за сегашни услови (јас кога барав беше меѓу 400-600, кај нив платив 620 демек попрофесионални)
не знам зошто бара 500+ евра за еур1 кога не може да го добие или бар мене не ми е јасно како ќе го добие (можно е да имаат некоја шема со шетање документи и префрлање од една во друга држава, па да земаат некаков процент од тоа)
јас не бев задоволен од нив иако одтидов по препорака, прво заради пролонгирање на достава, па недостаток на комуникација, па шетање и малтретирање за документација (уредно доставена од страна на продавачот)