Автор Тема: Играчка конзола?  (Прочитано 76145 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Играчка конзола?
« на: 07 Декември 2011, 09:57:16 am »
Ај хаќери :)

Знам дека на форумов има добар број корисници на накаква играчка конзола. Па ми треба препорака кога би земал сега каква да земам.

Со ПС2 сум имал искуство, чини цирка 100еур и има голем број игри.

СО ПС3 сум немал искуство, ама како што имам разбрано е единствена конзола со ХД излез. Е сега цената и е околу 5-шеснаес иљади, а незнам како е со пиратерија и достапност на игри, иако би се играле некои возачки, фудбал, кошарка и слично, не миљарда игри.

XBOX360 не сум ни видел како изгледа, ни која цена е, ни дали има игри. Прос/конс ако знае некој нека пише.

Nintendo незнам дали има посебна конзола или таа си е Wii што треба да се активираш физички. И дали има други игри. И дали има пиратерија. Во Рамстор колку што имам видено некако пре-детски ми изгледаа игрите. ОК, во прво време спаринг партнер ќе ми биде малиот, ама па нема на 2 години да зимам конзола. И што цена е.

Знам дека може и да прогуглам и да побарам по официјални сајтови, ама повеќе ме интересира ваше мислење, него сувопарни бројки и видео клипчиња на џутуб ;)

Фала однапред.

EDIT> еве да речеме налетав па на нешто вакво, хакнат и игри на хард... http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=243329
« Последно менување: 07 Декември 2011, 10:11:02 am marjanot »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #1 на: 07 Декември 2011, 10:16:31 am »
Марјанот јас имав желба да си земам некое вакво пред едно 2 години ама на крај се откажав бидејки ке опнев пари а немаше да му ја извадам маста (работа ова она и така)
Скоро сите ме советуваа да земам Х-box бидејки е поефтини и има доста игри и пиратерија исто така Nintendoto Wii е топ играчка имам другарче какви се не игри има лудило само добар ТВ и простор пред ТВ ;D

PS3 ми е сон ама колку што знам пиратерија игри тогаш немаше за него е сега што бидна и дали го чипуваат стварно незнам.

Јас би земал Wii

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #2 на: 07 Декември 2011, 10:36:43 am »
Има пиратерија за PS3, функционира како што треба.

Јас имам PS3 3-4 години и сум презадоволен. Не ми е чипуван затоа што купувам максиумум 2 игри годишно, па не сакам да се замарам со чипување за мала заштеда :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #3 на: 07 Декември 2011, 15:27:20 pm »
Ако видиш што се има како аксесорис за Wii, и какви се игри има  (Кол оф дјути ја има на пример) ќе паднеш на гас.

И ја кога видов се изненадив.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #4 на: 07 Декември 2011, 15:36:22 pm »
Вака, имам XBOX360 од 2006год. Цркна еднаш па си го направив сам, еве го тера гајле нема освен двд-ромот кој веќе ме зафркава. Мојот модел беше од втората серија и 90% од нив до сега се цркнати. Овие новиве од jasper чипот навака се опраени и немаат гајле.

Плус кај xbox е пиратски игри и kinect сензорот. Ова второво е многу јака ствар. Играме од време на време кај еден другар, екстра работа(само има опасност да искршиш нешто по дома :))
Минус кај xbox не знам, јас немам од кога ги направија како што треба све е во ред.

Плус кај PS3 е трајноста и вграден блу-реј плеер.
Минус кај PS3 се пиратските игри (работат само кај одредена верзија на фирмвер, ако го надоградиш толку, после треба да чекаш да ја пробијат и таа нова верзија).

Ако ти значи блу-реј плеер земи PS3, ако сакаш просто само игри да играш земи си xbox. Многу попросто е кај него со игрите него кај PS3. Со цена се изедначија веќе.

За тоа што си пишал за хд излез, двете конзоли имаат HDMI излез.

Другите конзоли не сум ги ѕирнал, не можам да кажам за нив.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #5 на: 07 Декември 2011, 16:03:07 pm »

За тоа што си пишал за хд излез, двете конзоли имаат HDMI излез.


Фала :)

Ок е што има ХДМИ излез, ама дали графиката е ХД. А колку што видов со цена е колку ПС3 па и поскап.

Друга работа, дали разликата во цена помеѓу ПС2 и останативе понови е оправдана, а? Што мислите.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #6 на: 07 Декември 2011, 16:04:46 pm »
150 $ беше во Ејфес PS 3 ама тешка е за мкнење со тебе ако не носиш багаж а и децава не ги играат, џабе ги купувам !

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #7 на: 07 Декември 2011, 16:08:35 pm »
Графиката е многу сл. ХД се и двете. Цената на xbox-от е 18000ден. Нормално дека е оправдана цената пошто графиката е светлосни години подобра од таа во PS2 игрите, а игри за PS2 веќе не се ни прават. Значи сите нови наслови што ќе излегуваат допрва излегуваат за xbox 360 или ps3.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #8 на: 07 Декември 2011, 16:28:13 pm »
Ето тоа не сум знаел. Значи двојба меѓу xbox360 и PS3 нема, освен блу-реј плеерот.
Кај се продава xbox? Освен тука :) http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=242592 Ова добра цена ли е?
PS3 видов дека има во техно маркет.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #9 на: 07 Декември 2011, 16:55:34 pm »
Провери тука: www.idc.com.mk


Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #10 на: 07 Декември 2011, 16:58:56 pm »
Ето тоа не сум знаел. Значи двојба меѓу xbox360 и PS3 нема, освен блу-реј плеерот.
Кај се продава xbox? Освен тука :) http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=242592 Ова добра цена ли е?
PS3 видов дека има во техно маркет.
PS3 се продава во Сони официјалната продавница карши Рамстор.Ако ти е за малиот повеќе земи си нинтендо многу поинтересно е од сони ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #11 на: 07 Декември 2011, 17:01:14 pm »
Ја ќе ти го шитнам моето поволно ако сакаш! Гланц ново е!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #12 на: 07 Декември 2011, 23:42:41 pm »
Коа тргнавте со муабетов... долго време сакам некого да прашам, ама не ми текнало, не се пружило прилика... да зеам PS2, дали треба да го чипувам за да можам пиратски копии од игри да играм?

зошо не сум баш у тек со конзоливе... да бидам реален... :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #13 на: 08 Декември 2011, 00:03:59 am »
зошо не сум баш у тек со конзоливе... да бидам реален... :)
Земи си графичка убава и гејм контролер. Батали конзоли.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #14 на: 08 Декември 2011, 00:08:19 am »
Ја ќе ти го шитнам моето поволно ако сакаш! Гланц ново е!

Ахаа поволно.............. не ги лажи џабе!

:D :D :D