Автор Тема: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022  (Прочитано 7602 пати)

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #30 на: 14 Ноември 2022, 17:39:58 pm »
Сеа ја гледам темава. Создравје да се вози.

Иначе за Carplay не дочитав убаво, сфатив имаш проблем.

Кабелче не ти брка работа?

Убави гуми си избрал за зимска.

Фала ти многу!

CarPlay-от напротив, си функционира беспрекорно но понекогаш фали оној момент да влезеш само и да активираш CarPlay Wireless пример за градска вожња, а за подолги патувања нормално со кабел за да се полни  :D. Мислев дека следува со Style нивото на опрема, затоа не го ставив како дополнителна опрема, отпосле видов дека се доплаќало околу ~36 евра и ми падна малку криво искрено, но тоа е што е битно функционира топ со кабелче.

За гумите, прашав неколку познаници што веќе ги имаа купено и слушнав само позитивен feedback. Исто така нормално и гледав reviews, мислења и тестови по нет.

Поздрав!

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #31 на: 16 Април 2023, 13:05:21 pm »
Чисто како update, пред недела дена направивме 10.000 км и до сега сум презадоволен. По некои предвидувања, до почеток на Јуни (за прв редовен сервис) би требало негде да поминам уште 2-3.000 км сигурно.

Зимските гуми се сменети на 13 Март во Мотоцентар (за евиденција нека стои тука).

Како што пишав погоре, буквално презадоволен од Kamiq-от, само една работа што би ја издвоил како негативна се кочниците/плочките. Го прочитав постот од @micika и буквално го имам истиот проблем при мали брзини. Пример од 40-50 km/h кога застанувам на семафори, голем дел од времето шкрипат многу, дури и кога некогаш се отворени прозорите, приморан сум да ги затворен зошто не се поднесува звукот буквално. Бев во Porsche на проверка пред месец дена, со објаснување дека плочките биле направени од органски материјал и затоа такви звуци пуштале. Искрено, очекував поголема сериозност бидејќи буквално од прв ден шкрипат. Сметав дека е нова и нели треба да "легнат" како што викаат, но ете 10 илјади и нешто км има колата и повторно го имам истиот проблем. Да не се разбереме погрешно, кочниците работат беспрекорно, само шкрипењето/звукот е проблемот.  До сега сум имал супер искуство со Porsche и тимот на Шкода но ете се надевам дека ќе се најде некое чаре. Кај @micika ги смениле и проблемот бил решен како што можев да прочитам во постот. Не е сериозен проблем дефинитивно, но би бил премногу среќен доколку се изнајде некое решение.

Колата често се пере во домашни услови (купив Bosch Aquatak 135 пред месец-два), од средства буквално нема што не сум купил (Sonax, Mafra, Turtle Wax и исто така многу би ја препорачал активната пена Primus од Labocosmetica) а пред тоа на самоуслужни перални од надвор, а внатрешно дома бидејќи за среќа моментално живеам во куќа и имам услови што би рекле да си ја гланцнам на раат, но ете слики не ми текнало да направам. Следен пат обавезно ќе направам некои слики и ќе закачам.  :D

Имајте среќен празник дечки и голем поздрав!














Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #32 на: 16 Април 2023, 13:15:24 pm »
Не е во ред тоа што шкрипат кочниците. Исто така не е во ред што те прават будала во Порше, од органски материјал биле произведени... Па органски материјал е секој оној што содржи јагленород и водород. Ако се направени од „Органски материјал“ што е позитивното во тоа? Ти како корисник имаш само штета од тоа како и околината околу тебе. Тоа те советувам да си го истераш до крај со Порше, не им дозволувај мајмун да те прават.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #33 на: 16 Април 2023, 13:26:23 pm »
Битно е да кочат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #34 на: 16 Април 2023, 14:08:16 pm »
Jas staviv novi textar diskovi so trw plocki, smeneti profesionalo kako sto treba od koga stopli vremevo pominati do sega 5kkm cvicat epten, ne se nekoj skart nz so e problemot.

Sent from my M2101K9G using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #35 на: 16 Април 2023, 14:56:40 pm »
И кај мене понекогаш квичат доколку се валкани, најскапа серија од ATE имам и пак така.
Кога ќе ги измијам со вода околу 2 недели имам тивко кочење.
Можеби дека имам само 1900 км поминато, не знам.
« Последно менување: 16 Април 2023, 15:05:40 pm nestor04 »

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #36 на: 16 Април 2023, 23:39:15 pm »
И кај мене понекогаш квичат доколку се валкани, најскапа серија од ATE имам и пак така.
Кога ќе ги измијам со вода околу 2 недели имам тивко кочење.
Можеби дека имам само 1900 км поминато, не знам.
Jas staviv novi textar diskovi so trw plocki, smeneti profesionalo kako sto treba od koga stopli vremevo pominati do sega 5kkm cvicat epten, ne se nekoj skart nz so e problemot.

Sent from my M2101K9G using Tapatalk

Доста интересантно.... Мој личен пример со претходната кола, астра Г исто така имав проблем со шкрипење, но проблемот беше поради тоа што нормално ова е потрошен материјал и време им беше за промена (дискови и плочки комплет). Откако беа заменети со нови немав никаков проблем со шкрипење. Баш чудно и кај вас, и покрај тоа што сте ги замениле со нови, шкрипењето сеуште го има.  :o

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #37 на: 17 Април 2023, 16:08:26 pm »
Nema sto da baraat resenie, ednostavno neka gi smenat plockite I gotovo. Sigurno veke imaat dopis od fabrika a I zamenski delovi za rework samo gledaat da karat ekstra pari. I nema sto da nalegnuvat Novi diskovi so Novi plocki, vreme da nalegnat I'm treba ako stavis Novi plocki na stari diskovi

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #38 на: 17 Април 2023, 16:11:10 pm »
Кај мене се нови и плочките и дисковите и на нежно кочење квичат и само на промена сонце дожд, инаку не.
« Последно менување: 17 Април 2023, 16:30:14 pm nestor04 »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #39 на: 17 Април 2023, 16:29:05 pm »
Кај мене не квичеа првите 3 години, после тоа наредните 5 квичеа упм солидно,  последниве 2 години се стишаа пак :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #40 на: 10 Јуни 2023, 17:21:11 pm »
Чисто нека стои како за евиденција: направен прв редовен сервис денеска во Порше, километража 11.500 км.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #41 на: 11 Јуни 2023, 11:39:15 am »
Колку ти зедоа?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #42 на: 11 Јуни 2023, 18:22:02 pm »
Чисто нека стои како за евиденција: направен прв редовен сервис денеска во Порше, километража 11.500 км.
Таман, ама гледај да не надминеш 12.000км или година дена.

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #43 на: 11 Јуни 2023, 22:30:28 pm »
Колку ти зедоа?
Здраво! 12.507 денари ме чинеше се вкупно.

Чисто нека стои како за евиденција: направен прв редовен сервис денеска во Порше, километража 11.500 км.
Таман, ама гледај да не надминеш 12.000км или година дена.

Скоро цел Мај не бев во Скопје, колата е купена на 23 Мај претходната година, така што следен термин беше за 10 јуни кога закажав (месец дена пред инаку го закажав сервисот) и исто ми спомнаа дека нема да има никаков проблем доколку задоцнам 15-20 дена, се додека километражата од 15.000 км не е надмината. Поздрав  :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #44 на: 11 Јуни 2023, 22:37:37 pm »
Што влезе во таа цена за редовен сервис од 200 евра?

Пошто ова е премиум цена за прв сервис...