Да се надоврзам и јас на темава.
Иам искуство со тесла 3ка службена во Швајцарија. Земјата е прилично во големина колку Македонија, од крај до крај 300 и нешто километри најдолгата рута.
Е сега, тука доста гледам тесли, секој пат кога излегувам низ град гледам минимум 5-6 тесли, толку да и досадни се више. Реално, до пред кризава се продаваа за 39 илјади франци, така да доста прифатливи беа.
Него, позитивно искуство со теслата: За низ земја ко Македонија брка доволно работа, единствено што верувам кај нас фалат полначи, што може да биде проблем. Јас теслата ја имам истегнато 250 километри со 80% батерија и после ја полнев 15 мин на брз полнач за да продолжам уште 80 километри (нејсе, имаше уште 12-13%, али скептик пошто ладно време и не си сигурен колку тие проценти се реални). Мислам дека новите може да изгураат и до 600+ км, ваљда реално до 500. На отворено највише крка струја.
Иначе теслата е лудница, таков торк неам осетено никаде. Одлична вожња, прецизна и сосем друг концепт на возило. Сабајле стануваш, влегуваш, лепиш картичка и возиш, никаков ладен старт ни тракатанци ни ланци ни вентили да слушаш. Тоа е тоа..
Тука у фирма ги имаат пошто без проблем одат од крај до крај на земјава и не се замараат со горива.
Е сега, негативна страна:Тука у Швајцарија има полначи на секои 30-50 километри, али често доаѓаат туристи тука и се дешава да се појавиш и да нема слободен полнач. Добрата работа е што имаш мапа у Теслата па горе/доле имаш некоја евиденција унапред. Сепак, не значи дека некој нема да ти ги фати полначите пред нос. Нејсе, самата помисла кога гледаш дека си при крај, имаш некоја несигурност дали ќе се најде или не. Плус треба да си испланираш време за полнење, што не е случај со други мотори.
Јас би забораил долги тури со Тесла, едноставно се префрлаш на авиони, возови и така си ги тераш долгите тури. Ко што реков, доаѓаат тука доста Скандинавци со тесли, али сигурно патуваат по неколку дена. Тоа е више авантура, али не практичност.
За сервисирање неможам ништо да кажам...
Заклучок од моја страна:Јас у денешницава би играл на некој плагин хибрид ако сакаш да експериментираш, али од друга страна би искористил шанса да се испукам уште 10тина години на бензинец као што е бмвто
